Фан Клуб: Вардар

Член од
18 јули 2009
Мислења
6.543
Поени од реакции
5.553
Ништо не одигравме денес , реално квалитет немаме , освен Мишковски кој би го издвоил супер изигра, знам дека и теренот беше лош ама сепак како за нас така и за Воска ..
Голот го дадовме од прекин , со глава ја закачи Папули или нивниот играч си даде автогол не се виде убаво од трибина, уште 100 минути да играме ке се мачиме да дадеме гол од игра ...

Ние би победиле утакмица само ако први дадеме гол , како со Работнички и Брера , даваш прв гол и се браниш лежиш трошиш време и со малце среќа ке дојдеш до бодови , и тие голови ни беа на среќа , едниот од пенал на Мицевски кога се повреди , а другиот грешка на одбранбениот играч на Брера ..

Мислев дека може да се носиме со Воска ама и они се подобри од нас , једини спас ни е да влезе некоја пара на зима и да се донесат неколку играчи за да имаме шанси за опстанок , со овој тим имаме 0 % шанси да се спасиме за жал ...
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.621
Поени од реакции
70.275
@Saber Rider коментар за денес?
Најдобриот коментар денес го даде еден дечко од трибина.
"Подобро беше кога играме во недела, тогаш еден ден ти е ебан после пораз, вака цел викенд".
Депресија, ќутиме сите накај дома. Ми се плачеше кога го примивме голот, затоа што стварно очекував позитивен резултат денес.
Но, Воска ни покажа каде ни е местото - ВТОРА ЛИГА!
Не може да бараш опстанок со два порази со директниот ривал, со 4 порази на домашен терен од 7 утакмици.
Подобро одиграа од нас, за жал и они излегоа поквалитетни, особено во нападот.

Последниве утакмици Брда е дефанзивно камен. Го измешаа за првиот гол (или претходната акција). Не блокиравме, позади на другата страна спиеја Папули и Глишиќ и Јашаровски одмазнички ни ја откина мрежата. Како само добро ќе ни дојдеше кај нас...
Дадовме брз гол на среќа, ради единственото добро нафрлување денес. По мене тоа беше класичен автогол, не знам каде виделе дека Папули го дал голот. Па и порталиве само препишуваат од резултати.ком.
Мишко е класа дефанзивец, еден дирелтен дуел не му добија. Знае кај да застане, да прекине акција, машки влегува во секој дуел иако со годините е доста бавен.
Јас не знам кој ги учел фудбал младиве дефамзивци. Како глувци бегаат од дуели, не можат ни воздушен да добијат, ни ништо.
Овој Папули среќа спаси еден гол, кога го погодика случајно во гради, го издишаа. После го акнаа и Мишко во истата акција, ама он е како ѕид.
Кои школи ги поминале, божем во Стеауа младинци играше, Мишко за него е Јап Стам. Сериозно, ко од мочка да се правени сите млади кои ги вадиме како нација во поново време.

Воска беше поопасна во прво полувреме и имавме среќа два пати да го погодат Гача и два пати Папули и Мишко да спасат чист гол.

Во второ полувреме мислев ќе притиснеме. И Лемос ме разочарува. Ќе претрча по крило, не знае што да и прави на топката. Или некое лошо нафрлување или очаен шут. Ама па друго и не знаеме да одиграме и немаме со кого. Омерагиќ отсечен, Милосавиќ не го коментирам, затоа што само цупка и мрда со рацете, лесно неутрализиран. Многу го критикивам, не знам што очекувам од 18 годишно дете. Сепак и како таков ни е поопасен од другите кои ги имаме.
Жоглев се повредил, ќе ставал крај на кариера. Лука повреден, Панта изгледа е отпишан за цела сезона.
Одиме на Дурански. Една добра поврарна одигра Лемос и батето на калливиот терен зема со техничка шутира како баба. Абе опни ја шпиц, скини ја мрежата. Во очај не фрли, ми идеше да скокнам од трибината, од лимот.
Воска даде гол од убава акција, пак на втора статива сите спиеја, откако Гача убаво скина зицер.
Замените џабе влегуваат во игра, кога ќе смениме сме уште полоши. Божем поофанзивно одиме, уствари топка не може да сврземе, само рогаме и противниците ни прават шанси од контра.
Изведувањето на корнери очајно, само лесни нафрлувања на прва статива, а освен Мишко нема кој да добие воздушен дуел.
Атмосфера топ, на крај испратени со громогласно навивање. Одиме натаму, тие се можностите...
ДЕПРЕСИЈА!
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.105
Поени од реакции
2.240
На ваков терен играчи како Лемос се тотално немоќни јас незнам како дозволуваат воопшто да се игра на вакви терени во нормални земји ова се суспендира па и фудбалот како спорт .
 
Член од
10 август 2023
Мислења
106
Поени од реакции
132

Секогаш даваш добри анализи и затоа те прозвав (y).

Ако ништо друго барем бод требаше да извадиме денес ама тоа е што е.

Ако може некако да се договори со Силекс да ни ја пуштат на 26ти би било добро за да се доближиме со бодови за 10то место.
 
Силекс нема шанси да ни пушти , тоа е еден од Македонските тимови кој уште од времето на Зинго највеќе го мрази Вардар ..

Пред две години во последниот дуел си ја договорија со Воска нерешено за Воска да влезе во бараж а Вардар да остане втора лига ...

И во Кратово кога сме иделе на гостување никогаш не не сакале , тешки сељаци ..
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
887
Поени од реакции
2.777
Нема кој да заврши акција, Лемос единствен што може да задржи и загради топка, другите само дуваат напред како у трета лига, у средина сите високи топки се изгубени, на крила ни дува промаја, нити Лемос нити србинот не се враќaат доволно да помогнат на бековите.
И според мене срамота е Мишевски со тие години секогаш да е на ниво, борбен, пожртвуван и работник на терен, молчи и работи, секоја чест.
Гачевски денеска беше добар и солиден и имаше неколку добри одбрани, после вториот гол не снема, со топка не се споивме, можеше Воска да ни даде уште два гола.
Ние кога влеговме после неколку минути дадовме гол и мислевме дека водиме, после ни кажа дека уствари е 1-1..
Иако сме на добар пат организациски самиот клуб и Комити, жал ми е кога ќе видам дека не може да ја испуниме и трибината на Борис Трајковски, од Куманово бевме 10души и тоа ме радува, но не и тоа што Скопје како град е толку обезличен.
Депресија една недела, па после ќе се надеваме пак на подобри резултати.
 
Член од
13 јули 2020
Мислења
164
Поени од реакции
376
Ова беше утакмицата што ни покажа дека со овој состав местото е во втора лига Мк.. Единствено Мишковски изигра на ниво и Гача јубилејно одличен, ова другово не вреди ни да го збориме.. Се труди Азер ама реално дечкото ни е поголем ќар со татко му надвор од теренот него на него :)
Беа подобри вошкариве и во двете со нас треба да се признае, ама па колку пари толку и музика а у ситуацијава се нула пари и ич музика :unsure:
П.С. Кога сме кај парите што бидна со ултиматумот ? не 48h него 480 поминаа а стана премногу тивко на таа тема
 
Член од
12 март 2023
Мислења
29
Поени од реакции
106
Тоа и јас го спомнав некни...што стана со најавата (заканата) за радикализација на борбата?

Ова беше утакмицата што ни покажа дека со овој состав местото е во втора лига Мк.. Единствено Мишковски изигра на ниво и Гача јубилејно одличен, ова другово не вреди ни да го збориме.. Се труди Азер ама реално дечкото ни е поголем ќар со татко му надвор од теренот него на него :)
Беа подобри вошкариве и во двете со нас треба да се признае, ама па колку пари толку и музика а у ситуацијава се нула пари и ич музика :unsure:
П.С. Кога сме кај парите што бидна со ултиматумот ? не 48h него 480 поминаа а стана премногу тивко на таа тема
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.500
Поени од реакции
22.952
so toa GO FUND ME, sto stana? 7248e se tamu... gi imame li dobieno tie pari?
 
Член од
17 јули 2021
Мислења
51
Поени од реакции
77
so toa GO FUND ME, sto stana? 7248e se tamu... gi imame li dobieno tie pari?
Треба да се наполни до 10.000 за да може да се извадат парите како што знам, ако грешам нека ме исправи некој што е поупатен во тоа.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.500
Поени од реакции
22.952
Треба да се наполни до 10.000 за да може да се извадат парите како што знам, ако грешам нека ме исправи некој што е поупатен во тоа.
toa sakam i jas da znam... dali funkcionira bash taka
 
Kajgana Shop

На врв Bottom