Меч кој со сласт го догледав
Депортиво-Жирона 5-1
Прв пат после, 4 години постигнуваме 5 гола на еден меч...
Ласад имаше свое шоу вечерва постигнувајќи четири гола (или три, пошто гледам едмниот режисерот го впиша како автогол). Фантастично второ полувреме на депортиво.
Во првиот дел истотака многу отворена игра од двете страни и чудо беше како резултатот остана 1-1. Гостите први поведоа по грешката на Рочела. Уште еднаш се покажа дека Ајтами и Рочела не треба да играат заедно. Беа очајни во најмала рака...
Колку шанси направија гостите ради нив, ама имавме среќа што напаѓачот им беше дрво па не успеа да ја затресе на повеќе пати мрежата на Лукс
И Ажозе не покажа скоро ништо, ама затоа Лауре си газеше.
Не се согласувам со Дариус дека Хуан Карлос играше лошо. Беше доста забележителен, а даде и одличен пас до Саломао па овој до Ласад за четвртиот гол.
Сите голови беа плод на убави акции. Два пати асистираше Валерон кој влезе во вториот дел и тотално ја размрда играта, пошто Домингез скоро и да не го видов денеска.
За петиот гол кој го постигна Саломао одличен пас даде Гвардадо кој во последните 15 минути влезе наместо Саул.
Мислам дека покрај Ласад најдобар играч ни беше Саломао. Беше секаде, изигра феноменално. Си направи и неколку шанси, но за жал реазлизираше само една. реално во овој меч заслуживме да дадеме над 10 гола, но и да примиме 3
Во последните 10 минути шанса доби дури и Бодипо
Е вака треба да се игра, немам зборови...