Прво полувреме одигра послабо, но во второ тој ја префрлаше топката.
Останува фактот дека изигра лош натпревар, да не беше оној утнат зицер во второ, немаше да го имам ова мислење што погоре го пишав, али тоа ми дојде ко капак бидејќи играч од негов калибар, со таков шут и во една таква ситуација реално, требаше само рутински да изреагира.
На крај краева убеден сум дека сите ја видовте топката во голот по неговиот удар.
Асистенција имаше, али таа асистенција му е пишана во статистика само поради перфектниот финиш на Милито, у негов стил, интелигентно, точно знаеше каде е голманот и топката ја упати во долен лев ( за него ) агол со што го фати и Акинфеев во расчекор, без шанса да интервенира.