Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

M-M

Член од
21 ноември 2010
Мислења
206
Поени од реакции
58
http://www.sportski.mk/statija/11638
Не знам колку има вистина во статијава,нешто слично прочитав и на fcinternews, ама да се дадат и Хуан и Фараони плус пари за Хандановиќ,
многу некако ми изгледа.:eek:
Ама ја знаеме јачината на нашата управа за трансфери,така да не ме чуди да го направат и ова.
 
Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.655
Поени од реакции
7.303
Незнам што ќе ни е Хандановиќ, го имаме Цезар и може да брани најмалку уште две сезони.
И у случај овој трансфер да се реализира само се купува играч на позиција што е потполнета.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
http://www.sportski.mk/statija/11638
Не знам колку има вистина во статијава,нешто слично прочитав и на fcinternews, ама да се дадат и Хуан и Фараони плус пари за Хандановиќ,
многу некако ми изгледа.:eek:
Ама ја знаеме јачината на нашата управа за трансфери,така да не ме чуди да го направат и ова.
На италијанските пишуваше 14 милиони + Хуан и Фараони на позајмица, што мене лично ми изгледа премногу и непотребно.
 
Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
На италијанските пишуваше 14 милиони + Хуан и Фараони на позајмица, што мене лично ми изгледа премногу и непотребно.
непотребно сега за сега... кога ќе почне да го фаќа епилепсија Цезар како Дида пред неколку години.. ќе го дадеме за 3 вреќи ориз и ќе фрлиме 25 за истиот. Тоа е ова Бразилциве таков им е генот, збеснуваат, како на кучињана-дога, што им расте коска во глава...
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Одличен потег ќе биде само доколку не го вклучат во трансферот Хуан, што се однесува до Цезар што побрзо се ослободат од него тоа подобро.
А и нема што да се жали за него кога и онака зимаат за негова замена фантастичен голман кој е помлад 5 години од него.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.575
Моментално само Хандановиќ е можна замена за Цезар, се останато ќе биде како и замената на Ето...
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
Ханданович би бил добра замена за Цезар само не знам колку е приоритетна таа позиција во моментов. Ако финансиските средства за трансфери се ограничени не знам зошто сега би барале замена за Цезар.
И како што гледам Цезар најверојатно ке замине како слободен играч...

На дел од играчите треба да им се понуди нов договр со помала плата, доколку не се согласат треба да си заминат. Мислам дека тука спаѓаат Цезар, Маикон, Лусио, Милито, Камбијасо...
Можеби и таков е случајот со Цезар, не гледам друго објаснување. Иако мислам дека кај и да замине нема да зема ни пола од тоа во Интер.

Форлан нема што да бара во Интер повеќе, мора да си бара нова средина. Исто и Дејо треба да си замине. Ако има заинтересирана екипа од МЛС мислам дека само таму може да зема нешто приближно како во Интер...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ништо не е гаранција. Хандановиќ ни изгледа како супер голман и навистина е, но во Интер секоја грешка се мери и се анализира по медиуми, секој играч е во фокусот, публиката притиска... не е тоа Удинезе. Цезар дојде за ич пари па јас сум супер задоволен од него во целина. Во ситуација во која што сме и ни требаат засилувања на неколку клучни позиции, 14 милиони + Хуан и Фараони (што значително ќе не ослабне во ротација, а да не зборувам што ќе платиме некој бот да игра стопер наместо да направиме играч од дечково) се многу пари, барем мене така ми изгледа.

Од друга страна ќе го шитнеме Жулионе за ич пари само да не му даваме висока плата, исто и Маикон, и од сега натаму ќе правиме тим во кој никој нема да зема повеќе од 3 милиони по сезона, па сега вие видете какви играчи ќе ни играат во тимот во наредни 5-10 години.
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
Како ќе замине како слободен играч кога има договор до 2014?
Како што се шпекулира за Форлан и Лусио...
За да се ослобиди Интер од големата плата подготвен е да го раскине договорот.
Само во таков случак некој тим ке може да си дозволи да понуди поголема плата на играчот... но не и доколку плати обештетување и на Интер за него.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Како што се шпекулира за Форлан и Лусио...
За да се ослобиди Интер од големата плата подготвен е да го раскине договорот.
Само во таков случак некој тим ке може да си дозволи да понуди поголема плата на играчот... но не и доколку плати обештетување и на Интер за него.
Па за Форлан ќе искешираат 4 милиони Интернационал, нема без пари да го земат.
 
D

draft

Гостин

Интер да му го раскине договорот на Цезар? Што збориш бе...
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
Па за Форлан ќе искешираат 4 милиони Интернационал, нема без пари да го земат.
Сигурно :) Како што гледам треба да дадеме за да си замине а не да ни дадат :D

Philippe
Ако Цезар замине тоа ке биде Бразил, а мислиш дека за 32 годишен играч некој ке ни плати милионски суми? И плус треба да издвои по најмалку 3 милиони по сезона за играчот..

Само предпоставка, се надевам дека грешам и ако замине ке земеме некое милионче..
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Сигурно :) Како што гледам треба да дадеме за да си замине а не да ни дадат :D

Philippe
Ако Цезар замине тоа ке биде Бразил, а мислиш дека за 32 годишен играч некој ке ни плати милионски суми? И плус треба да издвои по најмалку 3 милиони по сезона за играчот..

Само предпоставка, се надевам дека грешам и ако замине ке земеме некое милионче..
Абе не е ова менаџер па да му раскинат договор за да си отиде, а не поготово за играч/голман како Цезар, па и Форлан.
Еве ти линкче ако не си прочитал за Форлан.
http://fcinter.com.mk/aktuelno/2625-forlan-na-cekor-do-internacional
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Неможе да се раскине така договорот, и да сакаш да го раскинеш мора да се плати оштета на играчот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom