На трансфер маркет гледам дека сме потрошиле од прилика 75м евра ова меркато, а донесени се наинголан, асамоа, де вриј, лаутаро мартинез, кеита балде, политано и врсаљко, притоа се задржани сите главни играчи, и направени се 50м евра од продажба на играчи, младите плус кондогбија, муриљо.
Сеа кога ќе ми текне кртиците увалени у милан на што потрошија 200м евра, а притоа се фалеа со тоа со глупи видеа, шта речи : ))), со оглед на нашите проблеми лани многу лесно можеа да не истиснат од топ 4, среќа толку им беше капацитетот на фасоне и мирабели, дури и оној једини што поседуваше некаков квалитет, и чиј кур здраво го испушија за да дојде, летово избега од таму.
Добро, реално сезоната на Милан лани не е никаков ориентир за работата на било кој клуб, зошто се е подобро од тоа.

Милан лани ја имаше една од најкатастрофалните сезони на било кој клуб, било кога. 200 милиони евра потрошени за трансфери, за клубот да заврши на исто место како минатата сезона, со 1 бод плус. Интер има неколку сезони во минатото, кои се доближуваат до тој стандард, ама ништо не конкурира на тоа.
Сепак, да не бидам погрешно сфатен, се согласувам дека Интер има одличен пазар годинава. Веројатно најдобар од онаа 2009/10 сезона. Секој од трансферите е скоро совршено структуриран, за Интер да има минимален ризик за перформансот на играчот. На пример, трансферите на Политано и Балде, со кој се решава десно крило позицијата, се совршено испланирани. Двајцата доаѓаат за ситен надоместок за позајмица, со не премногу висока опција да се трансформираат во трајни трансфери, значи мал ризик за Интер и мотив за нив да се докажуваат. Меѓусебна конкуренција на позицијата, што гарантира дека за мал надоместок, Интер ќе добие барем едно добро крило за во иднина (помал е ризикот да утнеш два играча, од тоа да утнеш еден), а можеби и две. Дури и ниеден од двајцата да не е потребниот квалитет, загубата на Интер е хипотетички, само платеното за позајмица. Двајцата се мултидимензионални играчи, играат повеќе улоги и на повеќе позиции (мене посебно ме бендисува Кеита). Ова само покажува дека, стратегијата на клубот е многу добро конципирана уште пред да почне трансфер периодот, а тоа е карактеристика на компетентен менаџмент на високо ниво. Мене посебно ми се допаѓа што карактеристиките на играчите кои им се таргет за пополнување на позициите, се одбираат да бидат компатибилни со системот на тренерот и со улогите што требаат да ги вршат. Тоа во Интер никогаш не го имало. За мене, тоа е само уште еден сигнал дека клубот како организација работи многу поквалитетно, зошто за добро планирање и добра имплементација треба координација на секое ниво.
Меѓутоа, тоа не значи дека работата е совршено завршена. И тука треба да се прави разлика, критика дека можело подобро, не е критика дека не е доволно добро, зошто гледам дека во постови поназад се прави таа паралела. Добра работа е завршена, но и грешки се направени и нема ништо страшно ако се констатираат. Ова, доколку нема промени до крајот на периодот и не се донесе квалитетен мидфилдер, доколку се заврши и таа работа, тогаш збориме за скоро совршен пазар.
Тоа што јас на крајот на минатата сезона сметав дека му недостасува на клубот, за исчекор напред, е скоро во целост пополенето од клубот, релативно квалитено и дефинитивно исплатливо. Така да, немам за што многу да забележувам. Освен, засега, позцијата на квалитен мидфилдер. И тука е грешката направена со пропуштените можности. Не е трагично, ама такви шанси за квалитетни играчи кои се достапни не доаѓаат често, а се можност за клубот да го крене квалитетот за едно ниво. Моја проценка е дека, со таков играч Интер би бил во ситуација да му биде зад петици на Јувентус и да е ниво над останатите конкуренти. Како и да е, да оставиме уште малку време за оценки, до крајот на трансфер пазарот.
Иначе, кога сме веќе кај тимот, имам чуство дека Икарди ќе експлодира сезонава. Има многу поголем офанизивен потенцијал на располагање, на кој ќе може да се потпре да го одвлекува вниманието на одбраните. Тоа ќе значи повеќе еден-на-еден ситуации за него, што е неговиот терен. Тогаш е најопасен за дефанзивците, кога има простор интелигенцијата во движењата да му дојде до израз. Очекувам и Перишич да има подобра сезона, со оглед на тоа што ќе биде растеретен од обврската да биде единствена продуктивна потпора на Икарди. Сега ќе има подршка од другото крило и од играчите позади Икарди. Се на се, очекувам офанзивата да биде на многу повисоко ниво следната сезона.