Дека имаме проблеми, имаме, тоа е повеќе од очигледно, ама не се потпирам многу на медиумите, нарочито не тие од Италија зашто повеќе од очигледно е цела сезона каков им е пристапот кога е во прашање Интер.
Работата е што цел фудбалски свет е погоден од кризава, не само Интер, а во медиумска Италија све се вртеше само околу Интер и финансиските проблеми, целосно се игнорираа другите клубови кои исто се погодени од кризава, нарочито Јуве.
Небитно тоа, во моментов е добро што го имаме господинот Марота на наша страна, има многу играчи од тимови кои може да се продаваат а притоа Интер да не изгуби на квалитет, е сеа работата е што тие играчи сигурно нема да ги сака Реал, а клубовите адекватни за нив исто, не инвестираат ко што инвестирале пред коронава. Затоа е и добро присуството на Марота нарочито во овие моменти, иако општо гледано неговото присуство тука беше и сеуште е од витално значење за клубот. Плус, Видал и Алексис, ако нешто се жртвува од оние кои имаат повеќе минути на терен тогаш изборот комотно може на овие двајца, или барем еден од нив ( Видал ), само и тоа е проблем, кој би ги земал со тие нивни плати, али и тоа некако може да се среди со давање на дел од платата од страна на Интер ( некој мал процент ), секако доста ќе се растерети буџетот ако клубот не им ги дава целите плати.
Најважно е да се задржат главните играчи, со оглед дека владее тешка криза во фудбалот не очекувам некаков бум трансфер, али може да се запне за Де Паул пример и Госенс ( за овој најверојатно би го изгубиле Еспосито ), и евентуално vice-Лукаку играч и тоа е тоа. Плус за одбрана да се донесе класична замена. Голман у моментов не е приоритет, условите се тие, јебига, имајте у предвид дека пример Мусо би чинел 30м евра, така да може да се изгура уште една со Ханда а читав конкретно за Мусо дека Марота го пикирал за 2022 али ова у моментов е најмалце битно. Прашање е и дали ќе остане он у Удинезе уште една година ама пак ќе кажам, у моментов, со оглед на околностите, голманската позиција не е толкав приоритет.
п.с. А ако ова од погоре се среди летово, следно на листата приоритетни работи е продолжување на договорот со Конте и цел технички кадар што го следи.