Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
Глумиме експерти, си играме менаџер а го заборавивме Марига!?
Кај е дечково што работи? Или како нашиот талент Славковски го смени занаетот :D
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Весли ај нека ни е со среќа роденденот (и не само на нас, туку и на Клосе, Џони Деп..) :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.969
Поени од реакции
45.252

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Глумиме експерти, си играме менаџер а го заборавивме Марига!?
Кај е дечково што работи? Или како нашиот талент Славковски го смени занаетот :D
Белким ќе се смилува Парма ќе го земе...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.947
Нека му е среќен роденденот на Снајдер, да си дочека уште многу трофеи со Интер и со неговата репрезентација. Денес полни 28 години, да беше Јувенташ 30 ќе полнеше. :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Нека му е среќен роденденот на Снајдер, да си дочека уште многу трофеи со Интер и со неговата репрезентација. Денес полни 28 години, да беше Јувенташ 30 ќе полнеше. :)
:pos::pos: :pos:

Како не се сетив... :cuc:
 
D

draft

Гостин
Значи повторно: Коларов не е замена за Маикон. За Маикон има замена - Џонатан. Јас пишав генерално како може да се среди одбраната. Значи не сум за продажба на Маикон, пишав само како може да искомбинираат без да трошат пари и се да биде ок.

Значи еве, тоа што викаш исто не е лошо само има еден мал проблем, младичот прави 39, до кога ќе вози со исто темпо не знам. Подобро е за мене да игра пред Нагатомо, ама факт е дека лани помлади играчи го претрчуваа. Треба да сватиме дека ако сакаме преродба, Занети од следнава година треба да биде за ротација.

Јас најмногу сакам да искешираат 12 милиони за Коларов без да го дадат Маикон. Самуел е фикс, а Хуан го пишав онака, ќе има припреми па кој ќе се избори за место нека игра, дали тој или Ранокиа. И десно би го имале Маикон. Значи, 4 стопери кои веќе ги имаме, два пара бекови + Занети, а за сето ова треба само 12 милиони + плата за Коларов. И ќе имаме 2 месеци да ја уиграме таа одбрана. Ова здрава логика го налага да се направи.

Наместо тоа, Бранка лоџик: продај го Маикон. Играј со Нагатомо и Џонатан како главни решенија. Купи го Андреоли и уште еден бот, да се најдат. Продај го Ранокиа...

Знам дека звучам арогантно, ама повеќе разбирам од него, башка тоа и не е некој успех.
Го губиш Мајкон а го добиваш Коларов, генерално мислев, не како директна замена.

Сега кратко да ти одговорам за останато. :D

1. Занети мора да игра. Лесно е да се напише на форум дека треба да биде резерва, невозможно е да му кажеш во лице дека треба да биде резерва. Ама мислам дека фер е човекот, сам ќе се откаже после следнава сезона.

2. Коларов врска нема. Ако Мајкон си оди, Исла треба да биде неговата замена.

Мајкон - Ранокија - Самуел - Занети
Исла - Ранокија - Самуел - Занети

Тоа е тоа. :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Philippe очигледно не се согласуваме за Коларов ама добро, важно се разбравме. Иначе Занети изјави пред неколку месеци дека ако клубот го побара тоа од него, ќе се повлече. Така да не мислам дека ќе биде проблем од него ако не го започнува секој натпревар. Но дури и да биде прв избор и понатаму, не можеме да се потпреме на 39 годишен играч, сезоната е долга и не се знае што се може да биде.

Муабетот е дека се потребни некои 12 милиони и никакви филозофии, за да ја средиме одбраната, а ние кутри ни толку немаме. Па кога ќе удриме на на-ти-го-дај-ми-го има да направиме таков хаос што Страмачиони нема да знае од кај да почне да ги крпи работите...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.969
Поени од реакции
45.252
Првобитниот план на тимот не ни беше да се средува нешто драстично одбраната од проста причина што оваа година не играат во најсилното европско натпреваруање, па во Италија може да се изгура една сезона со одбрана која пример во ЛШ не би можела да издржи и да игра константно добро за потребите на тоа натпреварување.

Интер не верувам дека сезонава многу ќе инвестураат за тој дел од теренот, најмногу ќе се потроши за нападот, Дестро плус уште еден квалитетен фудбалер а веќе е земен и Паласио, па потоа тука е средината каде веќе е земен Гуарин, најверојатно ќе биде откупен и Поли и плус ќе се донесе уште 1 до 2ца фудбалери, еден на позицијата на Камби и плус уште еден поофанзивен, ко Сахин.

Киву за наредната година е планиран за Стопер, тоа лично и Страмачиони му го рекол а и самиот сакал да игра на таа позиција, тука се веќе Самуел и Ранокија, исто така и Хуан, и најверојатно ќе се доведе Силвестре, за стандардите за Калчо фудбалот ова се солидни стопери, односно, играчи со кои може да се изгура наредната сезона. Е сега проблем е левата бековска позиција каде најверојатно клубот ќе инсистира да се доведе еден фудбалер. Ако Исла не доаѓа, категорично сум против да се даде Маикон иако моја лична желба е Маикон десно, Исла во средина и плус уште едно квалитено крило десно во нападот па да гледаме масакри на тој дел од теренот, ама постојат очигледно изгледни шанси Маикон летоска да замине. (n)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Тешко Исла во Интер, скоро секаде се пишува дека е мн блиску до Јувентус.

