Ај да дам и јас еден мал осврт на ситуацијава со Интер, не дека некој кур го боли.
Прво и основно, кога се бираше меѓу Мурињо и Конте, јас искрено бев за Конте. Не заради квалитетите, туку заради тоа што толку убави спомени имам со Мур, и толку го сакам, што не сакам да ми се смени перцепцијата за тој човек. Искрено, немав појма каков е како тренер Конте, го сакав ради то шо напрај во ПЛ и во Италија, а то е освојуваше трофеи.
Е сега, со Конте имаме 2 аспекти.
Првиот е позитивниот аспект. Малку е парадоксално, ама тоа што е плачко, на Интер како клуб му помогна. Не верувам дака на било кој друг тренер ќе му се составеше ваков тим. Лукако, Хакими, Ериксен (јбг не се погоди во системот, ама битно е дојде), Санчез (земен за бекап), Видал... Теорија немаше играчи од овај калибар да дојдат во Интер. (Криво ми е уште за Тонали се да му ебам).
Искрено, го врати Интер на мапата на фудбалот. Имам чувство дека од кога дојде тој, на нас гледаат посериозно, со респект.
Од тренерски аспект, мора да му се признај дека е одличен мотиватор. Не дозволува, или барем до сега не дозволил да се случи бродолом после пораз, и моралот да падни на нула. Башка е воркохолик. Искрено, со освоено Скудето би го оставил да си го одработи договорот, без разлика колку ќе се нервираме. Ебете ЛШ, посекако во моментов немаме никакви шанси таму, не само ради него, туку и заради ростерот. Сега засега ни треба континуитет на победи, и трофеи во Италија. Да се навикнат играчиве, поготово младиве (Бастиони, Барела, Лаутаро, Хакими...) на победи. Конте со маливе екипи тоа добро го работи, и среќа што полека му завршува доминацијата на Јуве. Милан искрено мислам дека ќе има осцилации, и уште нема сили за континуитет. Така да работата на овај му е олесната.
Е сега. Има и негативен аспект. Јас пример немам појма од цртање.Ама да ми речиш профил на човек да ти нацртам, че си речиш кизнај како цртам и колку сум талентиран. А то е, ради шо цел живот во тетратки сум си цртал профили, и ми е извежбано, и само то го знам. Така и овај, научена му е 3-5-2 и толку. Има и друга шо ја знаел, ама ете не ја покажува, оти че ја виделе и другите. Ако менталниот аспект од работата му е топ, тактичкиот му е катастрофа. Токму затоа
не смеј да му се продолжи договор. Си има чоеко плафон, 90% му е достигнат, со скудето би го достигнал 100% и толку. Ако сакаме Интер и понатаму да се развива, и да доминира секаде, ни треба тренериште. Не Покетиновци, Симеоновци и такви некој. Не. Клоп, неколку празни места, па Зидан или во најлоша варијанта Алегри.
Така да, не се нервирајте толку. Во моментов сме токму кај што треба да сме, и ниту ги надминуваме, ниту сме под реалните, ама она баш реалните очекувања. Да, јебига, можи требаше да поминиме групи во ЛШ, ама да бидиме искрени, можи поубавоо вака, пошто ако ни се паднеше Баерн, ПСЖ, Ливерпул и не наполнеа со по 5-6 гола, можеше тоа и во Лигата да ни се одрази. Вака small steps.
Е сега, ако го фати климактериумо овај Перикава, и почни да губи од Специ и такви Сериа Б тимчина, треба фино лепо да се крени на кљоци, ама да се напрај така, шо че му биди страм во јавнос да се појави, а не пак тим да боди. Ебаму племето Јувенташко.
Или сумирано во една реченица, конте го гледам ко Курва. Убо се еба, ама сепак курва е. И би ја ебел дури не си најдам женска за озбилно и убо шо се еба и шо е поштена и шо знај да готви. А во моментов уште не сум спремен да се заозбилам