Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.783
А јако беше и на оскарот за калчото, што се одржуваше до пред некоја година (сеа не знам дали го има).
Водителот:"Се молат претставниците на Јувентус да дојдат на сцената, не, не, не мора судиите!!!" :pos2::pos2::pos2::pos2:
:pos::pos::pos::pos::pos:
 
Член од
28 ноември 2007
Мислења
198
Поени од реакции
0
Леле... Како се израдував... А бев на визита и сите погледнаја во мене :pos2:.
А иначе авал да му е на судијана... Мислев дека ја фати топкана со глава, а кога после 3-4 пати гледање тогаш видов дека играше со рака.
Треба подобро да се игра а не да се тресам до крајот на утакмицава.
Ама сепак 3 бода си се 3 бода... Можда и Парма не заслужуваше да изгуби ама таков е фудбалот...
И да, оние што се за Моронзерине, Старите Дедовци(а особено Дедо Перо) и Рома навивачите, можам да му препорачам жалбите да ги чуваат за вторник поради можност да се преигра мечот...
:pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:
Поздрав до сите фанови за
а тие што се против нека си пукнат од мака :baeh:

П.С. Се надевам дека не се љутиш што ти го земам смајливо
, IOsonoInterista :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:

П.П.С сите што не ги видоја головите или пак сакаат пак да ги видат :) клик а ако сте и регистрирани на YouTube очекувам коментар...
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.049
Поени од реакции
1.177
Не можам да сватам само како можат за инает да прават муабет луѓево.. Гледам сега постови на Италијанско првенство.. Прво се запнаа за пеналот.. и на крај излезе бил пенал.. сега се запнаа ибра ја стопирал со рака.. оф леле.. Барем уште тоа не беше спорно.

Вака неубедлив натпревар немаме одиграно од којзнае кога.. Парма не надигра, тоа е факт но потоа следеше Ибракадабра! Ибра и Камбиасо, па и виера само тие играа.. слаба игра посебно во одбрана.. Матераци беше виновен за двата гола! на првиот не беше на место вториот направи фаул без врска.. Занети го имаше само во првиот дел, па во вториот се изгуби.. Слабо.. но победа си е победа..
Ајде нека ни е честита победата!
 
А

Адриано

Гостин
Ден 21.1.2008
Поминаа точно 5 месеци од започнувањето на Италијанската Калчо лига(првиот дел од првенството) и првиот дел од лигата на шампиони(фазата по групи) е завршена,купот на Италија е стигнат до осмина финале.
Засега резултатите се одлични и сеуште котираме на првата позиција во првенството,во лигата на шампиони за противник ни е гигантот од Енфилд(Ливерпул) а во купот директниот конкурент Јувентус ке се обиде да не помине во следната фаза(аинт гона хепен)
Сеуште ја имаме најдобрата одбрана во Италија со примени само 13 голови(тоа е нешто околу 0.68 голови на утакмица)
Следат Милан и Јувентус со примени 14 односно 16 голови.
Најлоша одбрана моментално има каљари со примени 36 голови(1.8 голови по утакмица)
Следат Палермо со 33 примени и Сиена со 30 голови.
Во однос на нападот и таму Интер Доминира и котира на првата позиција со 43 голови(2.2 голови по утакмица)
Следат Рома и Јувентус со 37 и 36 голови.
Првото место во нападот го делат Златан Ибрахимович и Давид Трезеге со постигнати 13 голови.
А најдобар напаѓачки тандем се Круз И Ибракадабра со вкупно 23 постигнати голови(половина од севкупниот биланс на Интер)
Како ја заредив работава ке заборавев табелата да ја опишам.
Прво место како и очекувано Шампионот Интер го брани тоа што е негово
Со 49 освоени бодови се наоѓа на првото место во Италија и се наоѓа 7 бодови пред претендентот Рома а дури 12 пред старата Дама која после одличниот старт како да го изгуби здивот и повеќе се заинтересира за трасфери а помалку на Играта.
Градскиот Ривал ДТП(Друштво на трудни пензионери) се наоѓа на одличната 9 позиција со 6 победи 6 нерешени и 4 порази но да не ги осудуваме греота се и плус 3 утакмици немаат одиграно поради учество на светското клубско првенство.
Интер има нанижено 15 победи и 4 нерешени средби, порази=0
На долниот дел од табелата каљари уште сега најавува борба за последното место со 13 порази убедливо најдобар во својата работа.
Ништо подобри не се Емполи,реџина,Сиена,Торино,Парма и изненадувачки Лацио се очекува оваа сезона да се бори за опстанок.
Сеуште е рано да се прогнозира кој каде ке заврши на табелата но одприлика можеме да нагаѓаме дека Лацио ке се спаси а Милан ке се подобри и ке не очекува едно жестоко второ полувреме од сезоната.
Што се работи до лигата на шампионите на задоволство на сите Интер навивачи ни се падна екипа од светски ранг екипа со најмногу трофеи во премиер лигата и директен учесник во креирањето на историјата на Лигата на шампионите во последните 4-5 години.
Ливерпул
Име кое не смее никако да се потцени,име кое е страв и трепет во Англија и на европскиот континент екипа која иако секоја година во домашното првенство со тешки маки се бори за 4 позиција секогаш е претендент за освојување на ЛШ.
Дуелот со Ливерпул е закажан за 19 фебруари а возвратната утакмица е закажана за 11 март(нешто покасно од другите поради тоа што со Милан го делиме стадионот)
Купот на Италија-приказка сама за себе полна со пресврти и неочекувани резултати!
Оваа година првата пречка ни беше Реџина која во Реџо калабрија беше поразена со 4-1 а на Сан сиро со 3-0.
Ништо од ова не би било необично доколку Манчини не замешаше прсти и ги пуштеше Младинците на Интер во двете средби.Кои без многу проблеми успеаја да се докажат и да дадат до знаење дека младината на Интер има сериозна намера да доминира во Европа.
Најмногу се прослави Марио Балотели со 2 постигнати гола,а покрај него и татиниот син Филипо Манчини(17год) кој одигра само 10 минути но ја продолжи семејната традиција и најави уште една ѕвезда во Интер.
За остатокот на сезоната Очекувањата мора да ни бидат реални така да можам слободно да кажам дека се ке освоиме:vozbud:
Со љубов и почит
Никола-Адриано
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Само сакам да им кажам на навивачите на Јуве што се палат на вакви победи, дека они се скинаа од тепање (местење) исти утакмици, ама не по 1-2 у сезона, пола утакмици вака ги зимаа... И тоа се по 1-0... Види телетекст, сите завршени, јуве уште трае... и прц Тудор у 97 минута гол дава, па дај не зафркавај... Е тогаш како сум се нервирал...

Затоа сеа, глдајте и УЖИВАЈТЕ!!!

да да а незаборавна беше и парма - јуве утакмицата парма води 2 - 0 до 90 и нормално продолжување од 5 мин и фул тајм 2 - 2 во 96м 43с
ЕПА БОЛИ НЕЛИ !!!!!!!!!!!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.783
„Одигравме лошо и Парма заслужи најмалку бод. Не зазедовме правилен пристап кон натпреварот и го потценивме противникот. Не беше лесно да се вратиме во игра. Бевме многу предвидливи, особено кога игравме по крилата. Од овој меч мора да ја научиме лекцијата. Не можеме да си дозволиме да потцениме никого“ - изјави Роберто Манчини по натпреварот со Парма
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.049
Поени од реакции
1.177
Ајде да нема повеќе постови за натпреварот со Парма..

'' "На топката се фрлив со глава за да исфрлам во корнер. Не бев сигурен ни дали иде во гол, а таа навистина малку ме допре по раката. Мојата интенција беше да ја исфрлам со глава и тука нема дилема, но топката незгодно се одби и ме допре по раката, но тука немаше апсолутно никаква намера" - изјави Коуто''

Ова го позајмив од Италијанско првенство..
Значи се е решено.. заслужен пенал, неверојатен пресврт за неколку минути.. позз
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.783
"На топката се фрлив со глава за да исфрлам во корнер. Не бев сигурен ни дали иде во гол, а таа навистина малку ме допре по раката. Мојата интенција беше да ја исфрлам со глава и тука нема дилема, но топката незгодно се одби и ме допре по раката, но тука немаше апсолутно никаква намера" - изјави Коуто''

Ова го позајмив од Италијанско првенство..
Значи се е решено.. заслужен пенал, неверојатен пресврт за неколку минути.. позз
Фала Богу, уште вчера веднаш се виде дека на Коуто му е јасна ситуацијата. Човекот испадна фер и не се направи на Тошо како повеќето. Секоја чест.
 
Член од
15 јуни 2007
Мислења
353
Поени од реакции
21
Edna golema 10 od mene za Patrick Vieira kako gi odigra ti 10 minuti sto gi dobi od Mancini, trebase toj da vleze a ne Cesar.
Prodolzuva moj omilen igrac da dava golovi daj boze site da dadat golovi i da go zavrsime ovoj sampionat bez nitu eden poraz.
Pozdrav
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.049
Поени од реакции
1.177
За 2 дена се игра дербити за Италија.. Четврт финале во италијанскиот куп.. Интер - Јувентус.
Манчини изјави дека нема зошто да менува начинот на кој игра во купот.. дека повторно ќе им даде шанса на младите, можеби нема во прв тим да бидат 10 од нив но сигурно 2-3..
Мислам дека сепак ова не е само еден обичен куп натпревар, ова е натпревар во кој треба да му се покаже на Јувентус кој е кој во Италија.. Нека му даде шанса пример на Маниче, Станкович, Виера, Солари во средниот ред.. Ривас, Бурдисо, Фатич, Занети одбрана.. и Креспо и Балотели во шпицот.. Мислам дека овој тим е повеќе од доволен за Јувентус! Играчи кои ќе се обидат да се докажат, бидејќи најголем дел од нив добиваат помалку шанса..
И за голман заборавов.. Алфонсо! :)
И знае некој за Суазо што се случува.. до кога ќе биде повреден?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.783
Балотели не може да игра поради картони. Згора на тоа Интер Примавера игра против Милан истиот ден во младинскиот куп, па не знам колку од младите ќе играат во прва постава.
 
Член од
28 ноември 2007
Мислења
198
Поени од реакции
0
Еве ги играчите кои не можат да играат поради картони:
Inter
Disqualified: -
Cautioned: Balotelli, Pele.
Juventus
Disqualified: Almiron.
Cautioned: Grygera, C.Zanetti.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.049
Поени од реакции
1.177
Балотели не може да игра поради картони. Згора на тоа Интер Примавера игра против Милан истиот ден во младинскиот куп, па не знам колку од младите ќе играат во прва постава.
Уште подобро.. Ќе му се даде повеќе шанса на оние кои игаат помалку во лигата.. да се разиграат Станкович и Виера после повредите.. Маниче да се вклопи во тимот.. Имаме ,ногу квалитетни играчи.. пример еден Солари.. омилен играч ми беше во Реал.. мислам дека треба да му се даде повеќе шанса..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.783
Да, Солари беше супер во Реал, незнам зошто не доби повеќе шанса ни таму ни во Интер. Веројатно заради Рекоба во Интер ама незнам зошто го земаа воопшто за да седи на клупа. Сега е малку проблематично, одамна ја грее клупата и не знам дали повторно ќе може да заигра како порано. Ама сепак ќе ми биде мило ако му дадат шанса па ќе видиме како ќе оди... Мислам дека со било кој состав сме фаворити ама можеби не е паметно да му се остави шанса на Јувентус да направи резултат чисто заради психологија. Подобро е да ги расчистиме сметките веднаш, уште во Милано. Да се знае кој е газда дома.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom