Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
2 август 2011
Мислења
1.203
Поени од реакции
1.519
Јас мислам дека кој и да дојде па макар и Мацари ке биде подобар од Страмачони, човекот се виде дека нема капацитет да го води ИНТЕР, како прво при правење на трансферите, не знае да побара туку што ке му се дојси арно е. Второ на многу утакмици се виде дека ја има утнато скроз формацијата, ајде да речиме стварно многу слаб беше ИНТЕР, имаше многу повредени ама да примаш по пет парчина од второразредни екипи е тоа е веке многу. Кај играчите се осекаше дека нема никаков авторитет прави кој што сака, дисциплина во игра никаква, дури и до кавги идеше со играчите и тогаш се виде дека Морати не го подрзва кога Касано небеше казнет. Кога се скараа Купер со првата ѕвезда во тимот Роналдо, Морати застана зад тренерот а сега само културно премолчи се што се случи. 100 % Страмачони добива отказ без разлика што ке изјавува Морати, едноставно можеби има талент за тренер но во погрешно време ја презеде екипата на Интер и ја отера кариерата у пизду матер.
Најмногу ме нервираат тренери кои за секој пораз бараат алиби, а Страмачони кога не одеше ке примеа некој гол овај ги вади старите играчи и става деца за да го оправда поразот.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.583
Поени од реакции
2.605
Io Sono Interista Во таја серија што ја направи Страма, освен со Јувентус и Фиорентине, другите сите до една на среќа ги зедовме, а играта беше катастрофална. Баш се сеќавам и тогаш коментиравме дека вака на среќа и на сила нема да можи долго да оди.
Значи премногу ми беше кеф за Страма ко остана да не води и годинава. Ама се виде дека уште не е доделкан за тим како Интер. Можи во глата има некој идеи, талент и тн, ама изгледа не можи да му го пренеси на играчите, или пак тие не го ебава 2 посто. Јас годинава не видов некој стил на игра. Не видов дисциплина во играта. Ко играчиве да не знаеа шо треба да играат, се губеа во просторот, и ниеден не се отскриваше за топка да прими. По катастрофален тим немам гледано одамна. Екипи како Пескара попрофесионално ми изгледаја. А ова според мене не е до играчите. Она створон Гуарин не можев да го гледам. Можи има некој потенцијал (шо јас не го гледам), ама се понаша ко ретардиран на терен. Да му беше некој по авторитетен тренер, че го видев онака дали че се понашаше, ко кај него во двор да се игра утакмицава.

Јас иако го нејчам Мацари (додуша освен Мурињо никој нејчам), мислам дека во ситуацијава е вистинскиот чекор за Интер, оти колку толку има ароганција и авторитет кај играчите, нешто што мислам дека во моментов е најголем проблем. Пошто ко распашана команда сме моментално.
 

Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
Лани 40м евра скоро потрошија ( повеќе од доволно за да се бориш за титула у Италија, па и друга земја, ако поседуваш бајаги фудбалска интелигенција ), за пари имаат пари за Калчо стандардите и повеќе од доволно, не се проблем парите туку изборот на имиња адекватни за клубот. Гуарин, Ковачич, Переира, Ханданович не дојдоа за џабе во тимов, израчунај само за нив колку дадоа, плус ги доведоа Силвестре, Гаргано, Касано али за нив не платија, првиве двајца на позајмица, Касано у размена плус доплата.
Значи пари имаат, али немаат доволно капацитет за да укапираат дека џонатановциве не се ни за Пескара, не па за Интер. Тоа е проблемот, ништо повеќе, немањето на капацитет, веќе предокажано, затоа и однапред ги отпишувам Интер ако пак они дригираат, а не новиот тренер во пакет со нов технички директор.

А за тоа дека Џигимур ќе не средел, ќе видиме



:pos::facepalm::pos:

Syn на сликава од младоста со цигарчето, ми личи на Трендо... :\
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.514
Поени од реакции
58.975
Никој не спори за авторитетот нормално е да го нема. Потребно е играчко или тренерско искуство и успеси за да имаш авторитет. За играта, и со други тренери сме играле турни-ме-да-кинисам. Игра ќе имаме ако го постават Ковачиќ за главен организатор и се да се организира преку него и за него. Ние во недостаток на организатори, со по 15 дефанзивци и деструктивци во кадарот одамна си имаме оформено уникатен и пропознатлив стил, кој никој не ни го копира.

