Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
Најголемо засилување ќе ни биде враќањето на мунтари од овој афричкиот куп јееее :)
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Овој трансвер период ке биде пак во стилот среќни сме што ги задржавме постојните.
Интер по се изгледа нема скапано евро за трансвери и манипулира со навивачите демек се заинтересирани за некои класа фудбалери.
Еве Бранка трубеше демек се многу заинтересирани за Тевез и Гуарин од Порто но ова врска на кројот излезе дека нема Интер никогаш и не сакал да ги земе овие.Ќе одат и двајцата во Милан и Јуве.

Најголем успех овој преоден рок ги задржавме Мота,Снајдер а Милито се врати стариот Принц веќе во форма.
Од 2010 на овде едно засилувње немаме.

Сега ни оди но до кога ќе трае оваа серија ќе видиме.Ни требат барем два класа играчи ако сакаме да се бориме до крај.

А конкуренцијата не спие и Јуве и Милан па и Наполи ако не му оди го купија Варгас за 13+ милиони.
Јас стојам на мислењето, дека ако не можиме да го купиме Тевез, поарно ништо да не земаме. Да се истурка сезонава со тимов што го имаме, главна преокупација да ни биди ЛШ, па в лето да се стокми еден тим со 2-3 јаки, ама ЈАКИ засилувања, не неко деца од јужна америка.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.766
Mите, тешко дека сега ќе се истрошат по изјавите на Тевез дека сакал само во Милан.
Они Макси Лопез најверојатно ќе го земат, Пато нема шанса сега да си иде така да Тевез ако им доаѓа ќе им дојде летоска, не е ни битно на крај краева.
И сам знаеш дека они го сакаат Лукас од Бразил, ако сега потрошат многу пари тешко дека летоска него ќе го земат, за Гуарин се споменуваат мали суми и плаќања на рати, тоа Интер може комотно да си го дозволи, 11м евра и тоа да не бидат истите веднаш искеширани што значи прашање е колку Интер сака да го доведе овој играч во своите редови.

Ќе видиме до крај на трансфер рок што ќе се деси, ја од старт не очекував бум иако по она што се деси со Пато и Тевез од никаде се создадоа големи шанси за грдиот но гледам и во Италија бар по она што го пишуваат на нетов, поготово на пејџот на fcinternews, не го сакаат поради тоа што го поти за Милан, не еднаш не два пати, повеќе пати тоа искочи во јавност.

Да можеа сега ќе го донесеа Лукас, ама и он и неговиот тим планираат до летото да го држат па тогаш да почнат со преговорите за негова продажба иако почна веќе да се шпекулира дека веќе е договорено да дојде во Интер, али тогаш за тогаш, сега за сега.
 
D

draft

Гостин
Нема потреба од засилувања сега за сега. И со и без нив, Интер ќе заврши второ место оваа сезона, што и не е така лошо кога ќе се земе во предвид катастрофалниот почеток на сезоната.
Сите гледаме дека играта ни е катастрофа, момците два точни паса по ред не можат да направат, за шанса да не правам муабет.
Но... победуваме. Нашиот ценет тренер има некаква аура, со чија помош секогаш завршува на второ место. Најверојатно така ќе биде и оваа година, при крај на сезоната ќе бидеме блиску до титулата, и бам, лузерското во Раниери настапува на сцена, само второ место за Интер.
Ама без Ранко и за второто место ќе можевме само да сонуваме, така да оваа сезона треба да ќутиме и да си траеме.

Е наредната сезона, ако Морати сака титула, добра игра и се тоа што се очекува од гигант во светскиот фудбал, ќе треба да донесе класа тренер кој ќе си донесе класа играчи по свој избор а не по избор на Морати или син му.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Nema potreba od zasiluvanja. Eve, neka go prodadat i Mota i Snajder i pak aurata luzerska na Ranieri na vtoro mesto ke ne odnese. Poso ziveeme vo svet na koj sto aurite magichno ti ja odluchuvaat idninata.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
... и каде што викаме дека нема повторно да ги направиме истите грешки...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ди Бјаџо утре иде во Куманово, кој е блиску може да си земе автограмче...
 
D

draft

Гостин
Nema potreba od zasiluvanja. Eve, neka go prodadat i Mota i Snajder i pak aurata luzerska na Ranieri na vtoro mesto ke ne odnese. Poso ziveeme vo svet na koj sto aurite magichno ti ja odluchuvaat idninata.
На што се должат победиве во низа? На цело време повредениот Снајдер? На добрата игра со 8 бека и 2ца напаѓачи?
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Ди Бјаџо утре иде во Куманово, кој е блиску може да си земе автограмче...
Те нема те нема и оп ќе изненадиш. :)

По кој повод доаѓа ќелавиот?

А трансфер бумот на Морати бил Кучка. Убаво реков, серијава победи ем што е добра, и лоша е. Морати мисли дека сме јаки, а за некое коло ќе плачеме зошто нападот ни е тиња.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Те нема те нема и оп ќе изненадиш. :)

По кој повод доаѓа ќелавиот?

А трансфер бумот на Морати бил Кучка. Убаво реков, серијава победи ем што е добра, и лоша е. Морати мисли дека сме јаки, а за некое коло ќе плачеме зошто нападот ни е тиња.
Утакмица, селектор бил на репрезентација на Италија до 20г, утре играат со нашите во 13h. Мислев дека е значајно да се уфрлам, пишете во групата сигурно има Кумановци таму.
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.045
Поени од реакции
1.171
Ne e mala, ama ne e ogromna :)
Немав вчера време, еве и од наши извори :) Малку е постара статијата...

100 милиони годишна заработка од новиот стадион. Можеби тие 12 милиони кои ги плаќа за користење не се многу но овие кое не ги заработува бидејќи нема свој стадион се премногу...

Само нов стадион може да врати на исто рамниште со екипи како Манчестер, Реал, Барса...
 
Невозможно е да е толкава разликата, макар и стриптиз клуб отвориле во стадионот. Поточно споредбата е направена со бројки од ракав.

Многу фактори влијаат врз приходите, сопствен-несопствен стадион може да влијае некои 30 милиони максимум(12 милиони + 18 од некои додатни приходи што не ги носи Меаца), значи вкупно 55 милиони, но далеку од 100.

Просечната посетеност на Интер е значително помала од сите оние кои се спомнати, и кога викам значителна мислам на 20.000 гледачи по натпревар, почнете да множите и собирате, ќе видите само од публиката колку помалку приходи би остварувале од другите тимови. Понатака вк. број на натпревари, цената на картите, маркетингот на клубот, итн...
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Ди Бјаџо утре иде во Куманово, кој е блиску може да си земе автограмче...
Ди Бијаџо одма ми текнува на оваа ситуација со Абијати:pos::pos: овој расчистува срчи и шишиња од гол линијата Ди Бијаџо си шутира од слободен 30 м и гол Абијати си чисти гајле си нема.

1,20

Пред 10-15 год кај голманите беше како депонија портокали еден тон ,шишиња шо им падене под рака маваа.
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.045
Поени од реакции
1.171
Невозможно е да е толкава разликата, макар и стриптиз клуб отвориле во стадионот. Поточно споредбата е направена со бројки од ракав.

Многу фактори влијаат врз приходите, сопствен-несопствен стадион може да влијае некои 30 милиони максимум(12 милиони + 18 од некои додатни приходи што не ги носи Меаца), значи вкупно 55 милиони, но далеку од 100.

Просечната посетеност на Интер е значително помала од сите оние кои се спомнати, и кога викам значителна мислам на 20.000 гледачи по натпревар, почнете да множите и собирате, ќе видите само од публиката колку помалку приходи би остварувале од другите тимови. Понатака вк. број на натпревари, цената на картите, маркетингот на клубот, итн...
Ако се од ракав, ајде најди ти некои податоци. Тој што ја направил статијата сигурно не ги измислил бројките.
А тие 55 милиони се мала бројка? Со тие пари може да се доведат 2 големи засилувања..

Освен тоа, се работи за нов модерен стадион во англиски стилл, без атлетски патеки каде што гледачите ке бидат многу блиску до теренот.

Ако ќарот е не е толку голем не знам зошто и Јувентус не си остана на стариот стадион, зошто сите европски гиганти имаат свои стадиони...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Ако се од ракав, ајде најди ти некои податоци. Тој што ја направил статијата сигурно не ги измислил бројките.
А тие 55 милиони се мала бројка? Со тие пари може да се доведат 2 големи засилувања..

Освен тоа, се работи за нов модерен стадион во англиски стилл, без атлетски патеки каде што гледачите ке бидат многу блиску до теренот.

Ако ќарот е не е толку голем не знам зошто и Јувентус не си остана на стариот стадион, зошто сите европски гиганти имаат свои стадиони...
Утре повеќе, сега неам време.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom