Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.651
- Поени од реакции
- 59.624
Вчера Писточи, спортски новинар од Италија. изјави дека минатата година Интер и Јувентус започнале преговори за Икарди = 50 милиони + Игуаин, ама Икарди кажал не.
Ова го зборевме и лани ама на крај испадна дека Ванда халуцинирала нешто.
Сега аргументот е дека Мауро сакал во јуве и според тоа заслужува да биде избркан.
Човекот го бркаат како куче после се што направи во последниве 5 години. На негово место и јас би им го загорчил животот, исто вака би ги малтретирал на сред преоден рок. Ич нека не мрда никаде, тие што изјавуваа дека не е дел од проектот сега нека се снајдат за купец и за цена.
Не само што погрешија со одземањето на лентата (без разлика колку долг пост ќе напише Син) туку и продолжија да го девалуираат во ситуација кога со нов тренер можеше да се почне одново.
Резултатите од овој преоден рок и од доаѓањето на магот Марота до сега за мене се разочарувачки:
1. 60-80 милиони изгубени поради третманот на Икарди.
2. На праг сме да пукнеме 80 милиони за напаѓач додека се уште сме утепани во средината.
3. Сенси, Менси, Лазаро и Мазаро се ок, такви играчи секогаш се носат, ризикот со нив е мал. Фалат сериозни засилувања, пред се во средината. Се уште немаме играч кој ќе ја носи средината на грб, и нема да го имаме затоа што ќе ги пукнеме парите на Лукаку.
4. Барела е единствен топ трансфер. Годин е ок.
Ланскиот преоден рок беше далеку подобар затоа што се гледаше каде фали играч и таму се носеше. Не излезе се според очекувањата, Најнголан потфрли, Врсаљко се скрши, но се работеше по некаков логичен план.
Оваа година не знаеме каде тераме. Имаме одлични напаѓачи и буџет да ја пополниме средината. Наместо тоа, вртоглаво губиме пари за да пополниме позиција на која имавме играч, оставајќи дупки во средина.
Тоа е рагаци. Останува да се надевам дека не сум во право и @Stefan-kobe ушка да ме носи до Милано...