Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.675
- Поени од реакции
- 59.801
Ја промаши поентата, одговорот беше на друго прашање.како ??..зарем имаш работено во фудбалски клуб и знаеш како одат работите со агенти,плати комуникација триста чуда??мислиш едноставно е??
Не знам како не можеш да сватиш дека сме аматери на трансфер пазарот, се подбиваат со нас. Не велам дека јас и Бене сме експерти, далеку од тоа, ама ако ме прашуваш дали Бранка и компанија можат да направат подобра трансфер политика од нас, тогаш
http://www.youtube.com/watch?v=pZN51YMGpcA
Навистина не е толку комплицирано колку што го прават да изгледа, или колку што им изгледа. Прво треба да си го одредат буџетот, тазе средства кои планираат да ги инвестираат и средства кои планираат да ги добијат од продажба на играчи. Потоа, треба да имаат јасна визија за тоа кои играчи ќе ги продадат и какви играчи им се потребни. И да си ги дефинираат приоритетите.
Тие докажаа дека немаат никаква визија, и ова не го лупам на памет, ќе го поткрепам со аргументи:
1. Маикон / Исла
знаат дека ќе го продаваат, а го испуштија следниот најдобар бек во лигата кој им се нудеше. Да е трагедијата поголема, им го сервираа на ривалите.
2. Среден ред
Имаме одличен среден ред на кој му фали едно засилување, ако и толку. Што прават тие? Тргнуваат по Мудингаи. Габи факин Мудингаи. Еден од супер талентите: Кутињо / Алварез / Оби ќе го изеде дрвото поради ова.
3. Паласио и неговиот реп
Го купија за ебени 6, 7 или 8 милиони, со трчање, да не им побегне. Понатаму кога го бараа Лавеци, им фалеа тие 6, 7 или 8 милиони за да бидат во игра. Дали би играл со Паласио и уште еден како него, или Лавеци и рандом шпиц од децата?
4. Уште малку за нападот:
Де се интересираат за Лукас/Џовинко тип на играч, де се интересираат за Милер/Џагоев тип на играч. Се им е интересно, ако може да се купи. Тоа што се работи за сосема различен профил на играчи, не е важно, затоа што немаат визија што им треба.
5. Одбрана
Да не почнувам. На страна Маикон / Исла катастрофата, има играчи на пазарот како Коларов, чија цена ни е во рамките на можностите, ако сакаме да го купиме. Имаме 4 стопери во моментов, и 4 бекови без Маикон а со Занети. Потребен ни е еден квалитетен бек за да го пуштат Фараони на позајмица и да не го малтретираат Занети. Што прават тие? Не замараат со Андреоли и Ачерби тип на играчи.
Киву е вон конкуренција да не се нервираме безпотребно.
6. Цезар
Можеме да го продадеме и да го земеме Вивиано кој ќе игра за помала плата. Наместо тоа, ние ќе ја трампаме половината на Вивиано за Силвестре, играч кој не ни е ни потребен, барем не неопходен.
Ова што ти го пишав погоре е хаос, не се гледа никаков план, визија, идеја. Не е јасно што сакаат да направат. Нашата трансфер политика се сведува на тоа да купиме нешто за ситно, нешто што сеуште може да трча. Не ме онади со аргументи од типот дека се интересирале за многу а на крај ќе купеле нешто квалитетно. Види ја листата на играчи за кои се интересираат, срамота е за клубот.