За жал двомечот им заврши минатата недела, како што и претпоставував. Кога даваш такви подароци, нема што да бараш во елиминациони натпревари. Конте не би го ни кривел за крајниот резултат. Проба се што можеше да проба, во рамките на тоа што го игра Интер додека е он тренер.
Двомечот го изгубија Јанг и Ханданович, со глупите грешки.
Одлична одбрана на Јувентус, буквално секој шут го затвораа, на секоја топка беа први. Лукаку и Лаутаро беа очајни денес. Можеби премногу блиску играат еден до друг, кога противникот е повлечен на своја половина. И премногу се пасивни, реактивни кога топката иде накај нив во мал простор. Секогаш дефанзивецот е прв да реагира на топка.
Како и да е, им останува само Серие А за играње до крај. Премногу потфрлања. Втора година по ред со Конте, сеуште нема трага од тој победнички менталитет, што се ветуваше. Секогаш кога влагаат во завршницата на некое натпреварување, исто се случува, секогаш е за малку.
Се надевам дека оваа година во лигата, конечно, ќе го надминат тој проблем. Ама не знам што да очекувам од овој тим. Уште мислам дека ова е годината, особено сега со сите најави за нова промена на сопственост, ама како секогаш ситниците да одат против нив, кога им треба тој последен push за да дојдат во ситуација да играат за титула.