Редовно го следам форумот а и индиректно добро ги знам случувањата во Вардар посебно во младинските школи и највеќе ме изиритира интервјуто на Самсоненко. Па ситуацијата сите овие години е една обична шминка и клубот нема никаква долгорочна стратегија.
Додека клубот беше во рацете на град Скопје младинските школи речиси и не функционираа , и баш затоа генерациите на Работнички од 2002 па надоле бележат добри резултати.
Со превземањето на Самс почна некако да се подсредува и школата , и Вардар почна да заликува на клуб , иако почнаа да се вработуваат во администрација и некои партиски пиони од прошлата власт.
Некако почна да се работи со децата во школата и напоредно се повлекуваа деца и од други клубови од Скопје. Генерециите на Вардар од 2004 до 2008 се убедливо најбољи во државата и тоа пред се поради добра работа изминатите 3-4 години , се до оваа година иако имаше и доста проблеми некако се функционираше.
Но сепак на Академијата тренинзи се оддржуваа со 25-30 деца од генерација и имаше најави дека оние кои не се квалитетни (во секоја генерација има 10 тина) ќе се испратат во други клубови и на нивно место ќе се донесат деца од други клубови од Скопје.
Тоа не се случи исти некои антиталенти уште се влечат во клубот за на ФБ да се сликаат со пехари кои им ги освоиле оние другите.
Во тој период на тие деца не им се наплаќање чланарина, се до минатата година, кога на "Генијалните" Директорчиња им се сони , дека треба да формираат и школа ,надвор од академијата од истите тие генерации , кои ќе работат со тренинзи во различни групи од оние на Акедемијата , но и нив да ги тренираат истите тренери, со цел да зголемат приходот од чланарината.
Впрочем воведоа и чланарина да плаќаат и децата од Академијата (оние кои секоја година редовно се државни прваци) и тоа на исти износ како на оние од другите групи.
Па потоа смислија генијален план тие што моментално деца од Академијата кои не напредуваат ќе ги префрлат во школата за да тренерите повеќе време им посветат на талентираните. -
И тоа не се случи
Со тоа што ги доведоа тренерите во непријатна ситуација, да мора да ги ротираат сите деца на натпреваре, бидејќи нели сите од Академијата сега плаќаат чланарина, а претходно тренерите немаа таков притисок. За некои 1500 евра месечно(приход од чланарина од Академија) направија беспотребен притисок, тренерите да немаат одврзани раце. А има 300 директори кои имаат месечно приход по 2000 евра. Него ај што сите плаќаат чланарина , но редовно и на тренерите им се касне со плати.
Во меѓувреме тие директорчината појма немаат од водење на еден клуб ,а мислам дека Самс е уште повеќе е изгубен. Не се прави Академија , само направи игралиште и готово , него треба некој и да ја менаџира и раководи. Со тоа како се поставени работите , Самс нема долгорочен план да произведува играчи и да прави бенефит од нив, него сеуште е светлечки години назад од Динамо,Партизан,Звезда.
Сега најново што се случува оваа година откако го донесоа Бабунски за координатор на Академијата во клубот се носат се повеќе косовари , некое време сакаше на секои 2 месеци да ги ротирал тренерите во генерации, за да не играле децата со врски, а кај секој различен тренер секоја година 95% ид децата се истите оние кои играат. Човекот е изгубен,појма нема - Академијата нема стратегија долгорочна него се е оставено од ден на ден, а овде Самс прича некои глупости тешки , за мачкање очи.
Сега што е Бабунски и тренер на прв тим и директор на Академија и да ги следи децата -мМултиталент
Еве мене не ми е јасно каков е тој бизнисмен , кој не сака да прави бизнис. Ако е бизнисмен , зошто не ја направи Академијата на 50% од онаа на Динамо, моментално нивото на менаџирање е катастрофа. Една Академија Пандев нон стоп ги носи дечињата на турнири по Италија и склучува преддоговри , и прави профит, а овде се занимаваат со Косовари .
Немал почитички притисок
не ме јеби , ако немаш што не вработиш професионалци да ти водат Академија не партиски пултрони.
Значи како што тргнала работата , ако продолжат со вакво хаотично работење , - деца кои имаат сега по 9-14 год ќе им ги лапне некој друг ,и ќе си направи ќар на грбот на Вардар. Прошлата година за стипендија од 100 евра месечно дечиња најдобри во генерација им заминаа во Академија на ФФМ и на управата око не им трепна. А уствари ни управата нема како да ги задрже бидејќи Самс не им дава стипендии.
Исто така Младинци оваа година се втори - Шкенди ред нас
Кадети Втори - Шкенди пред нас.
Пионери Трети - Шкенди и Ѓорче пред нас
Мислам само Помлади Пионери ќе бидат Први.
Па срамота е ти да правиш играчи до 14 год, потоа најдобрите да ти бегаат , а што е најтрагично ова ќе им се случи и на овие помалите генерации.
Така да јас сум сигурен дека Самс , ќе го снема. Политички го донесоа , а сега никој не знае што ќе се случи со клубот , но најлоша варијанта е да се врати на град Скопје.
Намерно овај мој прв пост го посветив на школата , бидејќи со првиот тим сме горе-доле сите информирани. Но добро е да се знае дека оваа ситуација не е сјајна ни во школата. Клубот за жал нема долгорочна стратегија и цел проект е жалосно што никогаш нема да заживее како што се планираше.