Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.070
Поени од реакции
74.749
Казните за случајот со убиството на фанот на Депор се исто како ФФМ кога носи казни во случај во кој се инволвирани Македонска и Албанска екипа :tapp::tapp::tapp:

Депор е казнет со 25 000 евра за тоа што не резервирале прописно карти за гостински навивачи, плус 45 000 евра бидејќи поддржале група која што претходно била идентификувана како насилна. Вкупно 70000 евра казна, наспорти НУЛА за Атлетико.

Алоооо, одиш на гостување, те напаѓаат плански со ладно оружје, убиваат еден од твоите членови и на крај ти испаѓаш виновен :eek:
Тоа е влијанието на про-фашистички Мадрид во однос на про-левичарските навивачки групи како РБ.

Во меѓувреме нашиот претседател влечеше само грешни потези против РБ, мислејќи дека со тоа ќе издејствува да не биде казнет Депор, а на крај покрај казната успеа и целосно да ја уништи атмосферата на Риазор.

Имено, затворен е делот од трибината каде што седат Риазор Блус, клубот се огради од навивачите, кажа дека нема место за нив на трибините, во ниеден момент не ги поддржа, па дури никој не се појави ни на погребот на загинатиот навивач.
Ваквите потези веднаш се пресликаа на испразнетите трибини на кои повеќе ја немаше препознатливата атмосфера од навивачите кои години по ред се гласани за најдобри во Шпанија.
Да биде работата полоша на последниот меч се појавија РБ и испеаа против управата на клубот, а потоа си отидоа од трибините, потег што очигледно не го сфатија остатокот од стадионот, па до крајот на мечот се скандираше против РБ :facepalm:
Во очите на фановиве вечно се расипа сликата за РБ, а тоа ќе значи очајна атмосфера на натпреварите на Депортиво во иднина.

Meanwhile, Боргес нема дозвола за настап против Барса во недела. Се спасија Каталонците :нинџ:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.070
Поени од реакции
74.749
Имам чувство дека Меси само против нас дава голови со глава.
Ми личат дека можат да дадат гол кога сакаат, да видиме само до колку ќе бројат :icon_mrgr:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
@Colt Willcox , баш преге која ја гледавме утакмицата со татко ми, се присетувавме кога го победивте Милан на Риазор 4-0, а во првиот меч беше 4-1 за Милан, и се сетив тогаш само не сум сигурен, дали во Депортиво постои улица "Фран" која го носи името на тогашниот капитен на Депор? :) Пошто мислам дека тогаш таква информација слушнав.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.070
Поени од реакции
74.749
@Colt Willcox , баш преге која ја гледавме утакмицата со татко ми, се присетувавме кога го победивте Милан на Риазор 4-0, а во првиот меч беше 4-1 за Милан, и се сетив тогаш само не сум сигурен, дали во Депортиво постои улица "Фран" која го носи името на тогашниот капитен на Депор? :) Пошто мислам дека тогаш таква информација слушнав.
Врска немам :D
Иначе градот е Ла Коруња, а не Депортиво :D

