Заврши Ериксен со Интер. До Јануари максимум што ќе добива е 4-5 минути на крај на натпревар, освен ако не се случи некоја голема криза со повреди, во следните недели. Ќе му посакаме среќа во следниот клуб, кога ќе дојде време, и тоа е тоа.
Него, нека победат вечер како знаат. Што ќе се случи на другиот натпревар е надвор од нивна контрола, ама они мораат да си ја завршат својата работа. Никакви изговори не ме интересираат.
Иначе, Аталанта втора година по ред се пласира во елиминациска фаза. Ако Интер испадне трета година по ред во фаза по групи, ќе биде белосветска брука.