1.Барсеолна
2.Интер
3.Динамо Киев
4.Рубин Казан
Одлично... супер пресметка со Барселона која многумина ја посакувавме. Згора на тоа, подобро е уште во групата да си ги одмериме силите, евентуален успех ќе ни даде ветар во грб, самодоверба за понатаму.
Да не зборувам за Ибра факторот кој ќе биде пречекан во жешка атмосфера, посебно и со оглед на тоа што познавајќи го него, ќе изјави нешто без врска пред натпреварот и дополнително ќе ги мотивира сите. Матераци нозе ќе крши тука...
На гостински терен Ето ќе игра во многу порелаксирана атмосфера затоа што ја задржа почитта од навивачите.
Со Русите и Украинците нема да е лесно посебно ако им гостуваме на зима на -10 по снеговите... ама и Барселона ќе биде во иста ситуација. Не верувам дека второто место може било како да ни го загрозат, ќе одиме понатаму со Барселона, прашање е само кој од која позиција, што исто е важно: оној што ќе биде прв, со голема веројатност ќе ги избегне англичаните во четврфинале.
Ќе биде возбудливо!
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)