Интересна ќе е лигава, екипи и градови каде воопшто не сме играле или па јас не памтам дека сме играле
Има убави можности за гостувања, а очекувам и полни стадиони каде и да одиме. Се враќа и дербито што ќе даде дополнителен шмек.
Од спортски аспект, поголемиов дел не претставуваат никаква опасност и треба лесно да ги решаваме таквите натпревари, сега за сега покрај нас, во битка за висок пласман се издвојува Гостивар, веројатно ќе се обидат и Пелистер ама кај нив ми е матна целата работа, бавно одат со засилувања, а им фалат доста. Борец не сум сигурен колку ќе успее да задржи од играчите што ги имаа, дел веќе напуштија, а не верувам дека имаат сили осетно да се засилат, така да не очекувам сериозна конкуренција од нив, а слична ситуација е и кај Беласица, би требало да се во горниот дел на табелата ама не како сериозен конкурент за влез во прва лига. Воска беше дефинитивно најпроблематична, така што нејзиното отпаѓање од конкуренција многу ја олеснува работата и сега нема простор ниту за изговори ниту за кикс кај нас, нека си ја сфатат работата сериозно од старт, Силекс е убав пример минатава сезона за тоа како треба да се заврши работата во втора лига, за да имаме мирен крај без да се молиме да нема контроверзии, пуштање бодови, лошо судење и слично.