Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.521
Поени од реакции
17.269
Имаме само 2-3 играчи кои држат цена а можеме да ги продадеме без да се распадне системот. Ериксен е еден од нив. Никој не сака продажби, јас сакам сите да останат, ама ако мора тогаш според мене Лаутаро е бр.1 поради цената, Ериксен е бр.2.

Хакими да го продадат никогаш не би им простил, 10 години чекаме играч на негова позиција, од Маикон наваму. Продажба на Хакими е криминал.

Од тренери, дали секогаш кога ни заминува саглам тренер кој изградил однос со играчите, мораме да земеме тренер кој ни домашните не сакаат да го гушнат? Сари и Интер е тешка комбинација за мене, не го можам ликот никако.

Не верував дека некогаш ќе го речам ова ама изгледа дека Гасперини ни е најдобра опција, ако има можност. Тимот ни е направен за 3-5-2, за разлика од минатиот пат сега не мора ништо да измислува. Може да ги земе со себе Госенс и Муриел, да им ги дадеме Гаљардини, нивно дете е, и други играчи како Перишиќ и Пинамонти...
Јас мислам дека Лукаку ќе го продадете и дека е веќе капарен.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
12.938
Големиот Симеоне Инзаги седнува на жешката клупа на некогаш големиот клуб Интер.
Фала оризари што за 3 дена растуривте шампионска екипа,5 поколенија по ред да ви страдаат и дабогда бел ден да не видите.

Секоја продажба на првотимец и раскрчмување на интер од страна на косооките гниди ќе ја одбележувам на темава со ваков "благословлив" пост.
За жал само тоа ми останува,да живеев у Милано ќе летнеше некој молотов коктел накај канцелариите на сунинг гарант!
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.918
Поени од реакции
8.789
Па нели потпишал со Лацио, јас на таков наслов наидов
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.263
Поени од реакции
11.528
Ми делува како алиби тренер. Неш слично на Пирло годинава. Да има којј да е крив в година.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Pa kolku da mu ponudat, taa e platata za vakov trener, barem ova e normalno :)))))
Друг ми е муабетот со Џонтра денес, ова е убав пример. Легенда на Лацио. Му понудиле еден милион повеќе и веќе ги пакува куферите и го фаќа возот, до утре сабајле нема да постои во Рим, ќе го видиш насмеан со Марота во некоја кафана...

Така оди тоа, нема емоции, нема муда и лавовски срца. Само пари.

Иначе и тоа е изгледа дел од планот, ќе не плашат малце со Зенга и Синиша и после ќе речеш земај го Инзаги и ќути...
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.521
Поени од реакции
17.269
Па нели потпишал со Лацио, јас на таков наслов наидов
Преговарале вчера, сеа Интер пушти подобра понуда ги стопирал наводно преговорите Симоне со Лацио.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Синиша и Фонсека се опции?:pos:
Ова испадна full-blown распад на клубот, само 3 дена откако го кренаа трофејот.
Очигледно ова не чекаше, без разлика дали Сунинг ќе го продадеа клубот, или не. Зошто и плановите на фондовите кои сакаа да откупат мнозински пакет од акциите, беа горе-доле слични како овие што сега ги гледаме дека се имплементираат. Веројатно не биле задоволни од цената која им била понудена, па одлучија да го задржат клубот додека не се променат финансиските околности. Иронично, со вакви радикални планови, ако е точно тоа што го читаме, единствено што можат да постигнат е уште повеќе да ја потонат вредноста на клубот. Највредни assets на Интер во моментов се играчите, а нивната вредност е тесно поврзана со перформансот на клубот на терен. Јасно е дека не го разбираат многу спортов Сунинг.

