Ако дај боже дојде до финале Јунајтед - Интер
што мислите кој ќе биде помотивиран?
Лукаку и Санчез или Маршал и Рашфорд?
Реално да праиме муабет Јунајтед ќе биде благ фаворит, моментално иаме сличен квалитет. Едина разлика ќе праат играчи како Бруно и Маршал, Погба исто не смее да се потцени, човекот со еден потег може да смени натпревар, тоа што не му се игра во Јунајтед и многу често знае да се влече и заебаа по терен е друга приказна.
За одбраната да не праиме уопште муабет, јасно ни е дека Интер има и боље голман (моментална форма) и боље халфови (моментална форма). Мегваер - Лукаку ќе биде комедија за глеање, за Линделоф - Мартинез/Санчез да не праиме муабет воопшто. Од Бруно, Маршал, Рашфорд и Погба би зависела играта на Јунајтед, тоа се играчи што „можат да сменат натпревар со еден потег“, ако нив им е денот лаганица ќе биде. Од друга страна коа ќе видиш дека Мегваер и Линделоф треба да ги чуваат Лукаку и Мартинез...
на крај краева џабе праиме муабет, ние утре да си глеаме Леверкузен да го поминеме, да се надеваме дека на Хавертс нема да му биде денот и да не демонтира. Ко шо глеам пак Гаљардини стартер би требало да биде, шо значи со 10 играчи на терен ќе сме... А да, и Јунајтед со Вулвс/Севиља во полуфинале ќе биде исто тежок дуел, колку и да се Јунајтед и Интер најголеми фаворити за финале Леверкузен, Севиља и Вулвс не треба уопште да се потценат.