Едно е сигурно, а тоа е дека Интер не може да функционира без таргет мен, така да комбинациите со Лаутаро-Санчез, Лаутаро-Кореа и Санчез-Кореа треба да бидат заборавени заувек. Затоа летоска мора еден асален напаѓач мора да се испазари, Џеко измена и таман ќе бидеме. Мора да се признае дека малце немавме среќа со повредите покрај и онака краткиот ростер со квалитет, да беше се ок клупа составена од Алексис, Кореа, Сенси, Видал, Дармијан, Димарко, Весино не е баш лошо и трагично. Не е дека ги праам овие на ниво на Марадона, ама може да сменат тек на меч, особено Кореа, Алексис и Сенси, а моментално освен Алексис немаме играч од клупа што може да ни донесе нешто. Ете се изпазари и Госенс така да лево ќе сме одлично покриени со него, Перишиќ и Димарко иако овој поише на лев штопер покрива. Напаѓач ако се пазари исто ок ќе бидеме со Џеко, Кореа и Алексис на клупа, едино ќе остане средниот ред каде искрено се надевам дека нашиве ќе тргнат по Фратези, кој го гледаше денес ќе сфати зошто го барам.
Не е се така црно, факт е дека сме во криза ама најтешкото пројде, сеа ни требаат две брзи победи против Џенова и Салернитана и после да почнеме пак со добри игри и заверка на скудетото.
Инаку ако после мечов не му продолжат договор на Броз тогаш нека се обесат сите во управа. Пребитен играч е за тимов и за формацијава што ја фура Инзаги, денес ко изгубени германци беа на високиот пресинг на Сасуоло. Броз ни е сржта на тимот, конекцијата помеѓу последната линија и офанзивците, главниот креатор на играта.
И да не заборавам уште еднаш, фала ти за се Ханда али напушти сам, доста беше.