Ден 21.1.2008
Поминаа точно 5 месеци од започнувањето на Италијанската Калчо лига(првиот дел од првенството) и првиот дел од лигата на шампиони(фазата по групи) е завршена,купот на Италија е стигнат до осмина финале.
Засега резултатите се одлични и сеуште котираме на првата позиција во првенството,во лигата на шампиони за противник ни е гигантот од Енфилд(Ливерпул) а во купот директниот конкурент Јувентус ке се обиде да не помине во следната фаза(аинт гона хепен)
Сеуште ја имаме најдобрата одбрана во Италија со примени само 13 голови(тоа е нешто околу 0.68 голови на утакмица)
Следат Милан и Јувентус со примени 14 односно 16 голови.
Најлоша одбрана моментално има каљари со примени 36 голови(1.8 голови по утакмица)
Следат Палермо со 33 примени и Сиена со 30 голови.
Во однос на нападот и таму Интер Доминира и котира на првата позиција со 43 голови(2.2 голови по утакмица)
Следат Рома и Јувентус со 37 и 36 голови.
Првото место во нападот го делат Златан Ибрахимович и Давид Трезеге со постигнати 13 голови.
А најдобар напаѓачки тандем се Круз И Ибракадабра со вкупно 23 постигнати голови(половина од севкупниот биланс на Интер)
Како ја заредив работава ке заборавев табелата да ја опишам.
Прво место како и очекувано Шампионот Интер го брани тоа што е негово
Со 49 освоени бодови се наоѓа на првото место во Италија и се наоѓа 7 бодови пред претендентот Рома а дури 12 пред старата Дама која после одличниот старт како да го изгуби здивот и повеќе се заинтересира за трасфери а помалку на Играта.
Градскиот Ривал ДТП(Друштво на трудни пензионери) се наоѓа на одличната 9 позиција со 6 победи 6 нерешени и 4 порази но да не ги осудуваме греота се и плус 3 утакмици немаат одиграно поради учество на светското клубско првенство.
Интер има нанижено 15 победи и 4 нерешени средби, порази=0
На долниот дел од табелата каљари уште сега најавува борба за последното место со 13 порази убедливо најдобар во својата работа.
Ништо подобри не се Емполи,реџина,Сиена,Торино,Парма и изненадувачки Лацио се очекува оваа сезона да се бори за опстанок.
Сеуште е рано да се прогнозира кој каде ке заврши на табелата но одприлика можеме да нагаѓаме дека Лацио ке се спаси а Милан ке се подобри и ке не очекува едно жестоко второ полувреме од сезоната.
Што се работи до лигата на шампионите на задоволство на сите Интер навивачи ни се падна екипа од светски ранг екипа со најмногу трофеи во премиер лигата и директен учесник во креирањето на историјата на Лигата на шампионите во последните 4-5 години.
Ливерпул
Име кое не смее никако да се потцени,име кое е страв и трепет во Англија и на европскиот континент екипа која иако секоја година во домашното првенство со тешки маки се бори за 4 позиција секогаш е претендент за освојување на ЛШ.
Дуелот со Ливерпул е закажан за 19 фебруари а возвратната утакмица е закажана за 11 март(нешто покасно од другите поради тоа што со Милан го делиме стадионот)
Купот на Италија-приказка сама за себе полна со пресврти и неочекувани резултати!
Оваа година првата пречка ни беше Реџина која во Реџо калабрија беше поразена со 4-1 а на Сан сиро со 3-0.
Ништо од ова не би било необично доколку Манчини не замешаше прсти и ги пуштеше Младинците на Интер во двете средби.Кои без многу проблеми успеаја да се докажат и да дадат до знаење дека младината на Интер има сериозна намера да доминира во Европа.
Најмногу се прослави Марио Балотели со 2 постигнати гола,а покрај него и татиниот син Филипо Манчини(17год) кој одигра само 10 минути но ја продолжи семејната традиција и најави уште една ѕвезда во Интер.
За остатокот на сезоната Очекувањата мора да ни бидат реални така да можам слободно да кажам дека се ке освоиме
Со љубов и почит
Никола-Адриано