Од ова што остана на лагер, очигледен избор е Сари. Не знам зошто уште има дилеми. Се друго што се споменува е апсолутно ѓубре. Ако веќе сакаат да одат до ѓубре опции, подобро нека го пробаат Станкович, можеби ќе искочи талентиран тренер. Михајлович, Фонсека, Земан знаеме дека се срање.
Ја лично, во ваква ситуација, би одел со Сари и би го жртвувал Лукаку. Да, најдобар играч беше минатата сезона, ама никогаш нема да биде подобар од тоа што беше минатава сезона со Конте, ни некогаш ќе има поголема цена. Плус, веројатно е дека ќе изгуби многу од мотивацијата со друг тренер и повеќе ќе наликува на Лукаку од Јунајтед.
Не знам зошто се инсистира дека Интер нема тим за фудбалот на Сари. Одбраната е создадена за игра со топка, Хакими играше фудбал со посед во Дортмунд, а Барела Брозович, Ериксен и Сенси се играчи, чиј стил на игра и карактеристики се природно комплементарни со фудбалот кој го практикува Сари. Лаутаро исто.
Ја би ги земал Белоти и Џеко/Жиру како замена за Лукаку. Заедно со Лаутаро и Санчез, прават сосема добар напад за топ 4.
Во средина да земат некој профил како Де Пол и останатите две места во ростер да ги пополнат со Гаљардини и некое дете.
Аут, Коларов, Јанг, Дамбросио, Весино, Лукаку, Видал, Перишич, Пинамонти. Плус, да го откачат и вишокот, Наинголан, Марио, Далберт, Лазаро, Салседо и сл.
Формација 4-3-1-2 и ќе се молиме некој лев бек да извадат од некаде, или Бастони да може да покрива на таа позиција. :)
Таков тим би бил сосема доволен за топ 4 финиш, можеби и поминување на групна фаза во ЛШ, што веројатно ќе биде целта следната сезона. Одбрана на титулата, изгледа како исклучително тешка задача од оваа перспектива.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Ова исто зборува дека немало никаков план од лани со Конте, да имаше, до сега ќе имаа наредено некој како Алегри. Ме изненадува тоа што изгледаат тотално неподготвени, иако беше многу јасно дека Конте ќе им замине. Сега се во panic mode, растрчани на сите страни да фатат што да е, Сари, Синиша, Зенга, Инзаги...
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.918
Поени од реакции
8.789
Многу ќе утнете со тренер кој не игра 3ка во одбрана, ради тоа Гасперини и Инзаги се најдобра варијанта од споменатите..

Доколку дојде Сари на пример кој игра 433, немате асален лев бек, а Хакими нема да биде толку добар како оваа година во формација како офанзивен бек, ќе дојдат до израз неговите дефанзивни дефицити ..
Да не збориме што немате асални крила..

Дури во ситуација да се бира од Гасперини и Инзаги, предност би му дал на Гасперсон.. не е тој истиот тренер кога дојде кај вас, веќе набилда добро искуство, поготово во Европа.. друга причина поради која би биле во бенефит од доаѓањето на Гасперини се некои играчи Аталанта кои би можел да ги повлече со себе, со оглед на финансиската состојба во која сте, Аталанта ќе ви испадне во сусрет и ќе ви биде на располагање да ви даде играчи како Госенс, Запата, Малиновски или Муриел на 3-4 рати, на заем со обавезно откуп итн.. барем во тоа се флексибилни, Рома така направи со Кристанте и Манчини, чинам Манчини уште го плаќаат, а тоа е мн битен детал за вас, па и за сите клубови кои се грижат за финансиите...
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.433
Поени од реакции
7.717
Синиша и Фонсека се опции?:pos:
Ова испадна full-blown распад на клубот, само 3 дена откако го кренаа трофејот.
Очигледно ова не чекаше, без разлика дали Сунинг ќе го продадеа клубот, или не. Зошто и плановите на фондовите кои сакаа да откупат мнозински пакет од акциите, беа горе-доле слични како овие што сега ги гледаме дека се имплементираат. Веројатно не биле задоволни од цената која им била понудена, па одлучија да го задржат клубот додека не се променат финансиските околности. Иронично, со вакви радикални планови, ако е точно тоа што го читаме, единствено што можат да постигнат е уште повеќе да ја потонат вредноста на клубот. Највредни assets на Интер во моментов се играчите, а нивната вредност е тесно поврзана со перформансот на клубот на терен. Јасно е дека не го разбираат многу спортов Сунинг.

Од ова што остана на лагер, очигледен избор е Сари. Не знам зошто уште има дилеми. Се друго што се споменува е апсолутно ѓубре. Ако веќе сакаат да одат до ѓубре опции, подобро нека го пробаат Станкович, можеби ќе искочи талентиран тренер. Михајлович, Фонсека, Земан знаеме дека се срање.
Ја лично, во ваква ситуација, би одел со Сари и би го жртвувал Лукаку. Да, најдобар играч беше минатата сезона, ама никогаш нема да биде подобар од тоа што беше минатава сезона со Конте, ни некогаш ќе има поголема цена. Плус, веројатно е дека ќе изгуби многу од мотивацијата со друг тренер и повеќе ќе наликува на Лукаку од Јунајтед.
Не знам зошто се инсистира дека Интер нема тим за фудбалот на Сари. Одбраната е создадена за игра со топка, Хакими играше фудбал со посед во Дортмунд, а Барела Брозович, Ериксен и Сенси се играчи, чиј стил на игра и карактеристики се природно комплементарни со фудбалот кој го практикува Сари. Лаутаро исто.
Ја би ги земал Белоти и Џеко/Жиру како замена за Лукаку. Заедно со Лаутаро и Санчез, прават сосема добар напад за топ 4.
Во средина да земат некој профил како Де Пол и останатите две места во ростер да ги пополнат со Гаљардини и некое дете.
Аут, Коларов, Јанг, Дамбросио, Весино, Лукаку, Видал, Перишич, Пинамонти. Плус, да го откачат и вишокот, Наинголан, Марио, Далберт, Лазаро, Салседо и сл.
Формација 4-3-1-2 и ќе се молиме некој лев бек да извадат од некаде, или Бастони да може да покрива на таа позиција. :)
Таков тим би бил сосема доволен за топ 4 финиш, можеби и поминување на групна фаза во ЛШ, што веројатно ќе биде целта следната сезона. Одбрана на титулата, изгледа како исклучително тешка задача од оваа перспектива.
Бреее каква анализа, во еден текст ги оцрни кинезите, направи економска анализа, состави тим, го растури тимот, направи нов, одбрани титула, освои лига шампиони, го продаде клубот, ти падна жал и го откупи назад...

