- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.048
- Поени од реакции
- 74.571
Силната страна на Лукас Перез е тоа што игра од срце, трча како да нема утреЗа Луис Алберто се согласувам дека не е калибар да игра во врвен тим. Се гледа дека е техничар, има визија, креативност но физички е премногу слаб. Лукас Перез не е материјал за голем клуб? Ме зезаш? Депортиво го имам гледано 5-6 пати и секогаш ме импресионирал. Плус гледам има дадено 12 лигашки гола во една полусезона.
Прави пресинг врз противничките напаѓачи, па пола од головите Депортиво ги дава откако противничките фудбалери направиле некоја грешка од паника во одбраната. Впрочем и вчера на тој начин постигнавме гол Депортиво игра на контри, се остава голем простор за Лукас да брка по цела противничка половина и кога добива топка најчесто има огромен простор за маневар пред себе. Во екипа која е фаворит во најголем дел од натпреварите (како Ливерпул), незнам како би се однесувал во позиционите напади. Реално не е некој којзнае каков дриблер, едноставно е пргав играч, дрзок и брз играч кој најчесто профитира по изненадни контранапади или при украдени топки од противниците. Додуша во Депортиво не може ни да му се понуди друг тип на игра, сепак сме лимитирани и единствен начин да се надигруваме со противниците ни е цврста игра во средина и одбрана и брзи контри.
Во последните натпревари покажа една подруга страна, а тоа е дека 5 меча по ред промашува барем по една чиста шанса. И тоа шанси, подобри од пенали
Мое мислење е дека ако го напушти Депортиво ќе му биде најголема грешка