- Член од
- 11 октомври 2010
- Мислења
- 6.941
- Поени од реакции
- 23.762
Сега гледам, вие читате sempreinter.com. Не ги пратам нив воопшто и затоа немав видено за ниту една од овие гласини.Има бе некои најави за Костиќ, такви мртви шпекулации што според мене се далеку од реални и прашање е и дали воопшто се преговара да се трампаат со Лазаро.
На крај ќе отиде на некоја позајмица у Севиља или Валенсија и ќе се чудиме а тука одредени ликови ќе пцујат како се неписмени кинезите.
Нандез примарно е везен играч, Семпличи го пребаци на десно крило последниве неколку месеци, не знам точно ваљда и цела сезона ја изигра на таа позиција. Иначе у Бока а и коа дое у Каљари играше у средина.
За Дамфрис у Евертон стари се тие информации. Ние сме заинтересирани ама моментално ПСВ не се спремни да прифатат бош позајмици со можност за откуп. Истото важи и за Арсенал - Белерин.
Ќе се чека разврска прво со умрениот Наинголан, па после следат Видал, ваљда Перишиќ, Лазаро и со Санчез треба да видат на што се.
А за Јовиќ и Каиседо има информации исто како и за Петања. Тоа се све имиња што ќе бидат резерва за Лукаку.
Балде Кеита влага у комбинација ама само ако си отиде Пинамонти или Санчез.
По мене, планираат у напад да ги имаат Лукаку-Лаутаро као прва постава и резерви Санчез/Балде и некој од овие Петања/Јовиќ/Каиседо. Плус у комбинација од Примавера ќе влага Сатриано.
Многу веројатно дека Јовиќ, Каиседо а особено Петања нема да бидат ништо повеќе од гласини.
Кеита е многу близу до Интер. Денеска и еден новинар за RMCSport (доста доверливи кога станува збор за Француска лига) кој патем е од Сенегал, напиша дека е многу близу до официјално. Се чека заминувањето на Пинамонти за тоа.
Значи тоа ќе биде нападот Лукаку, Лаутаро, Санчез, Кеита и евентуално Сатриано, но можеби за него подобро е да иде на позајмица во тим како Салернитана отколку да чека шанса од Примавера.