Лупхол Бафет, Лупхол Морати, Лупхол Марота, Лупхол Гвардиола во едно...
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Ок, ако Инзаги е воопшто достапен, тогаш последниот пост ми нема смисла. :)
Инзаги, каков и да е, е најдобра расположлива опција, иако јас не сум му голем фан. Али е единствен тренер од оние што се споменуваат, што има upside. Со другиве знаеме што добиваме, а тоа не е многу.
Во секој случај, мислам дека целите остануваат исти. Претпоставувам дека борбата ќе биде да се влезе во ЛШ местата. Јуве со Алегри, во моментов изгледа како фаворит, иако е веројатно прерано да носиме заклучоци, зошто ростерот на сите е голем прашалник. Добро е што, конкуренцијата во Италија е генерално очајна, па можат да имаат добра сезона и после ваков проблематичен период. Односно, да падне некоја титула на шашма. :)
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.918
Поени од реакции
8.789
@loophole свесен ли си на какви маки ќе биде Марота доколку нов тренер на Интер е Сари? :)
Јас мислам дека донасање на Сари ќе биде огромно фијаско.. крила, буквално немате, Хакими нема никад да ја повтори оваа одлична сезона под водство на некој што фура 4ка во одбрана, свесен ли си какви се рокади треба да направите во ростерот за да Сари ја имплементира неговата филозофија и замисла? :)

А знаеме дека ради короната потешко се купуваат и продаваат играчи
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Бреее каква анализа, во еден текст ги оцрни кинезите, направи економска анализа, состави тим, го растури тимот, направи нов, одбрани титула, освои лига шампиони, го продаде клубот, ти падна жал и го откупи назад...

Лупхол Бафет, Лупхол Морати, Лупхол Марота, Лупхол Гвардиола во едно...
Лупхол the omnipotent и се ќе сумираш горе-доле.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.256
Поени од реакции
113.214
Абе зашо драмите волку кога не е ни почнато летото, трансфер преодниот рок, неаме се уште официјално нов тренер? Леле Конте си отишол, божем Фергусон си отишол, а не лигле мртво кое во неколку прилики јавно се сереше врз играчите и управата, особено врз Ериксен. Ок, достави титула, не крена левел погоре во однос на Спалети, ама нема сигурно вени да сечам што си отишол. Крај краева он е тој што го напушта Интер, не го напушта Интер него. Јас сфаќам дека секој тренер си има свои барања, ама човекот мора да разбере дека светот го погоди катаклизма последниве година и пол, секако на короната мислам, и дека нормално е да има рестрикции и помалце трошење. Па доволен е фактот што цела сезона без гледачи ја истеравме, ништо повеќе, тоа се оооогромни финансиски загуби. Од тоа што читам периодов низ нетов скоро сите тимови се соочуваат со финансиски проблеми, па не глеам други тренери да квичат како Конте што се лигави. Ако е толку добар тренер нека направи со истиве играчи повторно успех плус некои мининални засилувања ко Де Пол на пример. Крвта да му ја ебам.

Баш ме занима која ќе е таа распродажба што ќе се случи во тимови според одредени особи овде, Маркес пред се. Ќе си отидат сите играчи ли? Кажете што ќе биде за да знаеме и ние другите што не знаеме ништо што да очекуваме. На кој не му се игра во Интер вратата му е широко отворена, барем Бепе е лик што не држи со сила играчи во екипа.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
@loophole свесен ли си на какви маки ќе биде Марота доколку нов тренер на Интер е Сари? :)
Јас мислам дека донасање на Сари ќе биде огромно фијаско.. крила, буквално немате, Хакими нема никад да ја повтори оваа одлична сезона под водство на некој што фура 4ка во одбрана, свесен ли си какви се рокади треба да направите во ростерот за да Сари ја имплементира неговата филозофија и замисла? :)

А знаеме дека ради короната потешко се купуваат и продаваат играчи
Сари ја има играно и 4-3-1-2, формација што одговара на играчите кои ги има Интер. Дали е идеално решение, нормално дека не, ама beggars can't be choosers. Хакими може сосема комотно да игра и во 4ка назад, цела кариера го играше тоа.
Али, како и да е, се согласувам дека Инзаги е подобар фит, барем на хартија.
Гасперини, мислам дека воопшто и не е споменуван како опција, а и имавме краток увид во неговата компатибилност со средината која би го чекала во Интер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom