Многу се мразам себе си кога некогаш ќе испаднам во право а притоа не сакам да сум во право, потсвесно. Знаев уште од првиот ден кога стави потпис умреново дека не е тоа тоа, го мразев од увек и како играч и како тренер, ама ајде ко и секој фан ќе проголташ све и ќе си се надеваш на успеси и ќе се надеваш дека си грешел. Ама ај што испаднав во право, него братов дебело надмаши и над моите “очекувања“ и гледишта кон него како тренерска индивидуа. Ок, свесен бев дека е ужасен, односно 0 од тактичар, али па и дека е огромен мотиватор и дека во оваа посрана италијанска лига тоа може да упали и конечно после 10 години да освоиме титула.
Неверојатно е колку лошо игра Интер со овој ростер на играчи, дури засрамувачки и загрижувачки лошо. Паметен тренер кога има ваков ростер само ги поставува играчите како што треба и успехот доаѓа сам по себе.
Баш со Џонтра пред некое време праевме муабет за Лучо у Барса кога дојде, значи ништо посебно не направи човекот само ги намести играчите како што треба без да се глупира и да измислува топла вода и да тера инает. Не дека не е добар тренер Лучо али муабетот беше дека тренерот треба да знае што може да прави со неговиот ростер и за каква формација се погодни играчите.
Стварно би сакал да објасни Конте што гледа во 3-5-2, особено во тројката Гаљардини-Барела-Видал, али онака концизно, со факти со све..., а притоа има играч како Ериксен на клупа кој за сите тројца е Иниеста. Добро кој нормален тренер му искача на Реал со онаа средина? Без разлика што беа десеткувани, еден Крос за нашиве е Чави и Иниеста во едно, а да не зборам за другите како Модриќ, Касемиро... Друга работа, и да не е Реал, што сака Конте да постигне со ваква средина? Креативец нема, нема техничар, ШТО ПОБОГУ САКА ЧОВЕКОВ ДА МУ ИГРА ЕКИПАТА? Како сака да му креираат шанси, да има проток на топка до напаѓачите, до офанзивните бекови (ок Дамброзио не се нервирај не те закачам друг пат)? Па уште ќе изјавува дека сме на прав пат, дека се гледа како долгогодишен тренер на Интер, имал замисли он бла бла. Срамота е некој што е платен 12м евра по сезона да приредува ваков рак од фудбал, да не знае измени да прави, да не знае која е најдобра формација за тимот, да нема створено победнички менталитет на екипата, СРАМОТА! Еј, кога сме кај измените, денешните му беа.........
Мада искрено колку и да го какам мислам дека не е толку ретардиран и дека намерно го напраи ова, веројатно е пукната тиквата во соблекувална па затоа и летнаа Лаутаро и Бастони уште на полувреме. Влага Алексис не му се живее, Перишиќ си трчкара, Лукаку кој го сметам за најголем професионалец од сите и он си стоеше, Барела исти курац трчкара лево десно, според мене нема шанси да не е некој голем куршлуз избиен во соблекувална, друго објаснување за ваков срамен пристап во еден ваков меч немам. Не е страшно да се изгуби кога скапо ќе ја продадеш кожата, ама вака....
Ќе повторам, се освен отказ за Конте ќе биде тежок преседан и одење со глава кроз ѕид на управата. Конте и Интер веќе немаат иднина, нема што да бара ликов во клубот веќе. Фала му за се, т.е. за ништо и нека фаќа патот. Кога ќе чујам дека многу сме напреднале под водство на Конте ми иде да повратам, па еден бод разлика лани хахааха мајко мила, а тоа Јувентус стоеше последни 5 кола не се ни замараа да играат. На крај краева не се ни битни ланските бодови колку што е битна играта каде Интер константно назадува и е се полош и полош наместо да биде обратно. И да, ме заболе кур за оштетата и за финансиските последици, секако не може да бидат поголеми од тоа што може да не снајде ако остане копилево бар до нова година. За фијаското на управата во некоја наредна прилика, за тоа младо копиленце Жанг што мисли дека ова е ФМ па може да праи што сака. А и тоа умреното копиле Занети, и него се да му ебам.