Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.299
Поени од реакции
15.535
Ајде бе сите ние сме стручњаци и експерти. Јбг, играме фифа/сокер/менаџер па мислиме дека се е така едноставно. На Бенитез многу тренери можат да му завидат, играчите(Џерард и Торес) збореа за неговиот начин на тренинг и како он влијаел добро на нив.

Друго, играл кордоба, играл матераци. Сите слабо памтиме, Мурињо го ставаше Матераци во напад ко демек ќе помогне и никогаш не сме постигнале гол кога го ставаше Матераци во напад. Потоа Мурињо направи експеримент со Маикон како крило и Кордоба како десен бек против Фиорентина кога изгубивме ми се чини..... Не памтам многу работи и ситници, ме мрзи да барам кој кај играл и кога играл под водство на Мурињо и сите негови ситници и грешки.

Да, јасно е кога ќе ги погледнете резултатите да кажете тренерот е крив, али има многу фактори и многу личности кои се фудбалери актуелни или бивши изглегуваат во одбрана на Рафа за разлика од оние што пишуваат колумни по сајтови(италијанските сајтови) и го напаѓаат Рафа, а уствари се што направиле до сега е освојување на Лига Шампиони на Менаџер 2001/02 со Tsigalko во напад....
 
G

Gray Foxx

Гостин
Момче јас несум нострадамус, па предвреме да знам што се случува, но од сите вас на овој форум бев во можност да го следам секогаш Интер преку Скај Италија, а претходно преку пакетот теле +, цели 12 години, ниту еден натпревар немав пропуштено, без разлика дали е од купот на Италија, ЛШ, Серија А или пак некој подготвителен натпревар, а многу често и тренинзите кој се прикажуваат на Интер каналот...а во неколку прилики го гледав Интер и во живо. За разлика има многу одваме што Интер кога ги играл натпреварите вие пратете натпревари на Интер преку www.livescor.com или преку некој линк со сецкање.
Зашто ланската сезона го критикував Мурињо?
- Неможев да си замислам дека екипа која имала +15 бода предност пред една Рома која во последниве години небеше толку јака со играчки кадар, да ти ја одземе титулата со еден тренер како Клаудио Раниери, кој беше клоцан од многу екипи. За ланската титула голема благодарност до Џанпаоло Пацини, а во негова чест ставив аватар со негова слика.
И уште нешто, иако го критикував Мурињо, но никогаш не реков дека треба да си замине од Интер.
Мурињо преку Интер се врати на врвот во светскиот фудбал и направи вистинска одлука кога замина во Реал Мадрид.
Ланската сезона Мурињо со Интер направи чудо, од екипа која според играчкиот квалитет беше далеку зад Барселона, Реал Мадрид и Челзи успеа да ја освои Лигата на Шампиони.
Во еден момент помислив дека Интер има квалитетни играчи скоро на сите позиции, но сепак небило така, целите заслуги паднаа на Жозе Мурињо кој од сите играчи го извадил максиумот.
Што се однесува за сегашниот Интер со Рафаел Бенитез, во кој фали Марио Балотели си дојдоа работите на свое место. Масимо Морати го оствари сонот ( тројна круна) и нормално беше да не фрла повеќе пари по трансфер пазарите. И тој е свесен дека ланскиот успех да се повтори е невозможна мисија.
Дали погреши кога го доведе Рафаел Бенитез?
Мојот одговор е ДА, а се темели врз тоа што Бенитез водеше еден гигант како Ливерпул со многу врвни светски играчи како Торес, Џерард, Реина, Карагер, Маскерано...а го освојува срамното 7-мо место во Премиер лигата, катастрофален резултат во лигата на шампиони и нормално беше да добие клоца.
И за големо изненадување, тренерот кој со врвни играчи од светскиот фудбал беше буквално наклоцан од Ливерпул, добива поклон да го води Европскиот Шампион Интер.
Тоа го може само Максиум Морати.
Најголем противник бев за доведување на ваков тренер без киселина, кој цело време се шлепат со еден резултат во кој помогна и чудо кога Милан самиот се порази во Истамбул.
Кога се споменуваше Рафаел Бенитез уште тогаш се навратив наназад и се подсетив на ангажирањто на тренери како Марко Тардели и Алберто Ѕакерони, а на тие што од поодамна го следаат Интер добро знаат што претрпеле од овие две личности, кој после Интер заними повеќе нема место во ниедна сериозна екипа.
Дали е потребно да се направи смена на Бенитез?
Мојот одговор е НЕ, и така веќе никој неможе да спасува од овој раштиман тим, а најмалку имињата што се споменуват како Спалети или Рајкард.
Спалети е прочитана лектира во италјанското првенство, каде што беше шутнат од Рома и наклоцан во Русија, а неговата замена дедо Раниери ја препороди Рома на општо изненадивање со еден не толку конкурентен тим.
Рајкард постигнал голем резултат со Барселона, ја создаде Барса, а Пепе ги собира лавориките, секој што се разбира од фудбал ќе признае дека силната Барса ја создаде Франк Рајкард, а покасно само неколку играчи ја убрзе играта со нивната зрелост како Иниеста и Меси, кој во времето на Рајкард беа премлади, единствената промена се случи што перформансите на овие двајца играчи за многу се подобрија.
И Рајкард не може да ја спаси сезоната на Интер со вакви играчи кој никако нема да се вклопат во неговата офанзивна и брза игра со голема прецизност, исклучок Ето и Шнајдер.
Толку напишано за нишо, буквално нишо.
Ти да го издржиш тоа шо цела Италија му го праеше на Мурињо е за подвиг.
Ако не се лажам со Сампдорија им дадоа на Интер два црвени картони, со милан у дербито на Снајдер и Интер па тепаше (а гледај разлика од Бенитез до Мурџо сезонава) и ти се дрзна да го критикуваш бидејки Рома дошле на еден поен, изглеа мн ти се строги критериумите. Лесно заборааш дека кога дојдоа рома на тој поен до интер, он целеше со тој тим и на ЛШ и купот на Италија.
Без право го критикуеше пошо на крај испадна хеттрик за него и притоа те демантираше тотално. Ја натоа целев. Бидејки си контрадикторен, како дува ветерот така. А тие највеќе ги мразам. Лејм персони.
Ти текнуе коа се влечеа противниците за осмина финале која ти беше желбата за противник и зошто? И пак Фергусон те демантираше... :)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Не знам веќе што да размислувам за Бенитез...од управата го бранат поради договорот кој го има со клубот а не поради тоа што е вистинскиот тренер за Интер..реално гледано Бенитез се покажува полош од Манчини и нема тука многу простор за споредби бидејќи човекот го клава Матераци во дерби натпревар и Кордоба (покрај одличен Сантон) како десен бек..мислам апсурдно е тоа што го направи на дербито Бенитез..плус Дејан типичен деструктивец што значително му го намали придонесот во средината во ркериањето на нападите..е тогаш не знам веќе што да коментирам за крофнарот.....ужас...не сакам да помислам што ќе се случува во екипата ако не станиме светски прваци(а нема да го победиме интернасионал ни под разно),и кога Милан ќе ни избега двоцифрено(и тоа ќе биди)...башка што ќе испадниме во осминафинале во ЛШ(ова сигурно)...е не знам дали управата и Морати вака размислуваат но како што тргнаа работите ќе биди и ова...!
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Ти текнуе коа се влечеа противниците за осмина финале која ти беше желбата за противник и зошто? И пак Фергусон те демантираше... :)
Ти текнуе кога сите прво викаа уа тошо,уа тошо,а после сите викаа напред тошо,напред тошо?

:pos:
 
M

mercenary

Гостин
Глеам у Манчестер Ј. фан клуб дека Адам Џонсон,моето омилено лево крило,сакал да си иде од Сити,не бил задоволен..
Кој има добри односи со тренерот на Сити? Интер.
На кого му фали добро крило? Интер.
А Спиди Гонзалес можеме да го вратиме у Парма,не е за у голем тим...нека трчаат по страна со Џовинко...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.299
Поени од реакции
15.535
Еве најубав приказ што направи Кире:

(само ја погоди поблиската статива)
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.258
Поени од реакции
2.253
^ А ни трага ни глас од Д Грејт со сликите....
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941


Не знам дали знаете вие (ни јас не знам, ама сајтов знае), Интер игра со Џенова, а Мурињо е сеуште тренер. Исто така, Балотели е уште во Интер, а Самуел не е повреден! Такоџе и Маикон. Јас само се прашувам дали утре играат или можда сега е утакмицата?

Рафа пак нешто прави мучки... :)
 

Attachments

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.487
Поени од реакции
58.770


Не знам дали знаете вие (ни јас не знам, ама сајтов знае), Интер игра со Џенова, а Мурињо е сеуште тренер. Исто така, Балотели е уште во Интер, а Самуел не е повреден! Такоџе и Маикон. Јас само се прашувам дали утре играат или можда сега е утакмицата?

Рафа пак нешто прави мучки... :)
Спорт денес, класика :pos:
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Заборавив да додадам, Ето е на клупа зошто е индиспониран, а се извинувам што згрешив бидејќи натпреварот е денес (можда и сега се игра).

Ето на клупа? А сега Мурињо ви чини, а Рафа не? Ај коментирајте нешто сега...
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.924


Не знам дали знаете вие (ни јас не знам, ама сајтов знае), Интер игра со Џенова, а Мурињо е сеуште тренер. Исто така, Балотели е уште во Интер, а Самуел не е повреден! Такоџе и Маикон. Јас само се прашувам дали утре играат или можда сега е утакмицата?

Рафа пак нешто прави мучки... :)
Си ја ископал веста,пред x месеци и сега демек нешто Спорт Денес не чинат...
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Си ја ископал веста,пред x месеци и сега демек нешто Спорт Денес не чинат...
Зумирај најгоре кај она белото од time.mk и види кога е објавена. Исто така види под нејзе која вест е (За Бенитез) и ќе ти стане можеби јасно од кога е. :wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom