Од Шкриниар можеме да почнеме да се опростуваме. Мислам Манчестер Јунајтед ќе му е следна дестинација, или некој друг премиерлигашки клуб.
Според Романо,Кумбула и Тонали имаат договорени услови со Интер, само уште клубовите да се договорат околу цената. Дефанзивата со Бастони,Де Вриј,Годин и Кумбула е сосема солидна.
Доколку успееме да обезбедиме и солиден лев бек, мислам дека сме спремни за следна сезона.
Наинголан и Перишиќ остануваат енигма, вториов мислам дека е невозможно да очекуваме да се врати, а реално не е ни потребен.
Наинголан би сакал да го видам, ама нема да ме чуди и да иде на продажба.
Од овие што се во тимот, многу би сакал да ги видам Гаљардини и Кандрева продадени. Пре би со Дамброзио како бекап опција за Хакими (или Хакими како бекап опција за имбата Дамбро

)
Гаљардини не можам да го гледам повеќе. Како може воопшто играч со вакви квалитети да игра за Интер а притоа и да е незаменлив.
Вчера иако цел тим играше супер, се гледа дека везе нема. Едно пет пати излета непотребно, кога тргна напред со преголем фор ја изгуби топката па направи фаул...а требаше само да му ја подаде на Бираги. Единствена добра работа од него е што константно фаулира и ја успорува играта на противникот, претпоставувам тоа е целта на Конте, ама плиз, купувајте друг на таа позиција, многу му беше на братот Роберто.
Весино не постои, исто како Асамоа. Сенси влезе малку што значи е опоравен од повредата, ама незнам дали Интер ќе го откупи. Би сакал да е наш играч...
Како и да е, трофеј во ЛЕ е многу посакуван а со тоа очекувам и супер кампања во ЛШ наредна сезона од причина што ќе бидеме во прв барабан и релативно лесна група би требало да имаме.