Иначе денес пораз од Барселона со 0-4. Горе-доле очекуван пораз, немаме доволен капацитет да им парираме во моментов на екипи како Барса и Реал. Со оглед на тоа дека играме поофанзивно, им доаѓаме како кец на десетка за да ни ја полнат мрежата. Реал ни пикна 8, Барса 4...
Да не беше Суарез дрветина денес, сигурно ќе ни дадеа повеќе.
Кај нас штета што Куенка се посрамоти при една чиста шанса, ако ништо друго ќе дадевме почесен погодок.
Со оглед на катастрофалниот старт на сезоната, добро е што после пола одиграни мечеви сме надвор од зоната за испаѓање. Мислам дека полека ги консолидиравме редовите и тек сега ќе дојдат подобрите резултати.
Следуваат два важни меча со Гранада дома кој мора да го добиеме и со Рајо на гости од каде истотака мора да донесеме некој бод.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.070
Поени од реакции
74.749
Хелдер Коста, 21 годишното крило на Бенфика Б е нов играч на Депортиво. Одново, Бенфика ни излегува во пресрет и ни позајмува играч до крајот на сезоната, но овојпат без опција да биде откупен.
За Коста нема многу информации, освен дека досега нема дебитирано на официјален меч за сениорскиот тим на Бенфика, но стандардно игра за Бенфика Б во втората Португалска лига. Може да игра и како плејмејкер, а особено е добро што може да ги запишеме ко играч на Депор Б, па не мора да се ослободува дополнително место за него во сениорскиот состав.
Каков-таков, и онака ни недостасуваат крила :pipi:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.070
Поени од реакции
74.749
Каков пресврт за 5 минути :vozbud::vozbud::vozbud:
Губевме уште од 7 минута, игравме очајно пола саат (може најлоши 30 минути сезонава) и потоа со одличен пас на Бергантињос до Риера и уште подобар пас до самиот Родригез, израмнивме на 1-1, за во наредна акција да им направиме брза контра, одлична акција меѓу Родригез и Кавалеиро, при што Перез налета на топката и ја заби во гол за огромно водство во моментов.
Натпревар кој мора да го добиеме, вамос Депооооооооооооооооооооооор :D[DOUBLEPOST=1422190295][/DOUBLEPOST]Депортиво-Гранада 2-2:place:
Изгубени бодови на сметка на Фернандез. Дај нека го избркаат у пичку материну веќе :tapp:
Изигравме катастрофални 30 минути по кои се вративме со два гола за две минути. Прво Бергантињос одлично изработи една акција со Риера а Родригез да израмни, а потоа Родригез и Кавалеиро му помогнаа на Перез да дојде до својот втор гол сезонава и да поведеме со 2-1.
Од тука до 80-та минута постоеше само една екипа на теренот. Место да го прегазиме мртвиот противник, промашивме две чисти шанси преку Фариња и Точе кој влезе место Риера.
Многу непотребни замени на идиотот, ама главната замена беше кога го стави Лауре место Родригез и Хуанфран го остави да игра средина.
Па стави го Медуњанин бе вол еден, кој кур правиш непотребни ротации во составот :popce:
Го игра Домингез цело време, а пустиот е во најочајна форма...
Тука и судијата не посра, досуди непостоечки слободен за Гранада и знаев дека ќе примиме гол.
Па од сите голови кои ги примивме сезонава, сигурно 90% се од слободни да ти ебам се да ти ебам :popce:
Лошо нафрлување, уште полошо исфрлување, топката магично стига до еден играч на Гранада и ни даваат гол за 2-2 :pov:
А сега ќе можевме да си го ладиме, на голема бодовна разлика од конкурентите...
Вака чим ни последните не ги добиваме на домашен терен, не знам против кого мисли дебилот дека ќе освојуваме бодови? Против Реал и Барса и Валенсија на гости???
Ќе го спасел тимот, три кола пред крај... Оф мори мајко :popce:
На крај и Фариња доби црвен, откако му врза шамар на Рико :kuracc:
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.070
Поени од реакции
74.749
Келсо Боргеееееееееееееееееееееееееееееесссссс
0-1 водиме после десет минути кај Рајо Ваљекано :vozbud:

Одличен слободен удар на Кавалеиро, Боргес во своето деби налета на одбиената топка од голманот на Рајо и погоди за наше водство.[DOUBLEPOST=1422648541][/DOUBLEPOST]Брзо не спуштија на земја, 1-1 Буено.
Примивме гол каков што може да прими само екипа спремна за втора лига. Каква грешка на Лопо, мајко мила :popce:[DOUBLEPOST=1422652386][/DOUBLEPOST]КЕЛСО БОРГЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕСССС
1-2 гол од пенал, откако Сиднеи беше срушен во противничкиот шеснаесетник
Израмнет натпревар, во кој и двете екипи утнаа по една-две сто процентни шанси.
Мора да издржиме до крај :angel:[DOUBLEPOST=1422654157][/DOUBLEPOST]АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
Рајо Ваљекано-ДЕПОРТИВО 1-2!!!!!
Големи три бода, уште да тепавме претходно коло со Гранада, сега за Европа ќе се боревме ебате :icon_mrgr:
Не играме сезонава толку лошо како претходните сезони кога испаѓавме, така да може да се спасиме. Следно коло играме дома со Еибар, тоа е да се биде или не натпревар за нас.
Какво деби за КЕЛСО БОРГЕС!
Стрелец на два гола за три бодови, големи како планина од ова гостување во Мадрид.
Сосема заслужено, ако не победевме ќе си пукав во колено :)
Тешко е да се додели наградата играч на мечот, ама веќе кога морам да бирам тоа би бил ИВАН КАВАЛЕИРО :aplauz:
Дечкото во каква форма е влезен, целосен лидер на екипата.
Боргес беше само егзекутор денеска :D
Првиот гол падна благодарение на нивниот голман. Кавалеиро изведе одличен слободен, голманот кратко одби, а Боргес налета за да погоди за 0-1.
Радоста не траеше долго, како во секој меч, така и овде му поклонивме погодок на противникот.
Лопо промаши една нафрлена топка, Сиднеи спиеше и следеше егзекуција од Алберто Буено.
Депортиво може да жали што не поведе во прво полувреме.
Риера му одзема топка на Зе Кастро, изби очи во очи со голманот, но голманот на Рајо беше поуспешен. Одбиената топка дојде до Риера, кој вториов пат беше изблокиран, за потоа да дојде до Кавалеиро кој биеше одлично, меѓутоа голманот на Рајо одбрани со парада.

Во вториот дел Кавалеиро погоди пречка од слободен и тука некаде застанавме. Рајо почна да напаѓа, но без некои конкретни шанси.
Одеднаш, добија сто процентна шанса, откако Манучо доби висока топка, додека нашата одбрана спиеше. Сепак, се е лесно кога имаш добар голман на голот :D
Фабрицио одлично одбрани и не остави во игра.
Набрзо, по еден корнер, Сиднеи беше срушен во нивниот шеснаесетник за чист пенал.
Боргес шутираше одлично за 1-2.
Имавме шанси да го дотолчиме противникот. Прво по една контра Куенка изби во нивниот шеснаесетник, убаво го измрда дефанзивецот, но голманот на Рајо спаси со ногата.
Потоа Луизињо доби одлична топка, биеше од раб на шеснаесетник, но топката мина крај стативата.
На крај Сиднеи се повреди, што може да биде доста лошо за нас, само ќе видиме до кога ќе биде повреден.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.070
Поени од реакции
74.749
И пази и пази и пази ДЕПОР ГАЗИ! :oeoeoe:

ДЕПОРТИВО-Еибар 2-0!

Целосно го надигравме денешниот противник и не му дозволивме ниту еднаш посериозно да се закани кон нашиот гол.
Почнавме со огромен пресинг во кој не им препуштивме само 30% од посесијата на топката. Имавме шанса преку Боргес кој со глава биеше над пречката, а потоа и Лукас Перез одлично биеше од далеку, но гостинскиот голман со крајни напори изби во корнер.
И Кавалеиро и Риера многу се трудат во нападот, но некако на крај не можеме да го зададеме крајниот удар.
Кавалеиро работи премногу, но мора да се признае дека на моменти е себичен. Дриблингот секогаш му е прва опција :D
Хуанфран и Луизињо се двајцата поради кои мислам дека се подигна нивото на играта. Страничните бекови се буквално насекаде по теренот и практично надополнуваат што немаме класични крила во екипата.
Одбраната истотака беше ниво со Лопо и младиот Инсуа кој играше на местото на повредениот Сиднеи.
Иако напаѓавме, на полувреме се замина со 0-0.
Во второ полувреме не следеше среќата, сосема заслужено.
Почнавме одново да притискаме, Хуанран или Боргес нафрли остра топка во шеснаесетникот, настана конфузија во противничката одбрана, се судрија голманот на Еибар и еден од дефанзивците, па топката дојде до Лукас кој непречен од никого стрелаше за 1-0.
Сличен беше и вториот погодок, притискавме на 20-тина метри од нивниот гол, имаа лошо додавање до голманот, Кавалеиро ја следеше акцијата, успеа да му ја земе топката на голманот на Еибар и да ја запечати нивната судбина.
Имавме уште неколку прилики, Риера имаше опасни удари со глава кои завршија крај голот и уште еден куп одлично изработени акции во кои ни недостасуваше завршниот удар.
Ова ми се допаѓа веќе :ojeaa::oleee:
Боргес истотака одличен во средината, одлично се гради, дава добри топки, тоа е тоа што ни недостасуваше.
Ах да си ја тепавме Гранада пред две кола :sakasuste:
Но и вака е одлично, 7 бода од можни 9 во последните 3 меча, а сега може рекреативно да си отидеме на гостување во Мадрид.
Или може ќе падне и Реал? :ајнапиво:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.070
Поени од реакции
74.749
Реал-Депортиво 2-0 :D
Не ја гледав утакмицата, ама гледам дека владее огромно задоволство кај навивачите на Депор од прикажаната игра, особено што игравме без неколку играчи од дефанзивата. Ако играа Хуанфран и Сиднеи, сто посто сум сигурен дека ќе извадевме бод :D
Нека му ја мисли Селта наредно коло :D

@ElNinho честито победа, чекам аватар :D
Пиши збор-два за натпреваров од твое гледиште...
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Заслуживте барем бод. Добро игравте незнам како немате константност во играта. Тој напаѓачот Риера влегува во шанси али завршница има како Илчо Наумовски :D
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Реал-Депортиво 2-0 :D
Не ја гледав утакмицата, ама гледам дека владее огромно задоволство кај навивачите на Депор од прикажаната игра, особено што игравме без неколку играчи од дефанзивата. Ако играа Хуанфран и Сиднеи, сто посто сум сигурен дека ќе извадевме бод :D
Нека му ја мисли Селта наредно коло :D

@ElNinho честито победа, чекам аватар :D
Пиши збор-два за натпреваров од твое гледиште...
Само едно полувреме глеав, после пуштив ракомет. Ако ова ви е вториот тим, немате гајле за опстанок. Инаку додека ти спремам аватар, погледај го малку твојот актуелен како танцува:

:backa:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.895
Поени од реакции
67.549
@Colt Willcox , баш преге која ја гледавме утакмицата со татко ми, се присетувавме кога го победивте Милан на Риазор 4-0, а во првиот меч беше 4-1 за Милан, и се сетив тогаш само не сум сигурен, дали во Депортиво постои улица "Фран" која го носи името на тогашниот капитен на Депор? :) Пошто мислам дека тогаш таква информација слушнав.
Прати ми ја утакмицата ако ја имаш.
Луке тогаш пружи партија која тешко се заборава...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom