Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
F

fantomX

Гостин
Не ставрно незнам како другачие да ти нацртам дека Челзи во моментов, и по Мурињо, не ги гледам како моќна екипа, каде виде во мојот пост дека стриктно историјата ( иако и таа има удел за користење на зборот гигант ) е она кое мене ми влева еден тон самодоверба пред овој дуел.
Интер нема успех во ЛШ, но и Челзи нема, тој податок дека стигнува подалеку во ЛШ од Интер важи за последниве 5-6 сезони, не и претходно.
И каде виде дека јас ги омаловажувам Челзи, или зборењето на објективната вистина за тебе е омаловажување ?
Шампионот на Италија игра со екипата број 3 од Англија, ова не е историја ова е свежо, од оваа година, шампионот на Италија игра со екипа која сезонава со преполовен Јунајтед на домашен терен се бранеше, играат со екипа која на гостински теренз загуби од Вила, Виган, Сити, на домашен терен прими 3 гола од очајниот Евертон, ова не е историја, ова е свежо, од сезонава, 4 кратниот шампион на Италија игра со екипа чиј максимум во Англија е лузерски, второ место у последниве 3 години, ова не е историја, ова е свежо. Сега најверојатно виде на што ја темелам јас мојата самодоверба, т.е., виде дека мижиш пред одредени работи во моите постови и удираш на некоја наводна хипокризија за која подоле ке видиш дека кај тебе, и дел од вас, фанови на Челзи е у принцип застапена.

Е сега друго, по одењето на еден феномен како Роналдо, по 100те повреди кај Јунајтед, почнувајки од првиот голман ( алтернативите и самиот знаеш колку се пацерски, попацерски се и до Чех сезонава ), завршувајки со цела одбрана освен Евра, Јунајтед во споредба со лани е послаб, и тоа бајаги послаб но тука им е с'ржта и душата наречена Ферги, било кој друг тренер во една ваква ситуација и ке беа бетер од Ливерпул, тоа ти го знаеш, тоа го знаат и оние повозрасни и објективни нивни фанови тука.
Челзи е само, повторувам, само 3 бода пред нив, ова не е историја, ова е свежо, Челзи е само 3 бода пред Јунајтед кој за разлика од лани е скалило подоле, јас не гледам тука што Карло направил за да наеднаш стане тренериште за Челзи, се што гледам е дека не искористи прилика да им бега 9 бодови пред низата лесни мечеви во наредни 8 кола за Челзи.

Има уште 1001 причина, која не е аналогна на омаловажување и на историјата, а истата резултира со тонот самодоверба кај мене.
Дено ви црташе дека не сте силна екипа, ја само потпис ставам на истото, али ти како фан на Челзи, нормално, со доза на фантазија и did сеуште го ставаш твојот тим помеѓу оние големи гиганти страв и трепет за останатите а свесен си дека тек полнолетноста ја добија у 2003 година а по Мурињо биле увек број 2/3 у Англија .


п.с. Постов важи и за Марли, колку да укапира што кажал, како можеш екипа која губела од Вила, Виган, Сити и тн и тн да ја ставаш во кош со екипа ( Барса ) која сезонава нема пораз, не зезај, ја претера.
Абе разбрав, по Мурињо нема сонце за Челзи. Сонце, море воздух нема.
Од 1999, кога прв пат обезбедува учество па до денеска, Челзи има осум ЛШ-сезони, едно финале, четири полуфиналиња, едно четвртфинале, едно осминафинале и годинашнава сезона која е во тек. За Интер, појма немам искрено, сигурно дека бил поарен пред тоа, ако учествувал.
Свежо е, се разбира, сосема се согласувам дека ѓаволски тешко ќе беше со втората англиска екипа, или чекај, па таа не продолжи понатаму.
Моментално, ама моментално, Челзи има тешки проблеми со одбраната, ама проблеми кои се решливи.

Екипа чиј максимум е лузерски минативе сезони, па шо знам, има логика, ама ги немет Аврам и Сколари појќе. Карло го бара максимумот од играчите, како екипа, за разлика од Сколари на пример, кој и бек ќе клаеше крило, само со крила да се игра. И секако, гледам екипа со карактер. Тоа го барам засега, со оглед дека екипата е апсолуно иста од лани (освен Жирков, кој после 3-4 повреди во низа конечно тргнува со полна пареа, според интервјуто од вчера за Челзи ТВ). За да Челзи биди десет бода пред Јунајтед уште сега, треба да има исклучителна сезона, шо во моментов е тешко, со оглед дека, на пример, еден Деко е неупотреблив во есенско-зимски услови, а е важен играч на средината. Понатаму, здравје, се ќе си дој полека. Околу поразите, па од Сампдорија сте изгубиле и сега шо? Премиер Лигата е многу физички потешко првенство од Серија А, но и од многу други европски лиги, шо наназад има придонесено тој типичен англиски фудбал да не може да се носи со типичниот италијански како и со шпанскиот, односно шпанците и италијанците да имаат многу поголем успех на континентално ниво од англичаните.
Лигата на шампионите е многу поинакво натпреварување од било кое национално првенство, од англиското, италијанското, шпанското....и тоа е натпреварување каде што Интер шлајфа, шлајфа, шлајфа....и ова е свежо, зар не? Секако дека не е значаен успех да не освојш титула, но не можам финале и полуфинале да ги рамнам со провлекувањето на Интер низ иглени уши во групите и испаѓањето во 1/8-финале.

Ти постојано спомниваш гиганти од кои Интер се плаши, не јас, и како Челзи не бил гигант, па Интер веќе се смета за заминат напред. И пак спомнуваме по Мурињо, па пред две години и некој месец замина ебаго, после таков период и таква разделба треба малку време, а тоа време врви и врви. Анчелоти е тука неколку месеци, во нова средина, култура, нови играчи на располагање, нов тим, со само еден свој човек-италијанец кој му помага со оглед на тоа дека англиски почнува да учи на 50 години, некој месец пред да дој во Челзи.
Јебига, не е специјален ко Мурињо да распрсни одма, те разбрав, не е такво совршенство, само шо, никој тоа не го бара од него. Тој не е менаџер, оној од англиски тип тим-менаџери. Тој е тренер, не знам колку пати за трансферите се обидува да одговори дека тој е technical ко што вели, дека тоа и не е негова примарна задача, трансферите, тие се за бордот. Тој ќе работи со екипата на терен, што праеше и во Милан, ќе бара максимуми на екипата што ја има.
А Мурињо, покрај глупоста на Абраомвич со Шевченко, и сам се заеба, девет недопирливи за 11 места, генијално. Место да се врати Алекс од позајмица заради повредите на Тери и Карваљо, Буларуж по ѓаволите?! И јас би размислил во тој случај дали би дал милиони и милиони во јануари, шо и беше причина за конфликтот Абрамович-Мурињо.

Поентата е, има време, Челзи ќе се подобрува, пошто на тоа работи Анчелоти, не бара зимски трансфери како замени за африканциве, иако двајца од нив се тешко надоместливи.
Марли претера со суперлативи, но сега гледаме за Интер-Челзи, и уште помалку сфатливо е како веќе ти го прогласи Интер за поминат понатаму.

Не ми се верува за шо трошам време, ау.... :raz:
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.567
Поени од реакции
6.696
Челзи а? :) Знали овие нашиве им имаат срека во ждреб невидена :) Најискрајно сакам да се паднеше Реал....

Боље Челзи него ли Ајакс :)
 
M

mercenary

Гостин
Тепаме сто посто освен ако(како и во 70% од натпреварите што ги играат)не имаат неверојатна среќа и од два шута кон голот не дадат два статива-гол-ови или им досудат пенал.Да се надеваме дека ке бидеме од тие 30% со кој они ја немале таа среќа.:helou:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.438
Поени од реакции
6.654
Занети - Возбудлив дуел
Морати - Без страв
Ето - челзи се силен ривал

Син и фантом без расправии да не ве бришам :)

шала настрана рано е да се зборува за дуелот, многу работи ќе се сменат дотогаш.
ако фати уште малце криза и абрамович ако си замине од челзи пак ке ги гледаме како се борат со тотенхем за 10 место :smir:
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941


Трета англиска екипа ни се паѓа...трета среќа немат бегање. :wink:

Мур ги познава повеќе од доволно играчите па би требало да имаме блага предност, а баш ќе ме занима како навивачите на Челзи ќе го пречекаат на Стемфорд Бриџ. :)

Мурињо ќе биде пречекан како бог. Сигурен сум дека сите фанови на Челзи не сакале со Мурињо да се сретнат во оваа фаза. :wink:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.797
Поени од реакции
44.286
Не ми се верува за шо трошам време, ау.... :raz:
Е зашто трошеше де време, кога виде дека простор за самодоверба кај мена има на тони ( а ти за тоа се фати ), што не значи дека таков и ке биде епилогот.
Да беа Реал или Јунајтед, ке бев скептичен но не и песимистички расположен, али со оглед дека ти дадов многу причини зашто Челзи ме тера да имам толкава самодоверба ( нешто што неможам да најдам пример кај Барса, Реал или Јунајтед ) тогаш стварно не те разбирам, зар забрането е човек да верува во успех на својот тим, поготово во една ваква ситуација, на крај краева редно е и Интер да загриза посериозно во ЛШ, нешто што по Купер го немаме видено. :wink:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.722
Поени од реакции
6.361
Јаоооо 3 години по ред ни пага тезок противник во 1/8 финале немаме среќа прво ливерпул и манчестер а сеа челзи,но нема потреба од плашење мурињо ги знае добро играчите на челзи и верувам во успех.Ке биде интерсен деул во кој и ја се согласувам дека челзи игра слично на нас додека ман ј и арсенал играат различна игра.Одимеее на побеадааа напред интер
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
ебате среќата ај со среќа другата година :nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.438
Поени од реакции
6.654
ебате среќата ај со среќа другата година :nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
и ја така викам, криво ми е, таман го земаа анчелоти уште одма да ги издуваме!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.797
Поени од реакции
44.286
6000ka a, епа нек се угоде тука

Oдбрав и посебна вест за тоа :), Ил Капитано, Занети, на мечот со Лацио ке го направи она што не му успеало на ниеден друг фудбалер во Серија А. На 25ти Октомври, 2006, со Ливорно не изигра ниедна минута бидејќи беше одмаран од Манчини во текот на целиот меч, тоа е последен меч во Серија А кој Занети го пропуштил, а во 2009 година, тоа е единствениот фудбалер во Италија кој цела оваа година вклучувајки ја нормално тука и ланската сезона, ги има изиграно сите мечеви од почеток до крај, т.е. изиграл вкупно 3240 минути.

Секоја чест за легендата, алал нека му е



ебате среќата ај со среќа другата година :nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
Зашто осеќам дека не си сериозен :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom