Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Наинголан ќе биди спремен за прво коло ?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.318
Поени од реакции
57.777
Со напомена дека има жолт картон од мене поради мечот со јуве, кој не можам никако да му го простам, барем додека не освои нешто... морам да речам дека Спалети има многу заслуги за тоа каде сме во моментов, и сигурно во позадина имал силен импакт на трансфер политиката (за која го фалиме и кудиме само Аусилио). Ми се допаѓа неговата смиреност и присебност и се надевам дека сега кога има силен тим на располагање ќе го видиме во вистинско светло.
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.049
Поени од реакции
12.499

Ако спалети беше за жут,судијата беше за директен црвен и 10 меча суспензија за тој криминал што го направи.
Се надевам дека еден ден ке искочи вистината на виделина.Нема сила што ке ме убеди дека не беше класична штела мечот...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.318
Поени од реакции
57.777
И против судии и со играч помалку ги надигравме и ја свртевме и после се случи што се случи. Небитно, да не се навраќаме сега...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.114
Поени од реакции
107.348
Да да, судијата си го одработи своето али и покрај тоа Интер водеше 2-1..., се додека не влезе Сантон на местото на Икарди. :) Све ќе разберев ама ИКАРДИ да го извади? Прво и основно Икарди е капитен на тимот, разбирам на 3-0 да го извади за да го зачува од повреди, ама вака никако. Второ, Икарди е лидер на овој тим, све живо командува на теренот, ги мести играчите за пресинг, ги поставува за напад/одбрана, буквално сите конци ги држи во рака. И доктор Спаљо фати го извади него и се распаднавме како кула од карти за 2 минути.
 
Не го амнестирам Спалетот,нормално имаше голем удел и он.
АМА директен црвен у 14 минута,5мин покасно старт за у затвор од пјанич,мафна со рацете само копилето.
Јес да ја свртија после ама издишаа сите.Не треба да спомнувам колку е тешко против јувентус,поготово со играч мање...
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.049
Поени од реакции
12.499
Дај некој кој има ингеренции нека направи некоја слична анкета на онаа кај комшиките.Ако ништо друго да видиме до кај ни иде паметот :D
@Syn
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.318
Поени од реакции
57.777
Мораме да го дадеме Карамо на позајмица затоа што Кандрева одбива да си оди...

Карамо по се изгледа ќе оди во Парма, тим со кој имаме традиционално добри односи.

Се надевам дека Кандрева и неговиот еднонасочен фудбал ќе ги гледаме минимално. Само поради тоа што го даваме детето наместо него, го мразам уште повеќе.

На Жоао Марио му кажале да бира помеѓу Севиља и Бетис и да се губи од Интер. Штета што не го исклоцаа и Кандрева некако.
 
Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.189
Поени од реакции
41.112
Карамо го барале и од аталанта, а ако веќе бираме, треба нив да им се даде со тоа што можеме во договорот за позајмицата да ставиме дека нема да има право на настап против Интер, обично во англија вака правеа на времето кога се позајмуваа играчи.
Аталанта е прееидеална за да се развива, мислам дека ке ни го вратат за класа бољи од сеа што е, ова под услов да се позајмува. Парма не, парма ќе се борат за опстанок, не се знае на што се, аталанта имаат дефиниран систем и моментално се идеална средина за развој на млади играчи, всушност отсекогаш и биле, ама сеа со гасперсон веќе се екипа која 2 години по ред иде у ЛЕ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom