Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Одамна не сум пишал на темава, но сезоната се заврши среќно со опстанок обезбеден со победа во претпоследното коло :D

Од тогаш, тимот мина низ многу турбуленции.
На изненадување на сите, Виктор доби отказ поради неумешноста да ја задржи добра атмосферата во тимот. Од почеток на сезона имаше инцидент со Луисињо и тоа се провлекуваше до крајот на сезоната, кога Португалецот реагирал зошто и Лукас Перез не бил казнет, по што расправиите продолжија јавно по медиумите.
Клубот реши да ги избрка и Виктор и Луисињо. Кај Луисињо е проблем што сеуште има договор со клубот, но никој не сака да го откупи за 3 милиони колку што му е откупната клаузула. Неговата иднина сеуште е неизвесна.

Во меѓувреме, тимот го напуштија Ману, Фабрицио и Плетикоса на голманската позиција, централниот бек Лопо, десниот Хуанфран, средњаците Чани, Жонас Гутиерез, Картабиа, како и напаѓачите Луис Алберто и Џона Родригез.

Изгубивме неколку играчи од првата постава кои беа на позајмица, но мислам дека клубот ќе се обиде да го донесе Хуанфран, а можеби и Картабиа и Луис Алберто колку и да е тешко тоа.

Првиот играч кој го напушти клубот е Хуан Домингез, кој е испратен на позајмица во Мајорка.

За Депортиво потпишаа 4 играчи. Бруно Гама кој е повратник на позицијата десно крило, Емре Чолак кој игра во средината и по крилата, напаѓачот на Овиедо, Борха Вале, а од денес е потпишан и Полскиот голман Премислав Титон.

Во моментов составот на Депортиво е:
Голмани: Лукс, Титон
Одбрана: Лауре, Мануел Пабло (десни бекови), Арибас, Сиднеи, Инсуа (централни бекови), Луисињо, Наваро, Саул Фернандез (леви бекови)
Средина: Боргес, Бергантињос, Москера, Фахир, Бичо, Кардозо, Бруно Гама, Емре Чолак
Напад: Лукас Перез, Риера, Борха Вале, Луис Фернандез

Седумте играчи кои ги обоив во црвено, многу веројатно дека нема да останат на конечниот список. Мануел Пабло најверојатно ќе се пензионира, ситуацијата на Луисињо ја опишав претходно, а останатите пет играчи ја имаат слободата да одат на позајмица, слично како и во минатата сезона.

Се шпекулира дека и Ориол Риера може да си замине, а ако стигне добра понуда тогаш и Лукас Перез ќе го напушти клубот што би бил голем удар :D

Се очекува клубот да потпише најмалку уште 6 играчи пред почетокот на сезоната.

Тоа што не го споменав е дека нов тренер на Депортиво е Гаицка Гаритано, екс тренерот на Еибар и Ваљадолид :toe:
Бркањето на Виктор воопшто не наиде на одобрување кај фановите, ама да се надеваме дека клубот знае што прави :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Како никогаш досега, Депортиво се изнасобра солидни играчи, на еден месец пред почеток на сезоната. Навикнати бевме да ги чекаме последните денови од трансфер периодот и да добиваме некои отпадоци на позајмица.

Засега листата на трансфери е следната:
Дојдоа:
Голмани: Премислав Титон (3 години, за 500.000 од Штутгарт), Рубен Мартинез (2 години, од Леванте)
Централен бек: Раул Албентоса (4 години, од Дерби Каунти)
Десен бек: Хуанфран Морено (1 годишна позајмица од Ватфорд, конечно со можност за откупување на крајот од сезоната)
Средина: Гиљерме Дос Сантос (1 годишна позајмица од Удинезе, со можност за откупување на крајот од сезоната), Емре Чолак (3 години, од Галатасарај)
Офанзивна средина: Карлос Гил (1 годишна позајмица од Астон Вила, без никакви дополнителни клаузули)
Крила: Бруно Гама (2 години, од Днипро), Борха Вале (3 години, од Овиедо)
Напад: Флориан Андоне (5 години, за 4 милиони од Кордоба)

Трансферот на Андоне е најскапиот трансфер на Депортиво по оној на Гвардадо кој за 7 милиони се пресели во Ла Коруња пред десетина години :D Тоа доволно говори во каква беда опстојува Депортиво во последнава деценија :icon_mrgr:

Потпишувањето на Андоне беше бум за навивачите и ако Лукас Перез остане во клубот, едвај се чека како ќе функционира овој двоец во нападот. Романскиот репрезентативец е млад и перспективен играч, само сите се плашат дека е донесен како замена за Лукас.
Последниот тим кој гризе за потпишување на Лукас Перез е Севиља, но допрва ќе видиме што ќе испадне од тоа.

Клубот го напуштија следниве играчи:
Хуан Домингез (1 годишна позајмица во Мајорка), Робер (1 годишна позајмица во Леванте), Пабло Инсуа (1 годишна позајмица во Леганес), Бичо (1 годишна позајмица во Расинг Ферол), Мануел Пабло (пензија :icon_mrgr:), Луис Фернандез (го раскина договорот и потпиша за Алкорокон, но Депортиво ја задржа опцијата да го потпише одново), Мануел Кардозо (го раскина договорот).


Моменталниот состав е:
Голмани: Лукс, Титон, Мартинез
Одбрана: Лауре, Хуанфран (десни бекови), Арибас, Сиднеи, Албентоса (централни бекови), Луисињо, Наваро, Саул Фернандез (леви бекови)
Средина: Боргес, Бергантињос, Москера, Фахир, Бруно Гама, Емре Чолак, Гиљерме Дос Сантос, Карлос Гил
Напад: Лукас Перез, Риера, Борха Вале, Андоне

Од овој состав се очекува да отпадне Луисињо, на кого не можат да му најдат клуб за позајмица, ниту пак да го продадат. Постои можност и за позајмица на Саул Фернандез, а ќе видиме дали клубот ќе донесе нов лев бек.

Во игра за засилувања се уште неколку имиња. Се чека разврската на судбината на Картабиа во Валенсија, многу веројатно е дека ќе дојде на нова позајмица.
Прилично сигурно е дека Депортиво ќе го донесе Марлос Морено на едно годишна позајмица. Истиот, треба да потпише во Манчестер Сити и веднаш да му биде отстапен на Депортиво за следнава сезона.

Пак ќе повторам, ако не си замине Лукас Перез, тогаш можам да кажам дека склопивме одличен тим, во кој можеби недостасува уште еден подобар лев бек, со оглед на тоа што Луисињо не е во плановите на тренерот, а Саул е недокажан играч. Атакуваме на место на средината од табелата :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Депортиво-Еибар 2-1
Бетис-Депортиво 0-0
Депортиво-Атлетик Билбао 0-1
Алавес-Депортиво 0-0
Депортиво-Леганес 1-2
Атлетико-Депортиво 1-0
Депортиво-Спортинг Хихон 2-1

Освоени 8 бодови во првите 7 мечеви од новата сезона, но мора да се земе во предвид дека имавме дуели со доста слаби противници. Ако го изземеме Атлетико Мадрид, немаме играно против ниту една екипа од посилните.

Депортиво ја почна сезоната со освоени 4 бодови, во два натпревари во кои прикажавме бледи изданија. Лукас Перез ни ја донесе победата на отварањето на првенството против Еибар. Но, веќе во наредниот дуел останавме без него. Арсенал ја плати откупната клаузула од 20 милиони во последните денови од трансфер рокот, а Депортиво од тие пари ќе види околу 10-11 милиони.
Со оглед на тоа што Риера го позајмивме во Осасуна, Депортиво се најде во незавидна позиција, останувајќи само на Андоне како единствен класичен шпиц и Борха Вале кој покрива на оваа позиција.
Како замена за Перез беше донесен Хоселу, екс играч на Севиља.
Да биде невољата поголема, Хоселу се повреди уште на своето деби со Атлетик Билбао и ќе биде надвор од терените уште некое време. Како замена за него беше донесен, некогаш популарниот Рајан Бабел, кој како слободен играч го засили Депортиво.

