Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Можеби сениорите едвај се спасија од испаѓање во четврта/петта лига, ама затоа U-19 тимот на Депортиво е шампион на Шпанија.
Со победа над Реал во полуфинале и Барса во финалето, Депортиво по втор пат освојува титула во оваа конкуренција. Првата е освоена некаде во зачетокот на златните години.

 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Убаво отворање на втората сезона во третата лига на Шпанија.

Депортиво - Селта Б 5-0
Двајца играчи од младинците кои станаа шампиони на Шпанија, беа дел од составот на Депортиво. Трили одигра цел меч на десен бек, додека најдобриот младинец, Ноел Лопез влезе во второ полувреме и погоди за 5-0.
За разлика од минатата сезона, буџетот за оваа е значително намален и беа донесени играчи за кои никогаш не сум чул, воглавно од Сегунда (дел и на позајмица). Од попознатите, во клубот останаа Келсо Боргес (капитен на Коста Рика), Мику (играше на времето во Валенсија и Гетафе) и Алекс Бергантињос, легенда на клубот од последната деценија.

Голмани:
Иан Макај (35 години, дете на Депортиво, а годинава дојде од Сабадел)
Пабло Бреа (20 години, дете на Депортиво, прекомандуван од Депортиво Б)
Алберто Санчез Вивас (20 години, дете на Депортиво, прекомандуван од Депортиво Б)

Дефанзивци:
Адриан Руиз Лапења (25 години, централен, дојде од Кастељон)
Хаиме Санчез (26 години, централен, дојде од Сабадел)
Пабло Тригерос (28 години, централен, дојде од Мирандес)
Борха Гранеро (31 година, централен)
Хектор Хернандез (30 години, лев бек)
Алберто Бенито (29 години, десен бек, дојде од Албасете)
Жорге Валин (21 година, десен бек, дете на Депортиво)
Алваро Перез Трили (18 години, десен бек, дете на Депортиво)

Средина:
Уче Агбо (25 години, дефанзивна средина)
Алекс Бергантињос (36 години, дефанзивна средина, дете на Депортиво)
Келсо Боргес (33 години, средина)
Рафа де Висенте (28 години, средина, дојде од Мурсија)
Јосеп Калавера (21 година, средина, на позајмица од Атлетико Мадрид Б)
Јаго Гандој (22 години, средина, дете на Депортиво)
Диего Виљарес (25 години, средина, дете на Депортиво)
Хуан Карлос Мендудо (30 години, офанзивна средина, дојде од Нумансија)
Јурген Елитим (21 година, офанзивна средина, на позајмица од Ватфорд U-23)
Пеке Хернандез (18 години, офанзивна средина, дете на Депортиво)
Карлос Донсел (24 години, лево крило, дојде од Ваљадолид)
Диего Агире (30 години, лево крило, дојде од Нумансија)
Вилијам де Камарго (22 години, десно крило, на позајмица од Легањес)
Виктор Гарсија (24 години, десно крило, на позајмица од Ваљадолид)

Напад:
Николас Ладислао Мику (36 години)
Алберто Килес (26 години, дојде од Рекреативо Хуелва)
Ноел Лопез (18 години, дете на Депортиво)

Тренер:
Борха Хименез (последен ангажман во Картагена)

Годинава има само две трети лиги. Победниците одат директно во Сегунда, додека од второ до петто место одат во бараж. Ќе биде претешко да се обезбеди Сегунда.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Единствена екипа што ми гази годинава :D
Перфектен старт со 4 победи од 4 натпревари и гол разлика 10-0.
Не баш уверлива игра, но важно се нижат бодови.
Следуваат две дерби средби со Унионистас на гости и Логроњес на домашен терен. Да забележиме дека Ноел дојде и до вториот погодок сезонава.
Согласно протоколите, трибините уште се добро исполнети, а радоста по победничкиот гол против Бајадоз е огромна :D

Уште поголема радост и при голот на Ноел претходното коло (некаде на 1:30). Со гушкање со публика :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
FB_IMG_1644520200325.jpg FB_IMG_1644520178203.jpg

Над 20.000 гледачи на Риазор, на 1/16 финалето на младинското ЛШ. Депортиво како шампион на Шпанија, елиминираше две или три екипи на патот кон 1/8 финалето од ЛШ, во кое се спојуваат со екипите кои се младинци на онир кои играат во сениорската ЛШ. Сепак, на крајот, Динамо Киев, победи на пенали.
Депор водеше 2-1, ама уште во 25та минута добија црвен картон и Динамо израмни во 75 минута.

Во третата лига Депортиво уште е прв на табела, но со три среќни победи во судиско продолжение, по ред.
Минатото коло беше претрпен вториот пораз сезонава, со 1-2 од Реал Унион.
Ќе биде тешка битката за втора лига.

Еве ја победата над Замора пред две кола. Голот е некаде околу 2:50, по што при радоста на навивачите буквално се сруши трибината.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Постов не е за очајниот пад на Депортиво. Не е за тоа што веќе трета година се во трета лига и моментално се петти, не е за тоа што лани во бараж на домашен терен испуштија водство од 1-0 и не се пласираа во втоеа лига, туку е за една вест која доаѓа на неколку часа пред нова година.

Лукас Перез, на свое барање, се враќа во Депортиво, да ја заврши кариерата во тимот од родниот град.
Трансфер од прва лига во трета, а вчера стрелаше за Кадиз против Алмерија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom