Ах бе Чиро да си јадеш ушите!
После голот на Толдо, ова на Диего де, тактиката на Чиро кој го мине центаро да му умре мајка, али ај нема веза Јувентус требаше да си знае шо го следува ако даде гол..... Интер дава два!
Него малце сеа критики за Мурџо наш..........
Нека земе таа трмката нека ја акне два - трипати од ѕидо, белки ке му дое акло дека Интер не игра за него, туку тој игра за Интер.
Еден пас немаше кон Пандев недајбоже кон некој друг. Барем 2 топки да дадеше Чиро немаше да ги брише упорно наочарите после 90 минута за да виде колку е резултато.
Мислам дека се гледа дека Пандев и Мурџо не можат заедно во нападот, ако има уште еден ке ја биде до некаде, барем тај ке се излаже некоја топка да добие Пандев и обратно.
Балотели едино може да игра сам во нападот кога Интер треба да брани резултат, кога треба да држи време и кога ке му даваме аплауз на Мурџо кога нема да ја додаде топката.
Сега за Кунг Фу Пандев.......
Мислам дека му даде до знаење на Мурињо дека освен Снајдер, Пандев ке биде алката во тимот која ке знае да додаде за гол шанса. Колку ли само топки даде и тоа буквално речено како коментарот на Прва синока “Неговите топки имаат очи“.
Едноставно кажано без Пандев и Снајдер во тимот Интер едино шо може е да игра на долги топки, затоа шо ке нема кој да ја нагази топката да се ослободи од играч а потоа да додаде за гол шанса или некоја топка во празно.
Штета шо синока Пандев го имаше крај себе Мурџо, сигурно ке дадеше некое голче.
За Маикон..........
Мислам дека се потврди она шо го реков вчера................ Маикон не е во форма, игра катастрофално, едноставно како да глуми во Изгубени.
Мора да се решава тој проблем кој и тоа како е битен.
Од друга страна пак...... Сантон во вистинско време, детето е одлично, само да набие малце снаѓичка и ке биде супер. Синока покажа дека знае да избие напред, знае да повлече ама знае и да брани и тоа одлично.
За Матераци.........
Мислам дека ова му се доволно утакмици, едино ако се игра тактика изнервирај го противникот тогаш може да се употреби.
Сега не ме свакајте погрешно, тој одлично го одигра натпреваро, ама па затоа старата болка...... ко да влегува на терен со еден жолт картон даден во соблекувалната. Сакам да кажам дека дури и да се почеша тој е потенцијален играч за црвен картон.
За Толдо..........
Ја велам, ко шо му е побелена косата дајте му капа Дедо мраз и нека седи там на клупата, башка и едни шофершајбни нека му даат заш не глеа чоекот!
Толку сеа за сеа сабајлечки!
ПС. Мурињо мораше да ја игра Антилопата, макар да го пуштеше и како замена!