Против Атлетик Билбао одигравме натпревар во кој не заслуживме пораз. Андоне постигна регуларен гол кој беше неоправдано поништен, а примивме еврогол од 30 и кусур метри.
Бледа партија беше одиграна и во следниот дуел со Алавес, но барем дојдовме до бод, против тимот кој во претходното коло ја победи Барселона на Ноу Камп.

Во последните три дуели, Депортиво конечно го крена нивото на игра, но евидентни се проблемите при реализацијата. Депортиво доминираше против Леганес, имавме 1-0 на полувреме и еден куп шанси за зголемување на водството, за потоа да примиме два наивни голови во рамки од 5 минути и утакмицата да отиде во неповрат. Пораз кој може да не чини многу на крајот од сезоната. Најлошо е кога губиш на домашен терен од директните конкуренти за опстанок.
Следуваше нов пораз, против фаворитот Атлетико. Домаќините се помачија да дојдат до победа, а во тоа им помогна Фахир кој доби црвен картон уште во првиот дел. Депортиво беше сосема добар во одбраната и на крај можевме да си заминеме со бод.
Конечно, после 5 меча без победа, вчера славевме над омразениот Спортинг Хихон и тоа со гол во 92 минута :icon_mrgr:
Депортиво одново доминираше во текот на целиот дуел, поведовме против Боргес, а потоа беше примен уште еден гол во низата очајно примени голови. За среќа, Рајан Бабел потсети на деновите од младоста кога играше во Ливерпул, погодувајќи од 17-тина метри со шут крај левата статива.
http://imgur.com/emGpgRN

Иако, 7 меча нема постигнато гол, Андоне се покажува како доста добар играч. Постојано трча, добар е во дуели, има дриблинг, знае и да додаде, само нема доволно среќа да погоди. Мислам дека откако ќе го скрши мразот, ќе постигне над 10 гола во оваа сезона.
Емре Чолак е нашиот најдобар играч досега, а како главни разочарувања се Бруно Гама и Фахир.
Гиљерме и Марлос Морено, како и Гил истотака знаат да покажат добри движења. Боргес е солиден во средина, но недостасува стабилноста на Москера кој беше еден од нашите најдобри играчи во ланската сезона.

На изненадување на сите, Луизињо остана во тимот, но ја дели минутажата со Наваро.
Одбраната е слична од лани, со тоа што Албентоса добива поголема шанса пред Арибас.

Има солиден тим Депортиво, но проблемите во офанзивата дефинитивно не ставаат во кошот на екипи што до последно коло ќе стравуваат за опстанок. Мора да се признае дека и тренерот е добар за дефанзивни тактики, но не знае да постави игра за да дадеме гол повеќе...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
The king is back :icon_mrgr:
Со засилување на дефанзивната линија со потпишувањето на Шар, задржувањето на Андоне, носењето на Картабија и задржувањето на сите најдобри играчи од лани, Депортиво конечно може да атакува на места погоре од зоната за опстанок.
Мал проблем е што немаме добар голман, но ваљда ќе се надмине и тоа.

Дојдоа: Лукас Перез (28 години, на позајмица од Арсенал, платени им беа 4.2 милиони евра, без откупна клаузула)
Карлес Гил (24 години, на позајмица од Астон Вила, но има задолжителна откупна клаузула околу 3 милиони, а веќе изјави дека ќе потпише за Депор до 2021)
Феде Картабиа (24 години, доаѓа како слободен играч, потпишан на 4 сезони)
Гиљерме (26 години, по едногодишна позајмица, откупен е за околу 4 милиони од Удинезе со договор до 2021)
Фабијан Шар (25 години, дојде од Хофенхајм за околу 1.8 милиони, потпишан до 2021)
Закарија Бакали (21 година, дојде на позајмица од Валенсија до крајот на годината, без откупна клаузула)
Жерард Валентин (23 години, потпишан за околу 700.000 од Гимнастик, договор до 2021)
Адриан Лопез (29 години, доаѓа на едногодишна позајмица од Порто, без откупна клаузула)
Федерико Валверде (18 години, на едногодишна позајмица од Реал Мадрид Б, без откупна клаузула)

Тимот се ослободи од еден куп играчи, со некои играчи кои немаа квалитет за Примера, меѓу кои и играчи кои подолго беа во клубот...

Лукс замина за Ривер Плата, Лауре доби раскин на договорот и потпиша за Алкоркон. Раскин доби и Фахир од првотимците, играчот кој со години беше дел од Депор, Хуан Домингез, како и напаѓачот Ориол Риера. Еден од капитените, дете на Депор, Алекс Бергантињос исто така го напушти клубот, но на едногодишна позајмица во Спортинг Хихон.
Младиот Инсуа кој беше сметан за иднината на клубот беше продаден во Шалке за 3.5 милиони.
Неговиот партнер од одбраната, Робер, доби позајмица во Леванте.
Се чека и позајмица за Саул Гарсија и за Борха Вале.

Во моментов клубот е составен од следниве играчи:
Голмани: Премислав Титон и Рубен Мартинез

Одбрана: Фабијан Шар, Сиднеи, Алехандро Арибас и Раул Албентоса (централни дефанзивци), Луисињо, Фернандо Наваро, Саул Гарсија (леви бекови), Хуанфран, Жерард Валентин (десни бекови)

Средина: Москера, Боргес, Федерико Валверде, Гиљерме (централна средина), Емре Чолак (офанзивен средњак), Карлес Гил (офанзивен средњак и десно крило), Феде Картабиа, Бруно Гама (десно крило), Закарија Бакали (лево крило), Борха Вале (лево крило и напад)

Напад: Андоне, Адриан (напаѓачи), Лукас Перез (напад и десно крило).

Многу поважно за Депортиво е што се потпишаа договори со Абанка за олеснително плаќање на долговите, со што Депортиво конечно го зголеми својот сезонски буџет и повеќе не е „најтапа“ екипа кога се работи за договорите на играчите.

Ово че бити добра сезона, предосечааааам :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Ово че бити ДОЛГА сезона, предосечааааам :icon_mrgr:
Што ти значи да немаш добар голман, а имаш слаба одбрана и напаѓачи со најмалку среќа на светот во реализацијата.
Цела досегашна сезона опишана во три видеа:
https://www.dailymotion.com/video/x6d2qrf

https://www.dailymotion.com/video/x6d2pi2

https://www.dailymotion.com/video/x6d2qp0

Шта речи, коју послуку порати.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Депортиво на портите на Сегунда.

Кларенс Сидорф нов тренер :pos:
Прво засилување ГОЛ ДИ МУНТАРИ :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
:pos: И еве 14 дена подоцна стварно Мунтари во Депортиво :D :pos:
Сега, цела надеж за опстанок (невозможна мисија во моментов, безразлика на бодовната разлика)
ќе се заснова на МУНТАРИ :icon_mrgr:
Најавен е во прв состав за вечерашниов натпревар.
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Цццц денес каква штета и за мене и за нив. Ја без сто евра они втора лига. Андони и Лукаси Перези све ви ебам неписмено....
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.147
Поени од реакции
3.098
Леванте еве го води Коњанику твојве утре од рано-рано што ќе прават? :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Леванте еве го води Коњанику твојве утре од рано-рано што ќе прават? :D
Сo дебилoт Сидoрф кaкo тренер се е мoжнo. Врскa немa штo прaви типoт. Игрaчите се психички мртви oдaмнa, сo Вaрдaр дa игрaaт ќе изгубaт. Депoртивo е oтпaднaт уштњ пo нерешенoтo сo Еспaњoл дoмa. Мислaм декa денес мoже дa пoбедиме. И двете екипи се свесни декa тешкo ќе гo стигнaт Левaнте, aмa ќе нaпaднaт зa пoбедa.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
По кошмарната претходна сезона, Депортиво по се изгледа ќе даде напори да малку се зацврсти финансиски, да гради екипа на подолг период и потоа да се враќа во големото друштво.
Посмешно од минатата сезона во која Депортиво имаше можеби најсилен состав во последниве десетина години, но освои мизерен број поени, испаднаа дека се откупните клаузули во случај да отпаднеме од прва лига.
Со такви смешни клуаузули, не е ни чудо што некои играчи се трудеа да отпаднеме од лигата.
На крајот од сезоната, Депортиво го донесе спортскиот директор на Леванте, Кармело Дел Поцо.
Кармело од старт се зафати со работа, почна да гради второлигашки тим, си донесе свој тренер и што е најважно константно е отворен за јавноста.
Штом продаде играч, Депортиво веднаш наоѓа замена. Оние кои не планираа да останат во тимот, воопшто не беа во план во подготвителните мечеви.

Старите играчи се веќе минато, а Депортиво со сигурност задржа два-тројца од нив, со можност да останат уште неколку.
Во Депортиво се врати од позајмица Алекс Бергантињос, а останаа и Пабло Москера и Феде Картабиа кој ако не го мачат повредите, треба да биде предводник во Сегунда.
Во тимот се уште и Енрико Боведа кој дојде во втората полусезона, Карлос Гил кој можно е да си замине, Крон Дели кој бара ангажман во Данска, но веројатно ќе остане во екипата, како и Борха Вале кој одигра одлично во последните натпревари. Останаа уште неколку резервисти од минатата сезона.

Отприлика, Депортиво досега пазареше на овој начин:
1. Себастијан Дубарбиер (32, лев бек), дојде како слободен играч од Естудијантес, потпишан на сезона, со можност да продолжи.
2. Дани Хименез (35, голман) дојде како слободен играч од Бетис, потпишан на две сезони.
3. Педро Санчез (33, десно крило), дојде како слободен играч од Гранада, потпишан на две сезони.
4. Пабло Мари (25, централен бек), дојде позајмен од Манчестер Сити, со откупна клаузула околу 750.000 евра.
5. Кристијан Сантос (30, напаѓач), дојде како слободен играч од Алавес, потпишан на две сезони.
6. Давид Симон (29, десен бек), дојде како слободен играч од Лас Палмас, потпишан на две сезони.
7. Кике Гонзалес (28, напаѓач), дојде од Осасуна, Депортиво го откупи за 1.7 милиони евра и го потпиша на четири сезони.
8. Домингос Дуарте (23, централен бек), дојде како позајмен од Спортинг Лисабон, со опција да можеме да го купиме, доколку Спортинг не рачуна на него наредна сезона.
9. Адриан Ортола (24, голман), дојде како позајмен од Барселона Б, со откупна клаузула од 3 милиони.
10. Дидие Морено (27, дефанзивна средина), дојде како позајмен од Меделин, со откупна клаузула на непозната сума.
11. Висенте Гомез (29, средина), дојде од Лас Палмас, Депортиво го откупи за 600.000 евра и го потпиша на три сезони.
12. Микеле Сома (23, централен бек), дојде како слободен играч од Бреша, потпишан на две сезони.

Во меѓувреме, во Депортиво дојде Ролан кој беше потпишан пред една сезона, но веднаш беше испратен на позајмица.

Клубот го напуштија:
1. Флорин Андоне (напаѓач) во Брајтон за 6 милиони евра.
2. Емре Чолак (офанзивна средина) во Ал Вахда за 1 милион евра.
3. Хуанфран (десен бек) на позајмица во Леганес за 300.000 евра и откупна клаузула на непозната сума.
4. Луисињо (лев бек) во Хуеска како слободен играч.
5. Рубен (голман) во Осасуна како слободен играч.
6. Робер (централен бек) во Леванте на позајмица, втора година по ред, без откупна клаузула.
7. Диего Ролан (напаѓач) само што дојде во Депортиво, веднаш беше позајмен во Леганес за 1 милион евра, со откупна клаузула од околу 7 милиони евра.
8. Сиднеи (централен бек) во Бетис за 4.1 милиони евра.
9. Боргес (средина) во Гозтепе за 1.3 милиони евра.
10. Гиљерме (средина) во Олимпијакос во 2.5 милиони евра.
11. Фабијан Шер (централен бек) во Њукасл за 3.8 милиони евра.
12. Сали Мунтари и Фернандо Наваро си отидоа поради крај на договорот, а Зекирија Бакали, Адриан Лопез, Лукас Перез, Максим Ковал и Феде Валверде се вратија во своите клубови по позајмиците во Депортиво.

Уште неколку играчи ќе бидат додадени на оваа листа Премислав Титон (голман) и Раул Албентоса (централен бек) со сигурност ќе си отидат од клубот, само што се во потрага по клуб. Борха Вале, Крон Дели, Саул и Карлес Гил исто така може да си одат, ако стигне добра понуда.
Во првиот тим беа промовирани двајца играчи на Фабрил, Диего Кабаљо и Еду Експозито.

Отприлика составот би изгледал вака:
Голмани: Дани Хименез (35), Ортола (24), Премислав Титон (31).
Леви бекови: Диего Кабаљо (24), Себастијан Дубарбиер (32), Саул Гарсија (23).
Десни бекови: Давид Симон (29), Жерард Валентин (25)
Централни бекови: Енеко Боведа (29), Домингос Дуарте (23), Пабло Мари (24), Микеле Сома (23), Раул Албентоса (29).
Дефанзивна средина и средина: Алекс Бергантињос (33), Дидие Морено (27), Висенте Гомез (27), Педро Москера (30), Микел Крон Дели (35), Еду Експозито (22).
Лево крило: Борха Вале (26).
Десно крило: Феде Картабиа (25), Карлес Гил (25), Педро Санчез (31).
Напад: Кике Гонзалес (28), Кристијан Сантос (30).

Дел од крилава и напаѓачиве може да играат на повеќе позиции. Картабиа може да игра на сите крилни позиции, а некогаш и како напаѓач. Исто и Борха Вале може да игра како напаѓач, а Еду Експозито како поистурен во средината. Карлес Гил исто така лани добиваше шанса како полушпиц.

Се очекува Депортиво да купи нов напаѓач, покрај тоа што веројатно ќе изгуби уште неколку играчи, пред се' Албентоса и Титон.

Депортиво даде 5 играчи на изминатото СП. Шер играше за Швајцарија, Крон Дели за Данска, Боргес за Коста Рика, Исмаел Диаз за Панама и Узохо беше одличен на голот на Нигерија. Интересно, последните двајца доаѓаа од Депортиво Б, кој отпадна во квалификациите за Сегунда (дури и да влезеа, џабе ќе беше).
Многу прашина се крена за Узохо, а интересно е што 19 годишниот голман не успеа да се избори за место во првиот тим на Депортиво. Само тој се' уште се води како играч на Депортиво и тоа како играч на вториот тим. Веројатно ќе биде позајмен на Елче во оваа сезона, без откупна клаузула, а во иднина ќе добие шанса да игра за првиот состав.

Во првото коло во оваа сезона, Депортиво одигра 1-1 на гостување кај Албасете.
Депортиво имаше добар прв дел и слаб втор, во кој сепак успеа да поведе со 0-1 со голот на Дуарте, но на крајот Албасете израмни од смешен пенал. Притоа, Крон Дели доби директен црвен картон за протест кон судијата. Сезоната ќе биде тешка и овојпат не очекувам брзо враќање во Примера. Лош знак е и повредата на Картабиа уште во првото коло. Уште не почната сезоната, а тој е еден месец во аут.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom