Јас ова сезона имам надеж дека ќе не биде.
Имаме одличен тренер, играме супер и тактички сме многу спремни.
Дали се сеќавате кога имавме 9/9 добиени натпревари со Манчини, али со никаква игра, и сите ние барем 90% од членовите тогаш тоа не не радуваше тоа, бидејќи некако ги добивавме натпреварите на среќа или на 90 минута, но тогаш се попаливме повеќе и заради киксовите на Јуве на стартот од сезоната.
Мислам дека сега треба да се радуваме повеќе само заради тоа што играме фудбал за око, и затоа што имаме стабилни играчи на средината на теренот поготово овој Весино и Валеро од тоа што сум успеал да видам на овие 2 натпревари. Овој Весино ќе го биде кај нас, само уште Галјардини да се среди малце и ќе биде топ, бидејќи надвор од форма ми изгледа под водство на Спалети.
И најважното Марио мора ама баш мора да зима приватни часови од Икарди како се постигнува гол, бидејќи на дечково само тоа му недостига да биде world class играч.
пс. Мене за разлика од повеќето други фанови овој Скриниар не ми дава многу сигурност, некако ми излгеда киксер само го чекам денот кога ќе почне тоа да проработи кај него, дај боже да грешам тука.