Се да им ебам. Откажав сто работи, за пола саат од Тафта до Маџари дојдов со точак, гумата ја дупнав таму и уште слепциве примаат гол од умрената Беса.
Беса од Добридол еееееј, што на мапа не можеш да го најдеш, живее од донации од печалбари што чистат клозети во Швицарска. Ништо не одигравме денес, а овојпат ни одбраната не беше на ниво. Без Мишковски, губиме 5 бода од Велешта и Беса, плус примаме 4 голови.
Место да го добијат противникот по вториот гол, како манекени се влечеа. Кога добија корнер во 90та, викам сигурно примаме гол. И бап...
И двата гола исто примени, Илиќ месечари, одбраната спие Овој Давид Велковски е неверојатно слаб, најслаба карика во екипата.
Без Пеев нема кој да води топка, а го немаше и суспендираниот Блажевски М. Освен Керим што знае да води топка, овие што се ко младинци и ко засилувања од прва лига, врска немаат со животот. Тој Костовски не може еден воздушен дуел да процени, детено од Пелистер што даде гол исто е изгубен германец во просторот, а ниту Гроздановски не е подобар. Никаков придонес немаат во играта. Тука би го вброил и Петров. Шиле со неколку заебани акции кога можеше да додаде и да реализираме.
Фичо даде два гола. Едниот среќно по корнер, со нога ја мавна траљаво и се истркала во гол. Втората исто од корнер, нафрлување, ги прелета сите и убава ја закуца со глава.
Имавме и уште една пречка, но од акција во која добивме корнер од кој израмнивме.
Пречка погоди и Стојковски по едно нафрлување и удар со глава, а они ќе си дадеа за малку автогол и погодија статива на 1-1.
Немавме некоја доминација, ниту пак некои шанси.
На крајот имаше малку конфликти меѓу навивачите, некои сакаат да ги пцујат фудбалерите, некои аплаудираа, па Глигоров вети дека ќе се подобрат, побара време и така ќе си тераме додека не ни избегаат 100 бода.
Силекс е завршена приказна, остана со Воска да се бркаме...