Логично е да се осети пад на Лаутаро без Лукаку(плус мислам дека 2 репрезентативни паузи го уништија) ама у едно лето да ги изгубевте двајцата што ви дадоа преку 60 голови минатата сезона, мислам дека ќе ви се случеше БРОДОЛОМ.
Лаутаро успеа да си го покаже квалитетите баш ради таа работа што ја вршеше Лукаку на терен, просторот што го отвараше за цел тим на Интер да повлече контра или да се најде во шанса многу ретко се гледа кај некој шпиц во Италија, можеби Ибра во најдобри денови.
Губењето на Лукаку очекувам да се одрази во понатамошниот дел од сезоната, Џеко е прејак на стартов ама мислам дека нема да може да изигра 50 утакмици у сезона.