Јас несакам да се продаде Мајкон, многу јако изиграа на десна страна Мајкон и пред него Џонатан :drk: 2цата скоро сличен профил на играчи (Мајкон х10 подобар :LOL:)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Викаш Мусачио и Запата се лесни за зимање и ефтини се, што е така. Е ако се лесни за зимање и ефтини, зошто ни еден поголем клуб не е заинтересиран за нив? Зашто не се доволно добри, кратко и јасно. Не сите млади играчи со добри оценки на ФМ се стварно добри и во риал лајф.

Добро е што Киву остана, како централен. Боље него ќе го гледам него Андреоли, Ачерби, Мусачио и сл. Д-класа играчи. А стварно добри играчи Интер не е способен да донесе моментално, за жал.
Тргни ја на страна глупава логика твоја.
Не ги бараат од проста причина што во секоја екипа има барем по еден звер од одбрана или форсираат младинци,а кај нас нема ни такви ни такви.
Форсираат перспективни младинци како Хуан што го имаме во Интер.
Штом Киву потпиша Хуан пак нема да добива шанса,а и те како ја заслужува
Ако не си го гледал Мусачо,барем претходната сезона кога на грб ја носеше цела одбрана,не коментирај.
Значи штом има еден звер во одбрана,стај го и Деко до него да игра,ќе биде играчиште.
Значи,уште едно значи,Хуан ќе дреме пак на клупа,а Дарт Вејдер киксерот и Ранокија стакленкото ќе ги гледаме во одбарана,уз Сакатиноги и Мајкон кој што нема желба веќе да игра за Интер.
Јака преродба нема што.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Тешко Исла во Интер, скоро секаде се пишува дека е мн блиску до Јувентус.

Јас несакам да се продаде Мајкон, многу јако изиграа на десна страна Мајкон и пред него Џонатан :drk: 2цата скоро сличен профил на играчи (Мајкон х10 подобар :LOL:)
Ама затоа другата сезона бесплатно ќе си отиде. Ај да напишам збор два за Мајкон. Сите знаеме како изигра Мајкон 09/10 сезоната (прејако) како и другите играчи од екипата, а оттогаш наваму е невидено дрво. Тргнува по десна страна и на натпревар дали има 2-3 центар шутеви (и тоа е многу), а останатото е приказна. Исто така Мајкон никога нема да се врати во формата што ја играше под водство на Мурињо освен ако Мурињо не се врати кај нас па затоа фино лепо нека оди во Реал Мадрид, а они нас нека ни дадат 10 милиони + Ласана Диара. Диара во средина е ЅВЕР (читај со големи букви), а со тие 10 милиони евра да се инвестираат во Дебуши. Сум го гледал во Лил, а и во француска репрезентација и дечкото е доста добар, ќе го гледаме и на ЕП сега. Друга работа која е дискутабилна, Мусачио, Силвестре, Исла.. Епа вака, Мусачио е еден од моите омилени дефанзивци затоа што е млад и перпективен и доста искусен за негови години. Силвестре е докажанн во Серија А и се наоѓа во најдобрите години за еден дефанзивец (27 години) и досега има доста искуство, а може да се земе со 5-6 милиони евра + Вивиано (тие 50% од Интер). Исла, дечкото пред да се повреди беше солиден и он е по офанзивен од Мајкон, а послаб во одбрана. Де Јонг доколку дојде нема да се бунам, баш би бил задоволен. Коларов него сакам за лев бек.крило. Сега нешто и за Дестро, Нилмар, Лукас. Дестро стварно оваа сезона не го пратев, ама кога беше во примавера го следев и беше истакнат неговиот талент. Нилмар е човекот што ни е потребен (може не Нилмар, ама играч како него сигурно), брз, способен да избега на противнички играч и да даде гол како што е навистина потребно. Лукас многу му се засвиѓа затоа што е млад и со топката е едноставно магионичар и реално вреди од 10 до 15 милиони евра затоа што не е докажан во Европа, а и сега пред некој ден кога играа пријателска ме разочара, па уште кога и претседателот на Сао Паоло кажа дека Лукас вреди 80 милиони евра, а има и толкава клаузула и бил на исто ниво како Нејмар, стварно ме насмеа. Прашање до претседателот на Сао Паоло, дали стварно си го гледал Нејмар оваа сезона, или го споредува со Нејмар од пред 5 години, со моменталниот Лукас. И да, голманска позиција. Несакам да биде продаден Цезар ама доколку одлучат го сакам Вивиано или Барди на таа позиција.

П.С заинтересирани сме за Сичоко http://www.fcinternews.it/?action=read&idnotizia=82353 е овој би го пречекал во Милано лично јас. Иначе пред некој ден изјавија од Лион дека цената на овој играч е 11 милиони евра
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
^Одличен играч! Мислам дека е многу подобра опција од Коларов. Беше пред трансфер во Милан само имал расипан заб и не го зедоа :pos:
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
Фараони + пари за Џовинко.
Хуан Хесус може ќе иде на позајмица.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom