Фан Клуб: Вардар

Член од
14 декември 2021
Мислења
541
Поени од реакции
1.843
Што е работава со Ренова, се збори дека ќе се распадне скроз и дека нема да се натпреварува. Дали има шанси Вардар да го заземе нивното место или научна фантастика е тоа.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Прво го нудат на Беласица и Воска доколку се согласат и двете ќе играт бараж каде што би поминала Беласица со оглед што Воска побегна пола екипа.АКо се согласи само едната од нив тогаш дирекно влегува таа.Доколку пак не се согласат тогаш се отвара патот за Вардар.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Кога ќе се објави распоред? Веќе почнува да ме фаќа еуфорија за следна сезона.
Рано е :D
Прво да се комплетира лигата со баражот во среда за третите лиги.
Ждребка на почеток на август најрано.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Арсими и Караорман влегос во втора лига.

Следна година:

Вардар (Скопје)
Пелистер (Битола)
Борец (Велес)
Воска (Охрид)
Беласица (Струмица)
Охрид
Тетекс (Тетово)
Гостивар
Беса (Добри дол, ама домаќини во Боговиње)
Арсими (Чегране, ама домаќини во Боговиње или Гостивар)
Слога (Виница)
Караорман (Струга)
Пехчево
Кожуф (Гевгелија)
Детонит (Радовиш)
Саса (Македонска Каменица)

Верувале или не, ние сме единствена екипа од Скопје. Не чека интересна година.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Се движат кон финализација преговорите за нов стопер. Искусен играч.
Верувале или не, ние сме единствена екипа од Скопје. Не чека интересна година.
Па и прошла сезона беше иста ситуација. Освен ако Кадино не ги рачунаш:P
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Интересна ќе е лигава, екипи и градови каде воопшто не сме играле или па јас не памтам дека сме играле :D Има убави можности за гостувања, а очекувам и полни стадиони каде и да одиме. Се враќа и дербито што ќе даде дополнителен шмек.
Од спортски аспект, поголемиов дел не претставуваат никаква опасност и треба лесно да ги решаваме таквите натпревари, сега за сега покрај нас, во битка за висок пласман се издвојува Гостивар, веројатно ќе се обидат и Пелистер ама кај нив ми е матна целата работа, бавно одат со засилувања, а им фалат доста. Борец не сум сигурен колку ќе успее да задржи од играчите што ги имаа, дел веќе напуштија, а не верувам дека имаат сили осетно да се засилат, така да не очекувам сериозна конкуренција од нив, а слична ситуација е и кај Беласица, би требало да се во горниот дел на табелата ама не како сериозен конкурент за влез во прва лига. Воска беше дефинитивно најпроблематична, така што нејзиното отпаѓање од конкуренција многу ја олеснува работата и сега нема простор ниту за изговори ниту за кикс кај нас, нека си ја сфатат работата сериозно од старт, Силекс е убав пример минатава сезона за тоа како треба да се заврши работата во втора лига, за да имаме мирен крај без да се молиме да нема контроверзии, пуштање бодови, лошо судење и слично.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Не знам како стоиме со пари, ама тука се игра паметно од старт. Ги плаќаш Кожуф и Саса да играат за тебе, пошто на домашен терен кинат бодови. Захариев го презеде Тетекс и веќе нема да играат за нас, напротив.
Лошо е што влезе Арсими, тие ќе бидат она што лани беа Беса и Велешта за Воска.

Нема да биде лесно ни годинава, јас мислам дека повторно нема да влеземе. Воска пак ќе се засилува, оставете тоа дека се распаѓале, има паричка Нефи. Има 4-5 екипи со амбиции, меѓу кои ние, Пелистер и Гостивар сите ќе бидеме со добри состави.
Кај албанските екипи е лесно што нивните играат за нив, а македонскиве се финансиски утепани и лесно поткупливи. Да изгубиме бодови во Боговиње и со Воска и отиде сезоната.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Албанските екипи се мртви толку од беса и велешта исто и со ренова. Воска нема ни половина да е од прошлата сезона.

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.302
Поени од реакции
22.588
Албанските екипи се мртви толку од беса и велешта исто и со ренова. Воска нема ни половина да е од прошлата сезона.

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
ama so nas ke igra 200% da ni otikne bod za da ne zaebe.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Ееее кој ќе речеше дека Десниќ ќе заигра за Вардар. Уште го памтам како помлад газеше за Кадино во трета лига.
Лево крило, со можност да игра и десно. Ко помал беше доста брз, сега не знам.
Последниве години играше во прва лига, за екипи ко Силекс, Борец и Скопје. Не беше некој играч што се издвојува, ама добиваше солидна минутажа.
Ќе брка работа за втора лига, само да не потфрли ко Костовски.
 
И ја исто добив потврда за Десниќ, како и стоперот дека доаѓаат. Лично го неам глеано никогаш, по ова што го зборите може и ќе ни се најде, ама искрено мислам дека крила баш и не ни се преку потребни нешто. Веќе ги иаме Демир, Попзлатанов и Парталко. Знам дека од Скопје преговараа со офанзивен играч за врска, ама на истиот приоритет у моментов му било на страна да најде ангажман.
Не знам како стоиме со пари, ама тука се игра паметно од старт. Ги плаќаш Кожуф и Саса да играат за тебе, пошто на домашен терен кинат бодови. Захариев го презеде Тетекс и веќе нема да играат за нас, напротив.
Лошо е што влезе Арсими, тие ќе бидат она што лани беа Беса и Велешта за Воска.

Нема да биде лесно ни годинава, јас мислам дека повторно нема да влеземе. Воска пак ќе се засилува, оставете тоа дека се распаѓале, има паричка Нефи. Има 4-5 екипи со амбиции, меѓу кои ние, Пелистер и Гостивар сите ќе бидеме со добри состави.
Кај албанските екипи е лесно што нивните играат за нив, а македонскиве се финансиски утепани и лесно поткупливи. Да изгубиме бодови во Боговиње и со Воска и отиде сезоната.
Во лига со 16 екипи, влијанието на љунга транс екипите веруј нема да биде толку значајно како досега. Беса е прашање дали ќе игра. Ги напушти газдата, а целиот тим е распуштен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom