Можеа 6-7 гола да им дадат, практично ги издоминираа. Последниве 3 утакмици се многу добра вест за останатиот дел од сезоната. Лацио и Џенова беа двата тима во најдобра форма во цела лига, а Интер изненадувачки лесно ги доби. Плус дербито со Милан, каде повторно беа многу подобар тим и лесно победија.
Можат да направат сега една убава серија до таму 29-30 коло, кога и да е утакмицата со Наполи. Освен Аталанта, имаат утакмици со тимови, кои би требало лесно да ги добијат.
Иначе, неверојатно е колку е добар нападот сезонава. Историски добар. Скоро секоја утакмица даваат повеќе од два гола и се создаваат шанси како на лента.
Сега, со Ериксен и Перишич интегрирани во тимот, се уште поопасни, зошто е многу тешко да ги неутрализираш силните страни на тимот кога е во напад, двата напаѓачи и Хакими на десно крило. Конте има многу оружја и многу повеќе шеми на располагање.
Ако успејат да ја одржат одбраната волку стегната, колку што е во последно време, well....... it's coming boys.