Било како било, Мацари е тренер од типот на Гасперини, човек што има една формација со неколку модификации, апсолутно не може да им се спротистави на силни екипи и да наоѓа различни решенија. Негова огромна среќа е што имаше претседател како Де Лаурентис кој му донесе ѕверови во екипата и ги задржа долго време, за разлика од Морати кој во прва прилика продава се што може да се продаде. Наполи победуваше затоа што екипа со Хамшик, Кавани, Лавеци предходно а сега Пандев, со добри крила и генерално играчи кои одговараат на формацијата која ја игра, е пресилна за Италија. Наполи го задржа костурот на екипата додека екипи како Лацио, Удинезе, Рома... па и ние и Милан тука, постојано менуваме. Во Европа беше траги-комично како испаднаа од Челзи од единствена причина што Мацари немаше друга тактика за да задржи предност на реваншот. Си излегоа како да е 0-0, со горе долу истата тактика, и примија 5 комада. Натпревар кој било која Италијанска екипа во ЛШ би го одиграла строго дефанзивно и на контри.

Во Интер Мацари ќе си најде клуб кој играчки е многу послаб. Најсилните имиња се веќе во години (Занети, Милито, Камбијасо, Самуел, Касано...) и далеку од формата што некогаш ја имале. Одбраната е млада и неискусна со Ранокиа и Хуан, без никакви изгледи да се доведе играч од типот на Лусио кој дојде во вистински момент и со вистинска форма и мотивација. Од средниот ред само малиот е на ниво, со некакви изгледи Гуарин да го биде, како што кажа ти предходно, со добар тренер. Од Алварез нема да биде ништо затоа што Рики е од оној тим на играчи кои се на црн список на публиката на Меаца, потребни се 3-4 лоши натпревари во серија пред да го исвиркаат и да ја фати вратата. Крила немаме. Бекови немаме. Центарфор немаме.

Покрај ова, Мацари брзо ќе научи дека во Интер не е тренерот тој кој одредува кој ќе игра, кој нема да игра, кој ќе биде продаден или купен.

Да сумирам: Мацари во однос на Страма има искуство и некаков авторитет кој го изгради со Наполи. Во однос на сфаќањето на фудбалот Страма е модерен тренер кој има иднина додека Мацари е типичен старомоден Италијански тренер кој е далеку од Интер кој го посакуваме.

Јасно е дека ни е потребен нов тренер како што ни е потребно ново раководство, нови играчи и нов лекарски тим. Потребни ни се промени. Мацари е груба грешка, но прашање е кој нормален веќе сака да дојде во Интер...
 

HernanCrespo

GRANDE INTER
Член од
6 ноември 2012
Мислења
17
Поени од реакции
10
Neka ni so sreka novio trener !!!
Da se nadevame deka posle 3 godini ke bide nesto i od nas,pocnuvame od pocetok,
nema LE,LS,neznam so upravata i strucniot kadar do kade se rekonstrukciite i dali se ima nesto u predvid da se mene bidejki so vakva politika ni Mou ni nikoj ne ke ne opravi.Za Mazzari skoro site zname kakov e pa neka mu e so sreka kaj nas !!!
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.035
Поени од реакции
1.146
Е ова не ми се допаѓа... Нагатомо и Зунига крила? Во ваква формација треба офанзивни играчи а не просечни бекови...

Со засилувања како Зунига и Икарди и Мурињо да се врати ништо не правиме.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Фала на Кутињо. Најјак е :D(y)

Ај бе марш,не ни прави тука лиги :D


П.С Интер наводно започнал преговори со Каљари околу Наинголан.Ако е ова вистина и се оствари,ондак (y)
Паулињо сеуште мислам дека не ни треба,доволни ќе бидат Наинголан и Фернандо,а пола непотребна багра да се отера у три лепе пичка матерне од клубот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom