Што е со цифриве?
Од кај се извадени? Вардар со 3-4 милиона буџет направи тим што се пласираше во Европа, а и кога испаѓаше во прво коло квалификации со Апоел и Динамо имаше сосема солиден настап, Хајдук со 15 милиона буџет и со таа историја, име и можност за привлекување играчи ќе испаѓа од аматери од Малта и Грузија во Европа во последниве години? Нема теорија, не се точни бројкиве со сигурност, има некоја позадина тука, не може да биде лошо водење на клуб и лоша управа само во прашање, па со вакви бројки Роџо и Славчо Чаче да се во управа ќе го однесат клубот во ЛШ.
Тие се бројките. Клубовите мора да приложат финансиски резултати на хрватската даночна управа и тие бројки се нивните расходи за 2018та година. Ги обајвија Спортске Новости, а бидејќи се официјални бројки може само да се штелувани према доле и да се во реалност и доста поголеми.
Удри математика, ако просечен играч на „големата четворка“ зема по 100.000 евра нето, а клубот мора да исплати по 160-170 бруто колку е буџетот само за играчи кога секоја екипа ги има по 25-26 во погон? Каде се тука тренери, стадион, патувања, бонуси, младински погон, терапии, адвокати, администрација итн. Петар Бочкај од Осијек кога го избркаа затоа што демолираше бензинска станица, ја објавија неговата плата точно до цент. Околу милион и пол куни годишно нето....тоа се нешто ситно над 200 илјади евра. Осијек исто така плаќа играч од Локомотива пола милион евра за трансфер, Хајдук за 200.000 евра + 50% од следен трансфер го зема за стално Посавец од Палермо, Ријека за истите пари го зема Чолак од Хофенхајм.
Не трошат само, него и продаваат скапо. Рецимо Хајдук за трансфери потроши 1.2 милиони евра само сезонава, а доби 7 милиони евра. Хајдук во последнава година само од двајца играчи собра 13 милиони евра. За Палаверса ги дереа Манчестер Сити по 50-60.000 евра за секоја утакмица што ќе настапи за Хајдук повеќе од 60 минути, тоа и плус платата му ја плаќаа од таму и плус 6 милони евра. Хајдук ги одра за еден просечен тинејџер арапите од Сити.
Динамо, Хајдук продаваат за да преживеат и собираат и приходи од Европа и продадени карти и сувенири.
Осијек и Ријека слично како првите две, но во помала мера. Најголем дел од парите им се од газдите. Во Осијек е еден од најбогатите Унгарци и најблиските луѓе на Орбан влезен. Во Ријека беше Габриеле Волпи еден од побогатите италијанци кој што остави клуб без долгови и со многу средена инфраструктура и играчки кадар.
Горица е екипа на еден Литванец кој што си има екипа за своите играчи како што има Мишко Ражнатовиќ во АБА лигата.
Истра имаше Руски, па Американски и сега Индиски сопственици.
Славен Белупо е од Копривница, зад нив стојат градот (мал, ама еден од побогатите) Подравка и Белупо и редовно добиваат по 2-3 милиони евра за трансфери. .
Локомотива е перална за пари на Динамо и на Здравко Мамиќ.
Вараждин се гревтари и се проект на бивши играчи на Вартекс (Давор Вугринец, Златко Далиќ итн.) и неколку менаџери. Скоро целиот буџет им е составен од безкаматни позајмици и веројатно после сезонава ќе рикнат скроз.
Едино не знам на Интер Запрешиќ од каде им се парите.
Инаку Вардар што успеа да влезе во групи на ЛЕ ќе бидеше таман на табела во Хрватска како што ќе беа по буџет,а тоа е 6-7 место. Еднаш се погоди македонска екипа да влезе и нема во наредни 15 години барем. Хрватската лига е моментално 15та лига во Европа и ќе носи 2 места во ЛШ годинава. Ријека 3 пати игра во групи последниве 5 години и тепа екипи како Феенорд, Стандард, Штутгарт,Милан, Салзбург нерешени со Севиља, Лион итн. Осијек ги избаци ПСВ и Луцерн,а испадна за малку од Австрија Виена. Лани за 1 гол испадна од Ренџерс.
Хајдук сега киксна и тоа дебело, но Хајдук годиниве испаѓа од Евертон, Интер, Днипро, Стеауа и тоа доста тесно со голови во гости или 1 гол разлика. Од 2014та наваму испаѓаат во последно коло само,а исфрлуваат екипи од Данска, Украина, Чешка итн. Коефициентот на Хрватската лига не падна од небо.