Нема ли некоја изјава од Страма, од некој од играчите?
“Ова е болен пораз, одигравме многу лошо, но сега не треба да ја загубиме довербата.Им ја честитам победата на Сиена а ние треба да фатиме добар ритам со добри резултати.Во првиот дел бевме многу подобри додека во вториот многу се отворивме и гостите го искористија тоа.“
Свирежите од навивачите?
“Тие свирежи дојдоа од една страна на стадионот, но мислам дека тоа е нормално нешто, бевме поразени дома затоа ги заслужуваме тие свирежи од нашите навивачи.“ Одбраната со тројца?
“Ќе видиме, може да е добро решение. Мислам дека тим како нашиот треба секогаш да игра со тројца во нападот.“
Критиките на Снајдер до навивачите?
“Вистина е дека тој упати критики до навивачите, но мислам дека може да се оправда бидејќи и тој беше многу разочаран за поразот. Снајдер денес одигра одлично, и како лидер на овој тим нормално е да биде изнервиран.Но како и да е Снајдер мора да разбере дека навивачите секогаш се во право кога нивниот тим губи.“
[Андреа Страмачони]
- извор
fcinter.com.mk