Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
се чинам дека Рафиња не му е по кеиф на Спалети, барем така имам некаде прочитано(мада шо еден куп фејк њуз има по ова интер порталиве).
Јас се надевам на Барела искрено чисто само ако не дојди модрич, можи да се земи за клупа играч. млад е има перспектива во него.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.953
Поени од реакции
116.511
Глупости се тоа за Рафиња дека не му е по ќеф на Спалети, вадени изјави од контекст. Кога се дозна дека Интер нема да го откупи Рафиња Спалети рече дека е супер играч но едноставно Интер моментално нема толку пари да даде за него и тоа е тоа. И класика новинарите извртеа и рекоа дека Рафиња не му бил по ќеф на Спалети, а уствари мислам дека 17 од 19 утакмици му изигра од јануари навака.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.706
Поени од реакции
4.552
Глупости се тоа за Рафиња дека не му е по ќеф на Спалети, вадени изјави од контекст. Кога се дозна дека Интер нема да го откупи Рафиња Спалети рече дека е супер играч но едноставно Интер моментално нема толку пари да даде за него и тоа е тоа. И класика новинарите извртеа и рекоа дека Рафиња не му бил по ќеф на Спалети, а уствари мислам дека 17 од 19 утакмици му изигра од јануари навака.
Не му верувај на она што изјавува.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.395
Поени од реакции
11.874
Ко да заборавате какви крпенажи прави Лотито со неговите преценети играчи.СМС 120 ако вреди,Икарди 350 вреди.
На овие надуени цени,максимум 60 вреди србинов.Не знам што толку видовте во него.А и плус не е таков играч што ни треба во моментов.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.137
Поени од реакции
6.585
Ко да заборавате какви крпенажи прави Лотито со неговите преценети играчи.СМС 120 ако вреди,Икарди 350 вреди.
На овие надуени цени,максимум 60 вреди србинов.Не знам што толку видовте во него.А и плус не е таков играч што ни треба во моментов.
po toa sto go pokaza na svetsko ja za srbinov ni 60 ne davam.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Што побрзо се дознае каква е работата околу Модриќ,дали доаѓа или не,толку е подобро за Интер за да се свртат и кон други опции додека има време за тоа да се стори.
Плеј мора да се земе на овој моментален ростер на играчи,тимов после долго време е одлично скоцкан на секоја позиција,но докажан плеј мора да се доведе до крајот на овој преоден рок.

Со Дембеле што се случува,потпиша за некого од Кина,му продолжија договор,умре ??
Спласнаа шпекулациите за него.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.264
Поени од реакции
10.365
Најјакото околу трансферов на Балде е шо ќе го натера Тоњо да изигра сезона живота.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.271
Поени од реакции
13.226
Најјакото околу трансферов на Балде е шо ќе го натера Тоњо да изигра сезона живота.
Ја па се надевам дека нема да помириса терен тоа говедо неспособно.

Sent from my SM-G955F using Tapatalk
 
Член од
29 јули 2014
Мислења
129
Поени од реакции
40
Keita Balde...polos od candreva ne mozi da bidi...1 asistencija da ima vo kar sme :D so ogled na to so candreva bese bezkorisen super ke bidi..
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.335
Поени од реакции
47.007
На трансфер маркет гледам дека сме потрошиле од прилика 75м евра ова меркато, а донесени се наинголан, асамоа, де вриј, лаутаро мартинез, кеита балде, политано и врсаљко, притоа се задржани сите главни играчи, и направени се 50м евра од продажба на играчи, младите плус кондогбија, муриљо.
Сеа кога ќе ми текне кртиците увалени у милан на што потрошија 200м евра, а притоа се фалеа со тоа со глупи видеа, шта речи : ))), со оглед на нашите проблеми лани многу лесно можеа да не истиснат од топ 4, среќа толку им беше капацитетот на фасоне и мирабели, дури и оној једини што поседуваше некаков квалитет, и чиј кур здраво го испушија за да дојде, летово избега од таму.

Среќа у несреќа за нас, пред Се ради пропшуштањето на видал ради модрич, а и најверојатното недоаѓање на хрватов, е тоа што Лаутаро најверојатно ќе биде 10ката за оваа година, овој играч на клупа не ти седи, не смее, функционален тандем со икарди ќе биде од огромно значење за тимов, нарочито против помалите екипи, така да останува само на двајца играчи централно во средината а за таму имаме моментално голем избор. Гаљардини, Наинголан, Брозович, Асамоа ( по потреба ), весино, валеро, марио и емерс.

На хартија, не изгледа воопшто лошо, плус не е исклучена можноста да дојде уште еден играч за средниот ред, во таква ситуација еден до двајца би требало да бидат продадени. Весино, валеро и марио се можни кандидати за напуштање на екипата.

Друга работа, моментално имаме 25 играчи, во ЛШ 21 може да пријавиме ради ффп-то што ни лупнаа санкција, што дополнително го потврдува муабетот дека дел ќе напуштат.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Да не испадне дека мрчам, ама овој Кеита од Монако не ми се свиѓа (јутиб), од Лацио бил подобар... Сомнително ми е што Монако после 1 сезона се откажаа од него + играч на Лацио... Се ми мириса на лоша работа, но ај барем е на позајмица. А и како лево повеќе да му лежи.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
На трансфер маркет гледам дека сме потрошиле од прилика 75м евра ова меркато, а донесени се наинголан, асамоа, де вриј, лаутаро мартинез, кеита балде, политано и врсаљко, притоа се задржани сите главни играчи, и направени се 50м евра од продажба на играчи, младите плус кондогбија, муриљо.
Сеа кога ќе ми текне кртиците увалени у милан на што потрошија 200м евра, а притоа се фалеа со тоа со глупи видеа, шта речи : ))), со оглед на нашите проблеми лани многу лесно можеа да не истиснат од топ 4, среќа толку им беше капацитетот на фасоне и мирабели, дури и оној једини што поседуваше некаков квалитет, и чиј кур здраво го испушија за да дојде, летово избега од таму.
Добро, реално сезоната на Милан лани не е никаков ориентир за работата на било кој клуб, зошто се е подобро од тоа. :) Милан лани ја имаше една од најкатастрофалните сезони на било кој клуб, било кога. 200 милиони евра потрошени за трансфери, за клубот да заврши на исто место како минатата сезона, со 1 бод плус. Интер има неколку сезони во минатото, кои се доближуваат до тој стандард, ама ништо не конкурира на тоа.

Сепак, да не бидам погрешно сфатен, се согласувам дека Интер има одличен пазар годинава. Веројатно најдобар од онаа 2009/10 сезона. Секој од трансферите е скоро совршено структуриран, за Интер да има минимален ризик за перформансот на играчот. На пример, трансферите на Политано и Балде, со кој се решава десно крило позицијата, се совршено испланирани. Двајцата доаѓаат за ситен надоместок за позајмица, со не премногу висока опција да се трансформираат во трајни трансфери, значи мал ризик за Интер и мотив за нив да се докажуваат. Меѓусебна конкуренција на позицијата, што гарантира дека за мал надоместок, Интер ќе добие барем едно добро крило за во иднина (помал е ризикот да утнеш два играча, од тоа да утнеш еден), а можеби и две. Дури и ниеден од двајцата да не е потребниот квалитет, загубата на Интер е хипотетички, само платеното за позајмица. Двајцата се мултидимензионални играчи, играат повеќе улоги и на повеќе позиции (мене посебно ме бендисува Кеита). Ова само покажува дека, стратегијата на клубот е многу добро конципирана уште пред да почне трансфер периодот, а тоа е карактеристика на компетентен менаџмент на високо ниво. Мене посебно ми се допаѓа што карактеристиките на играчите кои им се таргет за пополнување на позициите, се одбираат да бидат компатибилни со системот на тренерот и со улогите што требаат да ги вршат. Тоа во Интер никогаш не го имало. За мене, тоа е само уште еден сигнал дека клубот како организација работи многу поквалитетно, зошто за добро планирање и добра имплементација треба координација на секое ниво.

Меѓутоа, тоа не значи дека работата е совршено завршена. И тука треба да се прави разлика, критика дека можело подобро, не е критика дека не е доволно добро, зошто гледам дека во постови поназад се прави таа паралела. Добра работа е завршена, но и грешки се направени и нема ништо страшно ако се констатираат. Ова, доколку нема промени до крајот на периодот и не се донесе квалитетен мидфилдер, доколку се заврши и таа работа, тогаш збориме за скоро совршен пазар.
Тоа што јас на крајот на минатата сезона сметав дека му недостасува на клубот, за исчекор напред, е скоро во целост пополенето од клубот, релативно квалитено и дефинитивно исплатливо. Така да, немам за што многу да забележувам. Освен, засега, позцијата на квалитен мидфилдер. И тука е грешката направена со пропуштените можности. Не е трагично, ама такви шанси за квалитетни играчи кои се достапни не доаѓаат често, а се можност за клубот да го крене квалитетот за едно ниво. Моја проценка е дека, со таков играч Интер би бил во ситуација да му биде зад петици на Јувентус и да е ниво над останатите конкуренти. Како и да е, да оставиме уште малку време за оценки, до крајот на трансфер пазарот.

Иначе, кога сме веќе кај тимот, имам чуство дека Икарди ќе експлодира сезонава. Има многу поголем офанизивен потенцијал на располагање, на кој ќе може да се потпре да го одвлекува вниманието на одбраните. Тоа ќе значи повеќе еден-на-еден ситуации за него, што е неговиот терен. Тогаш е најопасен за дефанзивците, кога има простор интелигенцијата во движењата да му дојде до израз. Очекувам и Перишич да има подобра сезона, со оглед на тоа што ќе биде растеретен од обврската да биде единствена продуктивна потпора на Икарди. Сега ќе има подршка од другото крило и од играчите позади Икарди. Се на се, очекувам офанзивата да биде на многу повисоко ниво следната сезона.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.120
Поени од реакции
9.068
Од мене имаат 10/10 за излезни трансфери бидејки не продадовме (сеуште) ниеден клучен играч и ги исполнивме параметрите на ФФП. Имаат 9/10 за влезни трансфери (ако донесат плеј 10/10). Сеедно ми е дали ќе си одат Жоао Марио и Кандрева, секако од нив нема да имаме зијан ако дремат на клупа за недај боже.

Презадоволен сум и вака од сработеното на трансфер пазарот. Останува како ќе се покажат засилувањата на терен, вака на хартија сме коска. Стартните 11 ни се доста компетативни дури и за ЛШ стандарди, а клупата оваа сезона ни е солидна (Де Фрај/Ранокија, Политано/Карамо, Далберт, Дамбросио/Вршаљко, Весино/Валеро/Гаљардини).

Спалети сега има на располагање еден тон играчи, и тоа квалитетни, нема изговор за слаби резултати. На почетокот ќе разберам, уиграност и све, ама во понатамошниот тек од сезоната очекувам стабилност во резултатите, не како лани секој противник да го гледаме како да е дерби утакмица.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.444
Поени од реакции
3.702
Интересно е што денеска на презентација на Кеита не бил присутен Аусулио, овие експертиве тврдат дека работи на друг трансфер, некои шпекулираат со Модрич, а некои други и за Рафиња, останува да видиме, што ќе донесе овие денови.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom