Сега за друго нешто.. гледам читам таму ставате тактики и едвај чекате да го извадите Станкович од средниот ред..
Станкович точно дека не е којзнае колку добар за истурен плеј, но Станкович е класа подобар на било која позиција во средниот ред од Мота, Виеира, Мунтари и Занети. Единствено подобар е Камбиасо на дефанзивната позиција.. Кога тој играше најдобро во Лацио, во средниот ред таму имаше доста офанзивни фудбалери.. Цезар кој играше доста добро по левата страна, Фиоре кој беше доста добар по десната..
Додека кај нас Дејан игра како единствен офанзивен во среден ред со тројца дефанзивни фудбалери.. И дел од вас сеуште не ја научија лекцијата.. Сеуште во прв тим ставаат три од нив..
Значи ако веќе го имаме Снајдер во тимот, тогаш Дејан треба да игра поназад во средината со Камбиасо и еден од Мота/Мунтари/Виеира за овој наш тим да добие на креативност..
Толку накратко имав да кажам.. Не ми се зборува веќе толку после вака слаби игри на Интер.. Да го гледаш немоќен против Бари да даде гол.. Катастрофа..
И некои од вас ќе речат Бари играл дефанзивно.. се бранел.. А што сакате Бари да прави? Што ако сите останати тимови се бранат против нас? Со сите ли ќе губиме бодови? Не е проблемот до Бари.. Проблемот е што немаме лидер.. Како муви без глави сме по теренот.. Не сме уиграни.. Имаме 5-6 нови првотимци.. Со друг збор.. СРАМОТА!
Среќа наша што Милан и Јуве не се којзнае колку добри.. Инаку кај ќе ни беше крајот..
1. За Дејо, точно, се согласувам со тебе, на позициите на Мота, Мунтари он би изиграл 10 пати подобро од нив зашто тоа е и неговата природна позиција, така да и јас сум за варијантата Дејо да игра во средината на место на Мунтари/Мота . Проблемот е каде ке се смести Занети, лево шанса нема, десно Маикон е незаменлив, така да Занети дефакто треба да се префрли повторно во средниот ред .
Се поставува прашањето, дали е дојдено време кога конечно Il Capitano постепено треба да биде префрлен на клупата за резерви ? Да, борец е, но и истиот има нула креативност во себе што е и разбирливо со оглед на позицијата која ја играше во текот на својата кариера . Годините почнуваат полека да си го прават своето ( апла е истото приметливо кога Занети е префрлан на позиција десен/лев бек ) па ме интересира вашиот став во врска со ова прашање .
Со Милан мислам дека Мурињо сигурно ке стартува со Виеира во средниот ред, во случај повторно да се одлучи за 4-3-1-2 формат, тогаш средниот ред е веќе познат, Виеира а пред него Мота, Дејо и Занети, а нападот Милито - Ето . Во случај да се тера 4-3-3 форматот, дилема е кој ке бидат партнери на Виеира во средниот ред, бар според мене, реков, Виеира ке стартува против Милан па останува дилемата кој од Дејо, Мота и Занети ке го сочинуваат средниот ред .
2. За Бари, вината јас ја гледам само во Мурињо, и во никој друг . Не смееше да дозволи да ги има сите измени искористено на повеќе од 30 минути до крајот на мечот . Последната измена требаше да ја искористи по евентуалниот постигнат погодок и да вади еден од Милито/Ето, или да чека до 75та минута па да стави уште некој играч во нападот во ситуација Интер да не постигнеа гол .