Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
“Да, Манчини го сакаше момчето, толку многу, што со неговото деби, Славковски стана најмладиот играч некогаш што заиграл за Интер.”
jooooj.....
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
му ја ебаа кариерата татко му и јозо палац .... друго објаснување не ми доаѓа на памет
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Колку вакви „надежи“ пропаднале...

Дечкото не ни заигра за Македонија а овде го прогласија како најдобар играч кој Македонија го добила.Па средби со Груевски и што уште не.

За младинците не покажа ништо,а колку пати и ја одбиваше поканата.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
А бе добро, и Манчини лоша услуга му направи. Му даде шанса да му сруши рекорд на БЕРГОМИ Алооооо... и на малиот му удри славата во глава и почна да глуми ѕвезда, па да врти репрезентации... па оној менаџерот и Хрватска ја уфрли во игра и готово, ѕвездата е родена.

Пушти го таму во Специа да игра како Пандев па да покаже класа и да се избори за Сериа А.

Млади играчи што играат зрело на 17 години се реткост, и тука тренерот мора да има проценка иначе ќе го изгори играчот. Мислам дека тука Манчини направи многу незрела работа, иако во целосната приказна има повеќе фактори кои ние нормално, не можеме да ги знаеме.

Интер - Наполи, најава
 

ADVISOR

barca & inter
Член од
4 јуни 2009
Мислења
799
Поени од реакции
16
Apsolutno tocna analiza.Pandev igrase za Spezzia pa Ankona pa potoa vo Lazio.Sega tamu pocna da bara premnogu i sega na klupa si sedi.E toa e koga si letas na visoko pagjas nisko.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не бара ништо премногу само тоа друга тема е. Важно полека-полека си стана играч и не видовме родители и менаџери да креваат прашина во текот на неговата кариера, да бараат репрезентации и да поставуваат услови. Многу работи зависат од карактерот, секогаш е така. Горан е скромен, веројатно и претерано скромен, штом заглави во ваква каша. Како и да е, од Јануари ќе има нов клуб, се надевам некој клуб во Италија со Сино-Црн дрес а да не е Аталанта :pos2:

Advisor, имаш минуска за вчера :pos2:
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Вечер Снајдер дава гол...Осеќам :wink:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.469
Поени од реакции
6.815
кој викаше дека Манчини згрешил за славковски(ме мрзи да барам) мислам дека многу греши!
Манчини имаше супер политика за младинците, секоја утакмица кога имавме сигурна победа или игравме куп на Италија ги пушташе младинците.
Пеле(што го дадовме во порто) е наш производ, Балотели е наш производ. И Балотели и Пеле беа со 17 години кога стартуваа па сеуште играат во елитата во фудбалот, Пеле може не толку ама сепак уште е во кремот.
исто е и со Сантон,Крхин,Белец итн.
го заборавив и Андреоли на рома што го дадовме за Киву мислам и тоа испадна од младинците благодарение на Манчини.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ја реков, ама не ме разбра добро. Јас пишав дека Манчини го пушти Горан да му го сруши рекордот на еден БЕРГОМИ. Знаеш во какви облаци би се дигнал секој после такво нешто? Балотели, и Сантон... не ги издигнаа толку високо. Уште и изјави дека Славковски ќе биде најдобар напаѓач во светот.

Исто, кога викам дека малку младинци играат одлично на 17 години, мислам на случаи од типот на Вејн Руни, кој на 17 правеше растур во Премиер. Академијата на Интер е одлична и вади многу играчи, но треба да се внимава, посебно на такви кои имаат тежок карактер како Балотели на пример, кој да немавме тренер со авторитетот на Мурињо, до сега ќе беше излезен од контрола.

Исто колку за споредба, Пандев беше многу подобар во Примавера тимот па не доби шанса за А тимот. Аквафреска исто. Муту и Адриано поиграа ама беа продадени...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.997
Поени од реакции
45.430
Пандев беше добар во Примавера тимот, но имаше еден подобар од него тој период, а беше негов партнер во нападот, презимето му е Мартинс :) .
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мислев подобар во споредба со Славковски.

И од Славковски имаше подобар: Балотели.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.997
Поени од реакции
45.430
Не ги знам статистичките податоци за тој период од Примавера тимот, очигледно Славковски се издвојувал, може имал подобри статистики од Марио и слично . . . како и да е, од прв ден знаев дека нема ништо да бидне од детево и никогаш, ама баш никогаш не му обрнував внимание, нит периодот кога наводно требаше да игра за Македонија, нит периодот кога го позајмуваа во Англија, едноставно го немав оноа '' претчуство '' за него и тоа е тоа .
За Марио на пример, убеден сум дека ке биде еден ден фудбалска ѕвезда само не сум толку сигурен дека тоа ке биде во Интер, баш поради неговото егоманијакално однесување и ставање префикс на ѕвезда во моментов кога сеуште е алтернатива, а не прв избор . :wink:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.469
Поени од реакции
6.815
Сантон го споредија со Малдини и уште го викаат новиот Малдини, а за Балотели сите го чекаа моментот кога во рака ке го стави италијанскиот пасош.
сите имаа притисок сите беа најавувани само славковски не успеа, причината можеби нема да ја дознаеме сега но во иднина тој човек ке прозбори!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Сантон го споредија со Малдини и уште го викаат новиот Малдини, а за Балотели сите го чекаа моментот кога во рака ке го стави италијанскиот пасош.
сите имаа притисок сите беа најавувани само славковски не успеа, причината можеби нема да ја дознаеме сега но во иднина тој човек ке прозбори!
Ми звучиш како кога ќе прозбори, некој друг ќе излезе виновен :)

Види, овој играч го одбија во Хајдук, екипа која беше во тешка криза кога го повика на проба и кога секој играч и беше потребен, потоа во Шефилд, каде веднаш беше префрлен во втората екипа а потоа не беше ни таму, и не се сеќавам уште во која друга екипа.

Исто така, одигра малку и за репрезентацијата на Македонија за млади каде воопшто не покажа никаков квалитет што би го истакнало од останатите (како што покажуваше Пандев кога играше за младата репрезентација)

Очигледно, ни една екипа во него не виде талент, без разлика каква екипа.

Мислам дека тука лежи и причината зошто Манчини го уфрли во А-Тимот на последниот натпревар на Интер во сезоната: Славковски поигра малку, потоа овој го пофали дека ќе биде најдобар играч на светот за 5-6 години... и се чекаше некоја екипа да загризе и да го продаде.

Но никој не загриза, а Славковски „изгоре“. Ако си го фатеше редот како и многу други пред него, (позајмица во Сериа Ц, потоа во Сериа Б...), ќе имаше многу поголеми шанси да направи некаква кариера. Вака, му ја дигнаа цената, го промовираа во ѕвезда, и секоја екипа што го зема на проба очекува чуда од него, а чуда нема. Лесно е во неговите категории со такви физички предиспозиции да им бута голови на децата, но ова е нешто сосема друго.

Затоа мислам дека е најголемата грешка на Манчини, а после се сите други (зошто сигурно има многу фактори).

Инаку Балотели и Сантон не се спорни, тие се докажаа во првиот тим. Но многу малку фудбалери се на Интер кои од Примавера заигруваат дирекно во тимот и успеваат. (Патем, и Балотели беше на позајмица) Тоа се вика вонсериски квалитет, а Балотели и Сантон го имаат. Мартинс исто така играше доста време. Сигурно и некои други заслужиле. Но огромен дел од младите на Интер, или дирекно одат на позајмица, или играат кратко па одат на позајмица. Не гледам во што тоа Славковски отскокнуваше од другите за да добие шанса да заигра и да му увртат онакви идеи.

Јебига, и јас сакав детето да успее, кој не сака, Македонец е и добро ќе беше за сите нас. Но за жал, изгледа дека воопшто ништо нема да биде... Се надевам дека ќе најде добра екипа во добра лига каде што ќе може нешто да направи, пред се да си ја поврати самодовербата која сигурно му е растурена сега. Потребна му е екипа и тренер кој ќе го извлече максимумот од него.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom