Фан Клуб: Динамо Загреб

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Одлично дерби на Пољуд.Уште да се БББ како што треба ова дерби би влегло во конкуренција за едно од најдобрите од кога се игра ХНЛ.
2-0 води Хајдук до 71 минута кога Чоп дава гол за 2-1.Така останува до 90 минута кога паѓаат уште 2 гола на Чоп уште еден и на новиот играч од Манчестер донесен на позамица - Енрикез.
Реално многу подобра екипа бевме и победата е заслужена.Не памтам кога вака добра утакмица изиграл Динамо во Сплит.

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Абе си ги пуни нивниот што :pos::pos:
Гледав докај 55 минута и се изнервирав што све утанаа Антолиќ,Брозовиќ,Чоп утна од 5 метри од пред гол упм, ја исклучив и излегов.Кога доаѓам дома пуштам гледам пресврт :pos:
Не се скапи влезниците.За сите домашни,куп и за Куп на УЕФА утакмици најевтината карта е 2.000 денари.
И со вакви работи пак ќе нема многу луѓе на стадион освен можеби со Селтик.

Еве ти ги головите во HD на тој претходниот кочи многу.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Абе си ги пуни нивниот што :pos::pos:
Гледав докај 55 минута и се изнервирав што све утанаа Антолиќ,Брозовиќ,Чоп утна од 5 метри од пред гол упм, ја исклучив и излегов.Кога доаѓам дома пуштам гледам пресврт :pos:
Не се скапи влезниците.За сите домашни,куп и за Куп на УЕФА утакмици најевтината карта е 2.000 денари.
И со вакви работи пак ќе нема многу луѓе на стадион освен можеби со Селтик.

Еве ти ги головите во HD на тој претходниот кочи многу.
Знаеш како иде таа "Ko ce kome,ako ne svoj svome".
Реално во Хајдук никогаш не му дадоа права шанса и го исфрлија од екипата како непотребен вишок и доби не баш многу добар однос од страна на навивачите.Сега им враќа за се тоа со камата.....секое дерби Чоп им шиба по 1-2 голчиња.
Победата стварно заслужена....после толку шанси ќе беше ебана влеселнска неправда да побеше Хајдук. 2-0 водеа со еден момент на генијалност на Сушиќ и една глупава грешка и лошо избивање.

Инаку малце да го прокоментирам играчкиот кадар што го имаме :

Во екипава приметувам дека се форсираат без везе некои домашни играчи,а тие што беа стварно големи таленти си заминаа од клубот. Шимуновиќ (не Шимуниќ :D кај него се гледа дека е класа,но и дека е во години рака на срце) и Пивариќ стварно никако не можат да ми легнат. Помутави се и од што изгледаат.Евентуално би ги држел во екипа едниот како 4та опција на стопер,а другиот за не дај боже на лев бек.И Антолиќ не е некоја класа,посебно е лимитиран со физикалиите,ама колку толку некоја работа врши.

Овој Енрикез не ми остави некој впечаток иако даде гол. Памтам дека центаршутовите што проба да ги упати сите беа полоши од најлошите на Мичка во Вардар :icon_mrgr: А треба стварно нешто посебно да си да го надминеш Мичка :pos:

Тој другиот црнецот што го донесоа ми делува некако подобро.Не влезе вчера,но го гледав на 3 утакмици. Многу е борбен,се враќа назад да помогне во одбрана, има топ во ногата и ми делува како да знае да игра со екипата. Да му влезе една топка во гол и да се опушти уште малце мислам дека ќе биде засилување.

Судани (вчера 3 асистенции и пречка после соло продор....ќе беше убав гол тоа ко тој на Сушиќ ако влезеше) е класа играчиште само што некогаш знае премногу да се заигра и сака да завршува се сам иако има соиграч во подобра позиција.Фернандес е исто класа само штета што е повреден.Да не знаеш случајно до кога ќе е ? Стварно страшен тандем на крилата имаме со Судани и Фернандес.

Чоп ваков или онаков редовно трпа.Не знам што да мислам за дечково,страшно оспоруван играч.Има моменти кога мислиш дека не знае ни по прав пат да оди,но има моменти каде што делува на терен ко да е Фалкао. Ако ништо друго срчаноста и борбеноста никако не може да му се оспорат.

Чориќ.....:vozbud::drk: Изгледа во телото и фацата како да има 13 години,а се движи и игра зрело како да има 30. Стварно не знам зашто Халиловиќ на пример има добиено толкава помпа кога овој не е ни малку полош од него. Добрата вест е што му се дава доста шанса и простор за игра,лошата е што Далтоните веројатно ќе го продадат и пред да заврши средно.

Адеми и Брозовиќ си ја зацементираа средината.Веројатно ќе ги продава Мамињо следното лето за жал. Ем домашни играчи ем имаат квалитет да бидат добри играчи и во ЕЛ.
Вукојевиќ е ѕверка и оваа утакмица одлично изигра. Сега кога дојде во Динамо почнав да го ценам тоа што го игра он. Цело време на право место е, пресекува топки, не ја губи топката и не комплицира со нејзе бидејќи е доста свесен за своите лимити, трча многу, се бори, добива дуели.

Едуардо на гол е после Кох можеби најдобар голман кој сме го имале во последно време.
Пинто си е супер по таа десна страна.
Другиве двајца Португалци (Гончало и Мачадо) беа најавувани како некои засилувања,ама никаде ги нема греат клупа. На Мачадо кариерата иде во надолна линија константно Порто > Ст. Етиен > Тулуз > Олимпијакос > Динамо. Големи очекувања се имаше од него и за сега не ги оправдува. Има квалитет,но не го дава тоа што се очекува од него.

Странскиве стопери кој од кој. Сигали,Ади,Таравел или се повредени или за к не ги бива,мада се секако подобри од Шимуновиќ.Стварно дечкото не треба да игра во први 11.

Инаку штета за клубот што испушти доста млади играчи ова лето. Покрај Халиловиќ кој отиде од клубот затоа што на едниот таткото Мамиќ кога преговарале се напиздил и му се заканувал,а на другиот не му даваа да игра си отидоа Роберт Муриќ и Фран Бродиќ.Барем да останеа сите 3ца до 20 години во клубот + Чориќ тоа ќе беше страшна постава за година-две за клуб како Динамо и ќе можеше да си ги продаде за големи пари.
Вака Мамиќ место нив носи на позајмици пропаднати таленти од Спортинг и Манчестер.
 
Последно уредено:
Член од
25 октомври 2012
Мислења
836
Поени од реакции
1.365
Sakame ili nesakame mora se prifati faktot deka vo narednoto leto Mamic pak kje izvadi 15-20 miliona od transferi na Cop,Soudani ednostavno go biva za biznis.Poinformiranite da gi prasam neli Dinamo zema cileanec sto ispadna od zatvor za nekoe vreme vo Malaga za 7-8 miliona ako gresam ispravete me.

Sent from my GT-S6500D using Tapatalk 2
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520

Мислиш за Ибањез, он пред тоа беше во Динамо само на позајмица беше во Малага мислам.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Sakame ili nesakame mora se prifati faktot deka vo narednoto leto Mamic pak kje izvadi 15-20 miliona od transferi na Cop,Soudani ednostavno go biva za biznis.Poinformiranite da gi prasam neli Dinamo zema cileanec sto ispadna od zatvor za nekoe vreme vo Malaga za 7-8 miliona ako gresam ispravete me.

Sent from my GT-S6500D using Tapatalk 2
Мислиш за Ибањез, он пред тоа беше во Динамо само на позајмица беше во Малага мислам.
Грешка сте и двајцата .Тоа беше Педро Моралес, го земаа за 2,5 милиони евра и дечкото не беше во затвор.Беше во Малага 2 сезони и изигра 20 и нешто утакмици за нив,а сега игра за Ванкувер.
Затвор мислам дека му претеше на идиотот голманот од Аргентина не го памтам како се викаше.

Иначе не е дека него го бива толку за бизнис колку што тие играчи стварно вредат тие пари.Колку што добро продадоа тоа х10 лошо купија далтоните.
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Абе голман неможеме да најдеме асален ќе видиме овој како ќе се покаже.
Иначе дуото Шимуновиќ - Шимуниќ малце ми се несигурни.Во право си за Шимуниќ стар е веќе а и киксира се почесто.Лани со Ади беа тандем во Европските купови.Додуша овој Ади спаси еднаш чист гол ама на другиве утакмици беше како мува без глава.
Незнам што очекуваш од тој од Манчестер.На 100 позајмици е пратен дечкото.Исти случај како Тричко наш :D
Стварно незнам до кога ќе отсуствува Фернандес.
Иначе за малиот Чориќ стварно има потенцијал.Читам го споредуваат со Модриќ, мада и подобар од него ќе биде.Само да не му се врши притисок ќе стане голем играч.Типувам дека оваа сезона ќе има минутажа во Куп на УЕФА да добие уште малце на цена и после ќе го шитнат имбециливе.
Иначе тој Аргентинецот е Миглиоре што требаше да потпише 3 годишен договор ама се изјалови работата.
Бил во затвор поради соработка со криминалци и хулигани.
 
Да да да,Миглиоре или Миљоре како и да се изговараше.Тој ел локо го викаа,али не отиде во затвор него ги истаста сите тие бандитите,па овие му се закануваа дека ќе го убија и ставија цена на неговата глава.Затоа отиде во Динамо за да не го кокнат таму тие.Арно ама истиот момент кога му се расчисти таму ситуацијата си се спакува и го раскина договорот - наводно бил носталгичен :facepalm:
Дебил на сред сезона останавме без голман и Зеленика мораше да брани таа сезона.
Овој португалецов сега за сега ми се свиѓа како брани,башка големо име е. Бранел во Брага,Џенова, Бенфика и има 35 настапи за Португалија.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Денес МНК Динамо имаше свое претставување. БББ формираа своја екипа во мал фудбал која ќе биде водена како социос модел по принцип на еден член - еден глас.

https://www.facebook.com/video.php?v=627423487372254&set=vb.100003138266118&type=2&theater

Ова е кортеото.....доста добра бројка и гласно навивање.
+ Веќе 2-3 недели имаат отворено и фан шоп,нешто што на крембилите од клубот 10 години не им паѓа на памет да отворат.

http://www.futsal-dinamo.hr/[DOUBLEPOST=1410037294][/DOUBLEPOST]Полн теренот на Шалата.

http://www.jutarnji.hr/ludnica-na-predstavljanju-futsal-kluba-dinamo/1218124/?artId=1218112[DOUBLEPOST=1410037386][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
@jyvation Ја виде ли петардата,а ? :icon_mrgr:
Да да реков дека Романциве ќе ни бидат пациенти.
Судани како во најдобрите денови на Фичо наш :pos:
Како си ги брца со глава, ја гледаше сега со Ријека?
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Да да реков дека Романциве ќе ни бидат пациенти.
Судани како во најдобрите денови на Фичо наш :pos:
Како си ги брца со глава, ја гледаше сега со Ријека?
Да да, луд е типот....овие 2 утакмици 5 гола од кои 3 со глава.
Никогаш не би рекол дека така би можел да трпа голови со глава.
Ако остане барем уште една сезона и да пробаат со него уште еднаш за во ЛШ мислам дека комотно би можел да влезе во најтесна конкуренција за најдобар странец што играл за Динамо.

p.s Тепавме со Ријека,ама не беше баш заслужено.Реално подобри беа и заслужуваа барем бод.Стварно немаат среќа овие неколку утакмици, со Стандард беа подобри и изгубија и сега со Динамо.Ај се надевам дека ќе им се врати тоа се пак во ЛЕ :icon_mrgr:
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Под хитно да се заборави поразов и да се насочат мислите за наредниот дуел дома.Мада вака ако пристапиме и со ваква игра тешко дека и дома ќе направиме нешто против Салзбург.
Кој е овој Сигали бе??Ако е овој стопер јас сум тогаш Канаваро :facepalm:
Кога ќе примиме гол одма се губиме :mad:
Џабе е после и пет да дадеме кога незнаеме брзо да се вратиме во игра.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Срамота денеска.....
Шимуниќ, Пивариќ, Сигали, Антолиќ, Мачадо.....ма скоро сите се за стрелање.Како воопшто станале фудбалери не ми е јасно.

Само ме интересира дали Зоки ќе добие отказ после вечерва ? :cautious:
Било кој друг тренер ќе леташе до сега,али братчето си е сигурно.После докажување како катастрофален спортски директор сега истото го докажува и како тренер.
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Утакмицата нема да се одигра.Играчите на Хајдук не излегоа на теренот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom