Пишав на посебната тема на форумов за овој случај, Удинезе излегоа со соопштение дека ќе се грижат за неа, она е хендикепирана, без мајка и татко, братот исто кој бил хендикепиран се самоубил и останала само со Пјермарио кој се грижел за неа ...
Огромна трагедија е поврзана со ова семејство, ја искрено не ни имам начекано некој ваков убер трагичен случај, алал му вера на Пјермарио кој покрај се останал позитивен и желен да успее во животот, во ниту еден момент не ја занемарувал сестрата, се грижел за неа но за жал ни он не бил поштеден од универзумов, сега разбрав дека можно е и претходен дуел каде ја удрил главата со противнички играч да е причината за смртта, аутопсијата ќе даде конечен одговор за ова.