Пелегрини изјави дека ќе смета на Снајдер наредна сезона. Според goal.com Интер ќе му плати на Реал 4 милиони за едногодишна позајмица, со можност наредната година целосно откупување за 18 милиони. Наредната година е светското првенство, па сигурно Снајдер нема да биде задоволен доколку ја грее клупата на Реал, и доколку нема да се докажува оваа сезона. Ако дојде сега и Чаби Алонсо како што се зборува, тогаш тешко ќе биде ептен Снајдер да избори место во првиот тим, кога во тимот на Реал ќе ги има Кака, Чаби Алонсо, еве го сега и Гранеро кој одлично се покажува на подготовките. Знам дека е екстра играч, меѓутоа за него мислам дека ќе нема место оваа сезона во Реал, па најдобра за мене би била Интер, таму секако ќе има загарантирано место во првиот тим. Ако не Снајдер, ете го и Ван Дер Варт. Проблемот е што е левак, мислам дека во средниот ред ќе ви бидат сите леваци. Иначе може да се каже дека и Ван Дер Варт располага со такви технички способности како што има и Снајдер, меѓутоа поради големата конкуренција во тимот на Реал оваа сезона, не добиваше многу шанса. Да не заборавиме какви игри прикажуваше кога играше во Хамбург и Ајакс, беше моторот на тимот.