- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.061
- Поени од реакции
- 74.695
Само едно полувреме глеав, после пуштив ракомет. Ако ова ви е вториот тим, немате гајле за опстанок. Инаку додека ти спремам аватар, погледај го малку твојот актуелен како танцува:
![]()
Гледав хајлајтс сега, бајаги сме ве измачиле, особено во второ полувреме. Ако влезеше стативата на Боргес, сме имале шанси и да ве добиемеЗаслуживте барем бод. Добро игравте незнам како немате константност во играта. Тој напаѓачот Риера влегува во шанси али завршница има како Илчо Наумовски![]()
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
Не е дека немаме константност во играта, туку долго време ни недостасуваа некои играчи на клучни позиции, па со носењето на Риера и Боргес и опоравувањето на Лукас Перез се сменија многу работи.
Тимот во моментов игра можеби најдобро во последните 3-4 години, само цело време не бие малер со повреди и малце фали се да падне во вода.
Наредно коло очекувам победа над Селта која ќе издигне уште повеќе.
Со играта во сезонава, не заслуживме да отпаднеме од лигата...
Риера е голем работник на теренот, само му недостасува гол за да му крене мотивација до максимум.
Инаку не игравме со втор тим, ама ни недостасуваа тројца стандардни играчи од кои два во одбраната.
Ви игравме со Мануел Пабло како штопер, а на него природна позиција му е десно крило. Двајца играчи ни се повредени на таа позиција, а четвртата опција само што дојде во клубот.
Не ви игравме и со играчот кој ни значи премногу во одбраната, а и во нападот, десниот бек Хуанфран, туку играше Лауре.
За првиот гол да имаше поасален дефанзивец ќе го блокираше Иско. Мануел Пабло се наведна иако можеше да блокира со глава...
Сепак, како што читам многумина го фалат за играта, особено што се работи за фудбалер кој е при крај на кариерата (39 години има и е дел од Депортиво веќе 17 сезони) и веќе прогласи одење во пензија.
Во средината ни фали Хуан Родригез кој е одличен на последните мечеви, а против вас не настапуваше бидејќи има таква клаузула во позајмицата од кај вас...
@vidooq
Кога сме веќе кај Луке
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)