Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Гварардо кој ќе си го земе ќе се усреќи. Многу добра фудбалер браво
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.964
Гварардо кој ќе си го земе ќе се усреќи. Многу добра фудбалер браво
Гвардадо требаше да биде најдоброто нешто што излегло од депортиво во последните години. Талент за кој се очекуваше дека ќе биде лидер на клубот и потоа ќе биде продаден за огромна сума пари на некој од Европските гиганти.
Но се јави сестра судбина, и Гвардадо никако не стигна до својот вистински потенцијал само повредите.
Гвардадо беше повреден минимум половина од времето што го мина во Депор.
И реално е да се очекува дека ќе си оди. Гвардадо беше планиран за играч од кој ќе се има голема заработка со која би се покриле дел од долговите. Сега треба да го шитнеме за сума помала и од онаа за која го земавме...
Ризик е ако не го шитнеме, бидејќи ако не го шитнеме сега на крај на сезона е слободен играч...

Мануи е третиот играч кој го напушта Депортиво. Исто како и претходните двајца така и Ману заминува како слобосден играч, и од идна година ќе го чува голот на Рекреативо Хуелва.
Во спротивна насока се очекува Хави Васкез, за кој скоро сигурно (90%) е сигурно дека ќе биде второто засилување на депортиво за годинава.
Одличен играч за Сегунда, играч од средината на теренот.
Третото засилување на депор би требало да биде Соломао кој би дошол на позајмица од Спортинг Лисабон. Се работи за 23 годишно лево крило, наводно голем талент од колото на Португалскиот клуб.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.964
Официјално Диого Саломао е нов играч на Лаоруњски Депортиво :D
Левото крило на Спортинг Лисабон доаѓа како позајмен играч на една сезона и потоа си оди дома, без бај-аут клаузула.
По се изгледа Лендоиро мучка нешто со Спортинг па во тамошен правец ќе замине Гвардадо.
Адријан ги истакна свбоите намери за следната сезона. Дециден е дека сака да го носи дресот на Атлетико Мадрид и очекува дека неговата преселба ќе биде брзо решена.

Во меѓувреме, после Сарагоса, Депортиво почнува судска војна и со Расинг Сантандер околу долговите за Каналес. Им ебам копилињата должнички....:D
Сезонава газиме :P
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.964
Денеска Депортиво го доби и третото засилување.
Очекувано Хави Васкез е новиот играч на Депортиво.
Денеска беше презентиран Диого Саломао, додека презентацијата на Ажозе е во петок.


Лендоиро најави дека деновиве ќе се дознае и името на четвртото засилување за годинава.
Агентот на Гвардадо ќе дојде деновиве за да разговара со Лендоиро по што очекувано ќе си замине.
Истото веќе го сторил и Адријан. Прашање на денови е кога и официјално ќе премине во Атлетико Мадрид, а ќе видиме дали Депор ќе добие некоја оштета.
За нас најдобрата вест денеска, не се засилувањата, туку останувањето на Рубен Перез во екипата. Мислев дека позајмицата од Атлетико ќе му биде укината, но веќе се е јасно, тој ќе го носи нашиот дрес и во следната сезона.
Останува уште да се загарантира останувањето на Аранзубиа, иако не влезат во прва лига нека се убијат :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.964
Презентирани се и останатите две засилувања на депор.


Хави Васкез и Ажозе.
Истотака со пристигнувањето на Ажозе, пропадна можноста да се доведе диего Ривас од Сосиедад па тој потпиша за Херкулес.
Вчера Лендоиро изјави дека планира да донесе уште 4-5 играчи. Стигна понуда за Морел од еден Парагвајски тим и очигледно е дека тој ќе ја напушти екипата. Младиот лев бек на фабрил и голем талент, Раул потпиша договор за уште една година плус, и сезонава ќе варира меѓу првиот тим и Фабрил. Шанса да заигра за депор доби плејмејкерот на фабрил, Хуан Карлос кој ако задоволи на ренинзите тогаш останува со првата екипа.
Лендоиро изјави дека клубот прави напори да го позајми Циско за уште една сезона. Напаѓачот во сопственост на Њукасл, дете на Депор, сака да игра за нас, но трансферот за жал зависи од челниците на Англискиот клуб.
И конечно се загрева ситуацијата со Адријан.
Неговиот агент Еугенио Ботас изјави дека милум или силум ќе го извади Адријан од депортиво исто како што направи и со Писку. Единствен начин е да го однесе надвор од Шпанија, бидејќи ако премине во некој Шпански клуб, тој тим ќе мора да плати оштета.
Така му ја уништи карирата на Писку, на кој му беше понуден 4 годишен договор, а он го извади незаконски и го однесе во виган, а сега играчот е без клуб.
По милијардити пат на Адријан му е понуден нов договор. Тимот е спремен да му ги исполни сите услови, а се работи за три годишен договор.
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
184
Поени од реакции
22
Лошо е што самиот Адријан изјавил дека сака да игра за Атлетико Мадрид така да...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.964
Лошо е што самиот Адријан изјавил дека сака да игра за Атлетико Мадрид така да...
Повикан е Адријан да се појави на првиот тренинг сезонава, но најверојатно тој ќе го одбие да го направи тоа по што работите ќе се тегнат по судови...

Инаку според локалното радио, Депортиво нема да продаде ниту еден играч летово, па дури ни Гвардадо:eek:
Па денес агентот на Алфаро од Севиља, изјавил дека депортиво го контактирал неговиот играч:eek:
Ќе имаме појак состав него лани:D:cool:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.964
FIRST ROUND
21/Aug/2011: FC Cartagena Vs. Deportivo (matchday 01)
28/Aug/2011: Deportivo Vs. Recreativo Huelva (matchday 02)
04/Sep/2011: Deportivo Vs. Hércules CF (matchday 03)
11/Sep/2011: Barcelona B Vs. Deportivo (matchday 04)
18/Sep/2011: Deportivo Vs. CE Sabadell (matchday 05)
25/Sep/2011: AD Alcorcón Vs. Deportivo (matchday 06)
02/Oct/2011: Deportivo Vs. CD Guadalajara (matchday 07)
09/Oct/2011: CD Alcoyano Vs. Deportivo (matchday 08)
16/Oct/2011: Deportivo Vs. Gimnástic Tarragona (matchday 09)
23/Oct/2011: Córdoba CF Vs. Deportivo (matchday 10)
30/Oct/2011: Deportivo Vs. Girona FC (matchday 11)
06/Nov/2011: Real Murcia Vs. Deportivo (matchday 12)
13/Nov/2011: Deportivo Vs. Celta (matchday 13)
20/Nov/2011: Elche CF Vs. Deportivo (matchday 14)
27/Nov/2011: Deportivo Vs. UD Almería (matchday 15)
04/Dec/2011: Real Valladolid Vs. Deportivo (matchday 16)
11/Dec/2011: Deportivo Vs. CD Numancia (matchday 17)
18/Dec/2011: UD Las Palmas Vs. Deportivo (matchday 18)
08/Jan/2012: Deportivo Vs. Xérez CD (matchday 19)
15/Jan/2012: SD Huesca Vs. Deportivo (matchday 20)
22/Jan/2012: Deportivo Vs. Villarreal B (matchday 21)

SECOND ROUND
29/Jan/2012: Deportivo Vs. FC Cartagena (matchday 22)
05/Feb/2012: Recreativo Huelva Vs. Deportivo (matchday 23)
12/Feb/2012: Hércules CF Vs. Deportivo (matchday 24)
19/Feb/2012: Deportivo Vs. Barcelona B (matchday 25)
26/Feb/2012: CE Sabadell Vs. Deportivo (matchday 26)
04/Mar/2012: Deportivo Vs. AD Alcorcón (matchday 27)
11/Mar/2012: CD Guadalajara Vs. Deportivo (matchday 28)
18/Mar/2012: Deportivo Vs. CD Alcoyano (matchday 29)
21/Mar/2012: Gimnástic Tarragona Vs. Deportivo (matchday 30)
25/Mar/2012: Deportivo Vs. Córdoba CF (matchday 31)
01/Apr/2012: Girona FC Vs. Deportivo (matchday 32)
08/Apr/2012: Deportivo Vs. Real Murcia (matchday 33)
15/Apr/2012: Celta Vs. Deportivo (matchday 34)
22/Apr/2012: Deportivo Vs. Elche CF (matchday 35)
29/Apr/2012: UD Almería Vs. Deportivo (matchday 36)
06/May/2012: Deportivo Vs. Real Valladolid (matchday 37)
13/May/2012: CD Numancia Vs. Deportivo (matchday 38)
16/May/2012: Deportivo Vs. UD Las Palmas (matchday 39)
20/May/2012: Xérez CD Vs. Deportivo (matchday 40)
27/May/2012: Deportivo Vs. SD Huesca (matchday 41)
03/Jun/2012: Villarreal B Vs. Deportivo (matchday 42)

Се чека 13 Ноември :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.964
Повторно лоши вести од нашиот табор. Клубот неможе да регистрира нови играчи бидејќи Вециндарио не тужи за заостанат долг од 300 000 евра. Имено, во минатото депортиво склучил договор со овој клуб од Галиција дека секоја сезона ќе зема по некој нивни играч во својот тим, т.е. во помладите категории а за тоа ќе им исплаќа одредена сума. Но од 2006 година им немаме платено ништо...:)
Епа сега ќе платиме...
Едно не ми е јасно, како може нас одма да ни ставаат забрани а со години да чекаме Сарагоса и Сатсандер да ни ги вратат долговите и со наши пари да опстануваат а ние да испаднеме...
Сарагоса се правда дека нема пари а фрлија милион и пол за играч од Кастиља:eek:

Од друга страна го имаме случајот со Адриан. Како и што се очекуваше тој ќе стане играч на Атлетико Мадрид и тоа без оштета иако судот сеуште се нема огласено...
Каков педер ејјјјј....
Каков земчо беше, секоја година стартер играше, беше форсиран, голема вина од тоа што испаднавме сноси и он со неговите смешни промашувања, ние го направивме играч откако 6 години мина кај нас доаѓајќи од Вециндарио и сега си оди без оштета. И тоа го тужи клубот поради тоа што наводно него исплатиле иако сите долгови се подмирени, само да може на раат да си кидне.
Не ми смета тоа што сака да игра во прва лига, ама може да остане чесен и благоарен кон оние кои го направија фудбалер му ебам гомното смрдливо. И така договорот треба да му биде продолжен за една ебана сума од 5 милиони на задоволство на двете страну може да крши глава...
Преку ноќ ми стана најомразен играч.
Инаку Пепе Санд стана дел од некој мексикански клуб, Мичел кој беше позајмен од Валенсија, во новата сезона ќе игра за херкулес.
Бтв секоја чест за Лопо кој организираше прес конференција за навивачите на депортиво и им се заблагодари за подрѓката низ сите овие госдини. Е така треба да се разделиш од својот клуб кај што си поминал добри години...
Исто ЛОСТина се дрзна да ги обвини Домингез и Мануел Пабло дека за 4 години во Депор не успеал да ги научи да додаваат и нафрлаат....
Ти ебам кретенот, кај испаднавме ради него уште и соли памет...
--- надополнето: Jul 16, 2011 12:52 AM ---
Упс ја заборавив најважната вест :D
Срамови живи, нашиот најдобар играч Гвардадо е снимен додека имал сајбер-секс со некоја Мексиканса манекенка...:ROFLMAO:
http://www.marca.com/blogs/fuera-de-juego/2011/07/15/pillan-a-guardado-a-lo-banega.html
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.722
Поени од реакции
3.095
So ne ti e jasno be pa Depresivo La Kurina ste zatoa taka :D :P
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
184
Поени од реакции
22
Епа право да ти кажам колку и да звучи провоцирачки, у право е Лотина за тоа што го кажал. Ако ништо друго се надевам ке делува на овие двајца играчи пошто ај за Пабло и така и така ама за Домингез не може еден играч години и години да биде сметан за талент и никогаш да не израсне во добар играч, т.е. да тапка во место. Еве кажи ми веќе е во тимот 2-3 години и последнава сезона дали виде нешто добро од него? Тој треба да ја движи играта а немаше никаква способност за тоа, едноставно се губеше на терен па мораше да се заменува со Валерон или да игра во комбинација со него за да не биде црна дамка на терен. Вооптш не беше агресивен и речиси сите дуели со противниците ги губеше. На дуелот со Севија во 92 минута можеше да го реши натпреварот- не го реши. Па ајде да видеме нека покаже некоја вештина за да не биде напразно сметан за талент. Во едно интервју изјави дека неговите роднини му викале да биде поагресивен епа што к*р сака повеќе па на крај краеви и на него ке се базира играта оваа година(не дај боже). А за Мануел мислам дека е грешка, доволно е што го има во тимот само поради искуството.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Ѓуровски на позајмица во Ла Коруња!?
Еден од најпознатите шпански клубови Депортиво Ла Коруња, како што пренесуваат српските, но и шпанските медиуми, ја разгледува можноста како позајмен фудбалер во своите редови да го доведе членот на украински Металург Доњецк и македонски репрезентативец Марио Ѓуровски

Како што е познато, уште пред да го реализира трансферот во Украина оваа зима Ѓуровски беше под окото на Ла Коруња, но тогаш не дојде до договор меѓу двете страни. Сега, според последните информации Шпанците сериозно се заинтересирани да го видат во своите редови, но како позајмен фудбалер.
извор:Македонски Спорт
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.964
Ѓуровски на позајмица во Ла Коруња!?
Еден од најпознатите шпански клубови Депортиво Ла Коруња, како што пренесуваат српските, но и шпанските медиуми, ја разгледува можноста како позајмен фудбалер во своите редови да го доведе членот на украински Металург Доњецк и македонски репрезентативец Марио Ѓуровски

Како што е познато, уште пред да го реализира трансферот во Украина оваа зима Ѓуровски беше под окото на Ла Коруња, но тогаш не дојде до договор меѓу двете страни. Сега, според последните информации Шпанците сериозно се заинтересирани да го видат во своите редови, но како позајмен фудбалер.
извор:Македонски Спорт
Веста е стара со години и е чиста глупост...

Негооо, најново засилување на депортиво е екс голманот на Мајорка, Герман Лукс (ваљда така се пишува). Одличен голман добивме како замена за Аранзубиа, а дури и во случај Дани да си замине Лукс би бил одличен прв голман...
Деновиве беа одиграни две пријателски. Најпрво Депортиво со 0-3 го совлада нисколигашотн Вивиеро со 0-3 со двата гола на Рики и едниот на Саул.
http://www.crtvg.es/tvg/informativos/o-deportivo-gana-en-viveiro-por-0-3-87625
Денеска со 1-5 беше совладана и екипата на Расинг Вилаблес со двата гола на Ласад, и головите на Рики, Хесус Васкез и Хуан Карлос кој како играч на Фабрил го поминува подготвителниот период со првиот состав а ако се покаже ќе остане со нив...
Одличен тим имаме засега. Офанзивната линија изгледа одлично за втора лига. денес сите добија шанса, во првиот дел настапија:
Аранзубиа
Лауре Рочела Ајтами Ажозе
Алекс Васкез
Саул Валерон Соломао
Ласад

А во вториот дел:
Аранзубиа
Сеоане Колото Пабло Раул
Хуан Карлос Перез
Алварез Гвардадо Иван Перез
Рики

Дефинитивно имаме подобар состав од лани...
Инаку Гвардадо се обидува да го напушти клубот па денеска навивачите го свиреа при секој негов допир со топката:)
Meanwile...

good luck man...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.964
Депортиво го доби и петото засилување сезонава. изненадување е тоа што платија 500 000 евра за да го доведат во сино-белиот дрес :D
Бруно Гама, крилото на Рио Аве е новн фудбалер на Депортиво. Младиот играч кој може да игра и на левата и на десната крилна позиција, е огромно засилување за Депор, со оглед на тоа што е млад (23 години) и може да просперира во иднина. Потпишан е четири годишен договор со него.
Со ова се пополнија сите места на крилните позиции. Ги имаме Саул и Пабло Алварез на десната крилна позиција, Гвардадо, Иван Перез и Саломао на левата и Гама како алтернатива за двете крилни позиции.
Јасно е како ден дека некој од крилата е вишок, а уште појасно е и за кого станува збор:D Гвардадо откако беше исвиркуван од навивачите изјави дека изјавата на неговиот агент била погрешно презентирана и дека на него не му било проблем да игра и во втората лига. Епа проблемот е што договорот му истекува на крајот на сезоната а пошто милион опати досега одбил просдолжување, јасно е дека ќе си замине без пари. Така да се надевам дека ќе биде продаден во овој трансфер период. Се најавува дека Виљареал бара замена за Казорла па го посакува Гвардадо, а најново е дека Борусија Дортмунд ќе даде 7 милиони за него. Ако фрлат 7 милиони ондак мора да се прифати таа понуда...
Инаку Десмаретс, Жука и Томас повеќе не се во клубот и како слободни играчи си бараат клубови. Иако не е слободен играч, сепак клуб си бара и Клаудио Морел и деновиве се очекува негово заминување.
На прагот да си замине е и Дани Аранзубиа. Него не му е проблем да игра во втора лига, нешто што го изјави многу пати но Малага постојано притиска за него. Во ваква лоша финансиска сотојба Лендоиро би можел да прифати некоја поголема нивна понуда...
Но со купувањето на Лукс имаме солидна замена за Дани:)
Бтв вчера беше одиграна пријателска со нисколигашот негреира, меч кој Депор го доби со 0-7.
Три гола постигна Рики, а по еден Саул, Саломао, Лауре и Куељар кој е еден од нашите млади надежи...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom