Aбе со самово ова што се тера на ваков мајтап за Меси, уствари се удира потврда што е ова метро и желба за растење у фудбалов моментално.
Пример, Ибра 0 шутеви ван гол, 0 кон гол, 0 за изиграна партија, никому ништо, истово ке важеше и за Педро и остали, се што ке се кажеше е изиграа лоша партија, немаа ден и тн и тн.
Али а Меси не се види, и имаш ерупција на нетов од фаци кои ке пишат кај бил овој кај бил оној, сериозно, Меси и Ибра не се видоа, али Максвел и Педро беа тие кои им донесоа водство така да ваљда укапиравте дека фудбалот е нешто повеќе од Месиевци, Иброфци и остали.
На 1 форум начекав за Пандев, у стил, денес беше феноменален али со Аталанта пак очекувам бледо издание, епа да, и ја го очекувам истото од проста причина што Пандев денес изигра на ниво зашто цел тим го даде својот максимум, а кога играат во Серија А на прсти се бројат оние кои го даваат своето Се, а со тоа товарот за оние кои се очекува да блеснат е апла потежок ...
Штета што вакво борбено издание на Интер ретко гледаме во тек на сезона, а Се што треба да направат е истава оваа слика да ја тераат во секој меч, и да се навикнат на едно вакво фудбалско скалило, па ваквите изданија во големи мечеви да бидат '' рутина '' ...
p.s. Аналогно на ова, најубаво ке биде секој нареден противник во Серија А да го облечат у дрес на Барса па нека работи фантазија