Дечки у ваква сушна сезона да не се напише статија на сајтот за трофејот на примавера, незнам...
Get used to it
--- надополнето: 11 јуни 2012 во 16:29 ---
И ако може некој од економистиве + Бене да ми објасни зошто ги даваме децата во ко-сопственост? Пошто мене ми изгледа дека жив зијан сме од тоа. Зошто едноставно не ги праќаме на позајмица, сите до еден. Па кој го биде, да го земеме, кој не да се продаде за нешто ситно.
Тука ги исклучувам оние кои биле сопственост на други клубови па сме им откупиле половина.
Логиката е едноставна... Никој не би ти играл млад играч со вредност од 500.000 за да му ја качи цената на 3.000.000 и ништо да не добие, освен 3-4 гола во текот на сезоната и добри игри.
Пример, Џенова и така и така ќе беше на средина на табела во Италија и со Дестро и без Дестро, зашто би го пуштале Дестро кога можат да играат играч од нивната школа иако помалку талентиран од Дестро. Или сега Сиена со Дестро, иако даде 12 гола, пак ќе избореа опстанок, зашто ако не беше он, друг ќе беше со 5-6 гола(или 20...).
Значи, ние не им даваме готов играч па и они дури да му ја плаќаат платата(пример Пандев), туку им даваме дрво неизделкано.
Интер нема пари, затоа најчесто се решава на вакви чекори, не знам кои би им биле другите опции, а втор тим нема каде би играле. Е сега идиотски е тоа што го даваме и вториот дел од договорот и го процнеуваме играчот малку, али некогаш ќе добиеш, некогаш ќе изгубиш. Дестро го шитнавме за 4,5 милиони(а покажа дека знае да игра додека беше во Џенова, мене ми се допадна на тие неколку утакмици што доби шанса, даде и гол, голема сума али затоа сега под 10 нема шанси да се земе).